Ten (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Ten“
Студиски албум од Pearl Jam
Издаден27 август 1991
Снимен27 март – 26 април 1991
Жанр
Траење53:20
Издавачка куќаEpic
Продуцент
Pearl Jam — Хронологија
Ten
(1991)
Vs.
(1993)
Издадени песни од Ten
  1. "Alive"
    Издадена: 1 август 1991
  2. "Even Flow"
    Издадена: 6 април 1992
  3. "Jeremy"
    Издадена: 27 септември 1992
  4. "Oceans"
    Издадена: 7 декември 1992

Ten“ — деби студиски албум на американскиот рок бенд Pearl Jam, објавен на 27 август 1991 година преку Епик Рекордс. По распуштањето на бендот Mother Love Bone, басистот Џеф Амент и Стоун Госард, заедно со вокалист Еди Ведер, гитаристот Мајк Маккери и тапанарот Дејв Крусен го формирале Pearl Jam во 1990 година. Поголемиот дел од песните започнале како инструментални, на кои Ведер додал стихови за теми како што се депресија, бездомништво и злоупотреба.

Албумот во времето кога бил издаден не постигнал поголем успех, се до крајот на 1992 година кога на листата на Билборд 200 стигнал до второто место. Албумот имал три хит синглови: „Alive“, „Even Flow“ и „Jeremy“.

Pearl Jam по излегувањето на албумот бил обвинет за „отскокнување“ од гранџот, и покрај фактот што албумот бил снимен и објавен пред Nevermind на Nirvana[2]. Во февруари 2013 година, албумот ја надминал продажбата од 10 милиони парчиња, станувајќи 22-иот што го сторил тоа во ерата на Nielsen SoundScan[3] и истиот е сертифициран од RIAA. Албумот останал најкомерцијалниот и најуспешен албум на Pearl Jam[4].

Список на песни[уреди | уреди извор]

Сите текстови на Еди Ведер; освен бонус песната „I've Got a Feeling“, од Ленон-Макартни

Бр. НасловМузика Траење
1. Once“  Стоун Госард 3:51
2. Even Flow“  Госард 4:53
3. Alive“  Госард 5:41
4. „Why Go“  Џеф Амент 3:20
5. Black“  Госард 5:43
6. Jeremy“  Амент 5:18
7. Oceans“  
  • Госард
  • Амент
  • Vedder
2:42
8. Porch“  Vedder 3:30
9. „Garden“  
  • Госард
  • Амент
4:59
10. „Deep“  
  • Госард
  • Амент
4:18
11. „Release[I]“  
9:05
Вк. траење:
53:20

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Huey, Steve. „Ten – Pearl Jam“. AllMusic. конс. February 1, 2012. 
  2. Pearlman, Nina. "Black Days". Guitar World. December 2002.
  3. Keith Caulfield. „Pearl Jam's 'Ten' Album Hits 10 Million in U.S. Sales“, Billboard, 20 февруари 2013 (посет. 20 февруари 2013 г).
  4. Paul Grein. „Week Ending Dec. 9, 2012. Albums: Swift's Birthday Present“, Yahoo! Music, 12 декември 2012 (посет. 17 декември 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]