Мет Камерон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мет Камерон
Камерон со Soundgarden во 2013
Биографски податоци
Родено имеМетју Дејвид Камерон
Познат(а) и какоФу Камерон
Тед Дамерон[1]
Роден(а)ноември 28 1962 (1962-11-28) (56 г.)
Сан Диего, САД
ЖанровиAlternative metal, гранџ, алтернативен рок, хеви метал, хардрок
Занимањамузичар, текстописец
Инструментитапани, пејач, синтисајзер, гитара
Период на активност1975–денес
ИздавачиMonkeywrench, Cruz, Sub Pop, SST, A&M, C/Z, Third Gear, Epic, Time Bomb, TVT, Megaforce, J
СоработнициSoundgarden, Pearl Jam, Skin Yard, Temple of the Dog, Tone Dogs, Hater, Wellwater Conspiracy, Queens of the Stone Age, Ten Commandos, The Smashing Pumpkins, Geddy Lee, Janet Weiss, Zach Hill, The Prodigy

Метју „Мет“ Дејвид Камерон (роден на 28 ноември 1962 во Сан Диего) — американски музичар и тапанар, член на американскиот рок-бенд Pearl Jam.

Својата кариера ја започнал членувајќи во Bam Bam и Skin Yard, но за прв пат се здобил со слава како тапанар за Soundgarden, во која се приклучил во 1986 година, и останал до 1997 година. Во 1998 година, Камерон бил поканет да учествува во турнејата на Pearl Jam. Тој наскоро станал постојан член и оттогаш останал во бендот. Во 2010 година, Soundgarden се обединил за турнеја и објавил нов албум, King Animal, на 13 ноември 2012 година.

Покрај тоа, Камерон бил член и на Temple of the Dog (заедно со соработниците на Soundgarden и Pearl Jam).

Мет Камерон бил примен во Салата на славата на рокенролот на 7 април 2017 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Declaration of Conformity". Official Wellwater Conspiracy Website.
  2. „Inductees: Pearl Jam“. Rock & Roll Hall of Fame. конс. 20 December 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]