Булевар на самракот (филм од 1950)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Театарски постер за американското издание на филмот од 1950 година

Булевар на самракот (англиски: Sunset Boulevard) - американски филм од 1950 година, во режија на Били Вајлдер, кој автор и на сценариото, заедно со Чарлс Брекет и Д. М. Маршман (засновано врз приказната на Вајлдер и Брекет). Главните улоги ги играат: Вилијам Холден, Глорија Свансон, Ерих фон Штрохајм и Ненси Олсон. Исто така, во филмот се појавуваат и бројни славни глумци од ерата на немиот филм, како: Бастер Китон, Х. Б. Ворнер и Хеда Хопер. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за сценарио, за музика и за сценографија), а бил номиниран во осум категории. Покрај тоа, филмот имал седум номинации за „Златен глобус“, а победил во четири категории, и тоа: најдобар филм, режија, главна женска улога и музика). Американскиот филмски институт го вброил филмот на списокот на 100 најдобри американски филмови во XX век, а филмските критичари го сметаат за филмска класика и за еден од најдобрите филмови на Вајлдер.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Неуспешниот холивудски сценарист Џо Гилис (го игра Холден) бега од доверителите и се засолнува во раскошната вила на поранешната ѕвезда од ерата на немиот филм, Норма Дезмонд (ја игра Свансон). Бидејќи му се потребни пари, Гилис ја прифаќа работата на нејзин соработник во пишувањето на сценариото за филмот „Салома“ со кој Дезмонд планира да се врати во светот на филмот. Набргу, тој станува љубовник на остарената и осамена глумица на која единственото друштво ѝ е нејзиниот поранешен режисер, а сегашен слуга, Макс фон Маерлинг (го игра фон Штрохајм).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]