Спејсмен 3

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Спејсмен 3
Биографски податоци
Потекло Рагби, Ворикшир, Англија
Жанрови алтернативен рок, неопсиходелија
Период на активност 1982–91
Издавачи Glass, Fire, Dedicated, Bomp!
Поранешни членови
Питер Кембер
Џејсон Пирс
Тим Морис
Пит Бејн
Николас Брукер
Стјуард Роко Росвел
Вил Карутерс
Џони Меток
Марк Рефо
Кејт Радли

Спејсмен 3 — (англиски: Spacemen 3) — англиски алтернативен рок бенд, основан во 1982 во Рагби во Ворикшир од страна на Питер Кембер и Џејсон Пирс. Нивната музика е "извонредно неверојатна, но не во смисла на асид-рокот од 60-тите, туку бендот развил своја сопствена психоделија".(Стивен Ерлвајн, Олмјузик). Спејсмен 3 се појавиле на независната музичка сцена во 1989 година и добиле култна слава. Меѓутоа, тие се распаднале брзо време потоа, го издале последниот пост-сплит студиски албум во 1991 и огорчено заминале на различни страни. Тие се здобиле со репутација на "наркомански бенд" поради навиките на членовите да користат дрога, отворените интервјуа и искрените гледишта на Кембер за рекреативно користење на дрогата. Кембер и Пирс биле единствените членови во постојаниот состав на бендот. Тие исто така доживеале успех со нивните последователни проекти, Соник Бум/Спектрум и Спиритуалајзд.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање и рани години (1982-85)[уреди | уреди извор]

Низ историјата на Спејсмен 3, творечката и стихо-пишувачка сила биле Питер Кембер и Џејсон Пирс. Тие се запознале и станале блиски пријатели на 16-годишна возраст на (веќе непостоечкиот) Арт Рагби Колеџ на Лоуер Хилмортон Роуд, Рагби есента во 1982 година. Пирс бил дел од групата Индијан Скалп, но го напуштил кон крајот на 1982 година за да соработува со Кембер. Двајцата гитаристи го регрутирале тапанарот Тим Морис, кој свирел со други групи, а пробите ги држеле во неговиот дом. Набрзо тие го запознале басистот Питер Бејн. Морис и Бејн претходно имале свирено во групата Нојз он Индепендент Стрит. Пирс бил вокалистот. Сега во четири-член состав, групата оригинално го усвоила името Спејсмен. Нивните први настапи во живо се случиле зимата 1982/83, каде свиреле на забава и на неколку тезги во локалниот бар. Подоцна нивниот сет вбројувал 20-минутна верзија на едносозвучната песна "O.D. Catastrophe"..[1][2][3][4]

Есента 1983 година, Пирс кој го завршил курсот на Рагби Арт Колеџ, започнал да студира на уметничка школа во Медстон, Кент. Тоа ги стимулирало Бејн и Морис да ја напуштат групата и да се приклучат во нова локална група Д'Пуш, на чело со Гавин Висен. Кембер и Пирс го регрутирале тапанарот Николас "Нати" Брукер. Тие продолжиле без басист, а Пирс од време на време се враќал во Рагби на проби. На почетокот на 1984 година тие настапиле на неколку локални настани. Бидејќи биле трио го смениле името во Спејсмен 3. [5][1][3][4] Кембер изјавил:


Бројот "3" го доби своето место по грешка. Направивме постер за Д'Спејсмен, под чие име постоевме некое време. Но она кое го мразев беше "Д" Спејсмен, звучеше како рок-енд-рол група од 50-тите. Сето тоа е во ред, но ние не сакавме да звучиме како тие сурф групи. Затоа подоцна го вметнавме бројот 3. Тоа се случи кога направивме постер со големо три кој гласеше "Дали вашите соништа навечер се трипати поголеми"? и тоа профункционира како лого, едноставно си го најде своето место. Тоа беше навистина како трето око.[1]

Освен тоа што свиреле на помалку од десет тезги, Спејсмен 3 решиле да издадат демо плоча. Во 1984 година тие ги направиле првите студиски снимки во домашното студио на Дејв Шериф во Рагби. Овој материјал кој ги вклучувал раните повторувања на песните "Walkin’ with Jesus", "Come Down Easy" and "Thing'll Never be the Same" се употребил за кратко демо издание насловено For All The Fucked Up Children Of The World We Give You Spacemen 3. Тие направиле неколку стотини копии од касетите за кои сами ги изработиле цртежите и брошурата и ги продавале за 1 долар во локалната музичка продавница.[3] Во тој период музиката на Спејсмен 3 имала слободен, нејасен звук на блуз; некои од песните биле изведени со хармоника и слајд гитара, а нивниот стил наликувал на оној на Д'Крампс.[6] Овие рани демо снимки кои подоцна Кембер ги нарекувал 'навистина ужасни',[1] ќе бидат неофицијално издадени во 1995 за Симпати фор Д Рекорд Индустри, со што бил овозможен приказ во зачетниот звук на групата.[1][4][7]

Околу 1984 и 1985, Спејсмен 3 правеле свирки секои два или три месеци во локалниот Рагби/Нортемптон/Ковентри округ, а почесто се собирале во Нортемптон во кафичот Д' Блек Лајон. Нивните свирки имале елемент на 'анти-перформанс': Кембер и Пирс ги свиреле своите гитари седејќи и речиси не ја погледнувале публиката. Тие ја осветлувале сцената со стара, евтина, трепкачка диско лајт-шоу опрема која овозможувала психоделично опуштање.[8][9][1][3][4] Кембер:

Дадовме се од себе за да ја контролираме публиката. Ние намерно, вистински доброволно се уверивме дека го лишуваме од глас секој кој случајно упаднал на наша свирка. Сакавме да бидеме апсолутно сигурни, дека сите тие луѓе кои беа таму, всушност дошле затоа што го разбираат она што го правиме.[10]

До летото 1985, Спејсмен 3 биле ѕвезди во Д'Блек Лајон и станувале едни од најголемите локални имиња. Во тој период тие почнале да организираат вечери во еден клуб заедно со друга локална група 'Д'Когс Оф Тим' на Гавин Висен. Тие вечери биле именувани 'The Reverberation Club’ (Клуб на Ехото), а се одржувале во кафичот Блиц во Рагби секој четврток. Свирела музика од панкерските издавачки куки од 50-тите, 60-тите и 70-тите години и наскоро тоа им овозможило жив настап на Спејсмен 3 и други локални групи.[11][1][3][4][12] На еден од нивните настапи во Блек Лајон во 1985 година, тие го привлекле вниманието на Пет Фиш, фронтмен на бендот Д'Џез Бучер; тој сметал дека Спејсмен 3 се 'неверојатни' и 'на ништо слични'.[13][3][4]

Ерата на Sound of Confusion(1986)[уреди | уреди извор]

'Нортемптонски демоа'[уреди | уреди извор]

Во Ноември 1985, Спејсмен 3 свиреле во центар за одмор и рекреација во Ковентри за публика со помалку од 10 луѓе.[14] Без разлика на тоа, со поддршка на Пeт Фиш, тие одлучиле дека треба да снимат нова демо лента. Дотогаш тие веќе го имале осмислено и извајано својот музички стил и нивниот репертоар се состоел од понови и стари обработени песни. Звукот на бендот се кристализирал во интензивна, хипнотизирачка, преполнета психоделија која била карактеристична за нивниот ран музички производ, а која ќе служи како образец за нивните настапи во живо.

По иницијатива на Пирс, Пит Бејн повторно се приклучил да свири на бас во групата со цел да го пополни нивиот звук. И покрај тоа што повторно биле четворица, тие го задржале името Спејсмен 3.[15] Кембер и Пирс одлучиле да ја надоградат својата гитарска опрема за снимање на нивите демоа. Кембер купил Брнс Џез електрична гитара и Вокс Конкверор засилувач од 1960 година, додека Пирс набавил Фендер Телекастер и HH засилувач од 1970 година. Двата нови засилувачи биле наменети за дисторзија/фаз и тремполо; овие два ефекти биле клучните компоненти на оригиналниот звук на Спејсмен 3. [16][3][4]

Во јануари 1986, Спејсмен 3 се нашле во домашното студио на Карло Мароко во Пидингтон, надвор од Нортемптон, за да ја снимат новата демо лента. Тие поминале три и половина денови во шестнаесет-каналното студио. Тие снимале во живо како група, со минимални преснимувања, и успеале да снимат демо за околу 7 песни. Кембер и Пирс биле задолжени за продукцијата. Оваа фина збирка на перформанси "fine set of performances" (Нед Рагет, Олмјузик)[17] подоцна ќе биде издадена како винил албумот Taking Drugs to Make Music to Take Drugs To за издавачката Фадр Јод во 1990. (иако погрешн го нарекле како ”rehearsals in Rugby”).[3][4]

Спејсмен 3 успеале да направат договор со издавачка куќа кратко по издавањето на нивните први демоа. Пет Фиш (oд Д'Џез Бучер) му дал демо на сопственикот на независната издавачка куќа Глас Рекордс - Дејв Баркер кој веќе имал потпишано договор со нив. Во почетокот на 1986 Спејсмен 3 потпишале тригодишен договор за два албуми со Глас Рекордс.

Деби албум[уреди | уреди извор]

Спејсмен 3 го снимиле својот прв албум, Sound of Confusion, во студиото на Боб Ламб во областа Кингс Хит во Бирмингем. Дотогаш тие веќе почнале да пишуваат 'понежни' песни, но решиле дека албумот треба да се состои исклучиво од 'потежок', стар материјал. Со буџет за снимање од помалку од 1000 долари тие го завршиле албумот за 5 дена, од кои последните два дена биле посветени на миксање. Обидите за снимање на песната "Walkin’ with Jesus (Sound of Confusion)" биле неуспешни и не дошле до реализација.[18][4][19]

Првичната намерата била Пет Фиш да го продуцира албумот, но поради обврски за време на турнејата со неговиот бенд Д Џез Бучер, албумот го продуцирал Боб Ламб. Меѓутоа, Ламб не им дозволувал на Кембер и Пирс да се приближат до одделот за продукција. Кембер подоцна открива дека Ламб немал никаков афинитет за нивниот тип на музика и бил прилично доминантен. Кембер и Пирс биле незадоволни од продукцијата на албумот и сметале дека тоа е резултат на несолидарната продукција на Ламб; тие подоцна изјавиле дека се понаклонети кон нивните верзии на демо снимките од Нортемптон.[20][4][19]

Албумот Sound of Confusion е составен од 7 песни со тежок психоделичен стил и е под силно влијание на Д Стуџис. Тоа беше "полно, дисторзно, дронерско, немилосрдно гитарско разбивање (Нед Реџет, Oлмјузик).[21] Рецензијата на НМЕ од 1990 го опиша албумот: "Toa e лоу-фај, воглавно андерграунд ствар, звукот на бендот кои си ги бара стапалата... Албумот не успева во целост да ја сведе критичната маса на трансцедентоност на нејзините корени во најраниот гаражен панк од 60-тите...Втората страна е донекаде еден долг трибјут на Д'Стуџис...Sound of Confusion веројатно беше откровение за малкуте кои го слушнаа во тоа време."[22]

Sound of Confusion бил издаден во јули 1986. Фотографите од групата осветлена од нивната лајт-шоу опрема се нашле на корицата на ЦД-то. Албумот не наишол на успех и не оставил голем впечаток. Недостатокот од парични средства на Глас Рекордс бил причина за лошиот публицитет.[23][4]

Во текот на 1986, Спејсмен 3 имале живи настапи секоја недела. Тоа продолжило да се случува на локални настани, со исклучок на свирката во Честерфилд, Бирмингем и во август, нивното прво појавување во Лондон. Свирката подоцна им ја донела првата рецензија во НМЕ и Саундс.[24]

Спејсмен 3 се практичари во убавата уметност на репетитивност; тие инстинктивно се повикуваат на лекциите од нивните прататковци и надодаваат на атмосфера, расположение и свои звучни бекбитови...се задржуваат на едно созвучје и ја истиснуваат секоја последна пермутација од него, пред мирно да продолжат до следниот.

НМЕ[25]

Во продолжение на нивниот прв албум, Спејсмен 3 го снимиле својот прв сингл: "Walkin' with Jesus". Тој бил снимен во студдиото на Карло Мароко надвор од Нортемптон. За насловната песна тие одново ја миксале верзијата од демо снимката. За Б-страната тие ја направиле "Feel So Good", понова композиција и одново ја снимиле 17-минутната "Rollercoaster" (преработка на 13th Floor Elevators). Синглот бил прва снимка која Питер Кембер и Џејсон Пирс ја продуцирале; дуото понатаму ја презело понатамошната продукција. Синглот "Walkin' with Jesus" бил издаден во ноември 1986. Добил достојна рецензија од НМЕ и Саундс и се искачил на 46-тата позиција на инди листите на Саундс.[26][4]

Во 1986 гитаристот Питер Кембер почнал да го користи со својот долгогодишен алијас Соник Бум. Претходно ги употребувал псевдонимите Мејнлајнер и Питер Ган. Басистот Пит Бејн исто така го усвоил својот алијас 'Бејсмен' или 'Пит Бејсмен'.[27]

Кон крајот на 1986 година однесувањето на тапанарот на Спејсмен 3, Нати Бrукер, станало ексцентрично и бизарно. Неговото одбивање да носи чевли, дури кога свири тапани довело до караница и Брукер го напуштил бендот. Подоцна Стјуард Роко Росвел, пријател на Пирс и Брукер бил најмен како замена. Иако Росвел бил привремена замена, тој останал во бендот повеќе од една година.[28][4]

Ерата на The Perfect Prescription[уреди | уреди извор]

1987[уреди | уреди извор]

Во јануари 1987 Спејсмен 3 почнале да работат на новиот албум The Perfect Prescription. Албумот бил снимен во ВХФ Студиос на Пол Аткинс, во близина на Рагби. Аудио-инженерот Грахам Вокер, со кој претходно работле на првата демо снимка им го препорачал студиото ВХФ. Првата збирка на демо снимки за новиот албум кој ја направиле во студиото ВХФ била именувана ‘Out Of It Sessions’. Достапна само како бутлег, оваа снимка ја покажала промената во музичкиот стил на Спејсмен 3 кој се појави околу зимата 1986/87.[29][4]

Поради потребата од обнова на осум-каналната опрема на ВХС студиото, бил скучен договор кој им овозможувал на Спејсмен 3 да поминуваат доста време во студиото, во замена на нивно финансирање на опремата за снимање и миксање, по цена од три илјади фунти. Спејсмен 3 поминале повеќе од 8 месеци во студиото. Значајно е да се напомене дека ова им овозможло многу време за експериментирање, развивање и рафинирање на нивниот звук и материјал во студиската атмосфера, со асистенција на Грахам Вокер.[30][4] In the album liner notes Во паралелните ноти на The Perfect Prescription, односно реизданието Forged Prescriptions Кембер се присетува:

Тоа се Спејсмен 3 во цут, во средина на летото пред семињата да бидат насеани, токму на местото каде што добро работевме заедно и меѓусебно се надополнувавме. Јас сеуште имам јасни сеќавања од деновите кога заспивавме од слушање на ништо друго освен една песна одново и одново ... Имавме поставено душеци во просториите за одмор во студиото, чии калеидоскопски светла го покриваа во текот на снимањето... Потрошивме неколку месеци на снимање и преработка на овие песни се додека не почувствувавме дека тие се завршени, додека полека дознававме повеќе за студиото и неговите техники како што напредувавме.[31]

Додека се работело на албумот, "Transparent Radiation" била снимена и издадена како сингл во јули 1987. "Transparent Radiation" била наградена за сингл на неделата од страна на Саундс. Б-страната ја вклучувала и "Ecstasy Symphony", нова експериментална песна со повеќе-канален оргулски дрон звук надополнет со различни ефекти. (ова е навестување за подоцнежната работа на Питер Кембер и неговото интересирање за аналогни синтизајзери).

The Perfect Prescription бил завршен и издаден во септември 1987. Кембер го опишал како 'концентуален албум за нашите добри и лоши искуства со дрога'.[1] Албумот го продуцирале Кембер и Пирс и се согласиле да ги ограничат гитарските преснимувања со цел да можат полесно да ги изведуваат песните во живо. The Perfect Prescription привлекол малку внимание од страна на критичарите во В.Британја, а подобро бил прифатен во САД. Сепак, албумот го претставува 'зенитот на соработката'(Ерик Морс) помеѓу Кембер и Пирс и е 'практично еден best-of во поглед на се освен неговото име'(Нед Рагет).[32]

The Perfect Prescription "одбележа сериозен уметнички развој навлегувајќи подлабоко во госпел, амбиентална и духовна музика и носејќи ведрина и длабочина во нивната вонпросторна гаражна психоделија"(Стивен Ерлвајн,Олмјузик). И покрај тоа што го задржале истиот минималистички пристап, звукот на Спејсмен 3 станал полабав и мек. Забележителни се дополнителни текстури и сложеност ,проследени со преснимувања и дополнителни инструменти, со значајниот вовед на оргулите Фарфиса од ВХС студиото. Палетата од инструменти исто така била проширена со акустична гитара, виолина (локалниот музичар Џон Овен), саксофон и труба (членовите на Џез Батчер) кои можат да се слушнат на некои песни. На голем дел од албумот биле изоставени тапани а Кембер за прв пат се појавил како водечки вокал.

Во 1987 Спејсмен 3 настапиле во живо на околу 20 свирки, меѓу кои неколку во Холандија и Белгија во март, а во Лондон, Шефилд и Лидс подоцна истата година.

1988[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу јануари и февруари 1988 година,Спејсмен 3 заминале на шест-неделна турнеја низ Европа која ги опфатила Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија и Белгија. Со речиси триесет отсвирени концерти, турнејата била исполнета со тензии и незадоволство помеѓу членовите на групата. Откако се вратиле во Англија, тапанарот Стјуарт Росвел ја напуштил групата.

Односот помеѓу Питер Кембер и Џејсон Пирс почнал да се нарушува како резултат на романтичната врска на Пирс со Кејт Рaдли која ја започнале летото 1987. Кембер бил незадоволен од тоа колку време неговиот партнер-текстописец поминувал со неа на свој трошок.

За време на британиската турнеја во пролетта 1988, групата користела тапанари на замена кои го пополнувале празното место за време на настапите во живо. Заминувањето на Росвел било проследено со она на Пит Бејн на крајот на мај. Басист на замена бил веднаш именуван: Вил Карутерс, пријател на групата кој од неодамна свирел во друга група од Рагби ", Д Когз оф Тим"

Во јули 1988 година бил издаден третиот сингл од The Perfect Prescription, "Take Me to the Other Side". Синглот добил добри критики во весниците и бил сингл на неделата според НМЕ.

Спејсмен 3 сакале да го прекинат договорот со Глас Рекордс кои биле во финансиска криза и им должeле авторски права. Иако тие ги издале потребните два албума, имало уште една година до истекот на нивниот договор. Нов договор бил склучен, каде во замена за албум во живо, нивниот договор би бил раскинат и би им било дозволено да си заминат. Соодветно на тоа, албумот Performance бил издаден во јули 1988 година. Овој албум со седум песни во живо бил снимен на нивната свирка на 6 февруари 1988 година во Мелквег, Амстердам. (Три неиздадени песни од претходно не се нашле на албумот.)

По нивното заминување од Глас Рекордс, Спејсмен 3 останале без договор. Единствената понуда што ја добиле била од истакнатата независна издавачка куќа Криејшн Рекордс. Но, сопственикот Алан Мекги, нивен голем фан бил во состојба да им понуди договор само за еден албум, за кој не се дава никаков аванс. Договорот не се остварил.[33][34]

Под овие околности Кембер и Пирс се одлучиле да потпишат договор со Џералд Палмер, нортемптонски бизнисмен и концертен промотор кој веќе де факто ја имал улогата на менаџер на Спејсмен 3. Ова трипартитното бизнис партнерство ги имало следните услови: Палмер ќе ги поседува мастер снимките од сите понатамошни снимања, нивната лиценца за продажба на издавачки куќи; трошоците за турнеи, снимања и слично ќе бидат финансирани од страна на Палмер кој ќе им даде по 1000 фунти на Пирс и Кембер, и за возврат сите добивки ќе бидат поделени 50:50: 50% за Палмер, и 50% за членовите на групата. Битно е да се напомене дека овој договор бил само со Кембер и Пирс, што во суштина значело дека правниот и финансискиот ентитет на Спејмен 3 го сочинуваат тие двајца и Палмер. Последователно на тоа, Палмер станал менаџер на Спејсмен 3.

Eрата на Playing With Fire[уреди | уреди извор]

1988[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1987 Питер Кембер купил една необична електрична гитара: Вокс Старстрим произведена во доцните 1960-ти. Гитарата содржела неколку вградени ефекти, вклучувајќи фуз дисторзија и репетитори.[35] Неговата следна гитара била уникатен тремоло тип со дилеј ефекти која Кембер во голема мера ја користел на наредните настапи на Спејсмен 3. Една од неговите први композиции каде што го користи овој ефект е истоимената "Repeater" (a.k.a. "How Does It Feel?"). "Repeater" и две нови други нови песни "Revolution" и "Suicide", кои исто така ги компонирал Кембер, за прв пат биле изведени на Европската турнеја на почетокот на 1988. Сите три песни ќе бидат дел од наредниот студиски албум, ''Playing With Fire''. Пролетта 1988 Кембер користел 4-канален снимач на звук за да ги развива своите идеи во неколку песни за следниот албум.[36]

Снимањето на третиот студиски албум на Спејсмен 3, Playing With Fire започнало во јуни 1988 година. Нивниот нов менаџер, Гералд Палмер го резервирал АПК Студио во Корнвол за период од еден месец. Иако овие сесии не биле особено продуктивни, сепак, тие го напуштиле студиото една недела порано. АПК студиото имало само 8-канална опрема и некои од снимките на Спејсмен 3 случајно ги избришал студискиот инжињер на звук. За снимањето на Кемберовата "Honey" и "Lord Can You Hear Me?" на Пирс биле употребени груби демо снимки. Во тој момент тие сеуште немале тапанар.

Новиот басист Вил Карутерс за прв пат настапил во живо со Спејсмен 3 на Лондон Дингвалс на 20 јуни на заеднички концерт со Мај Блади Валентајн. По концертот се случила расправија помеѓу Кембер, Пирс и неговата девојка Кејт Радли. Бидејќи бил уморен од постојаното присуство на Радли околу групата за време на снимањето, турнејата и позади сцената за време на свирките, Кембер поставил правило за 'забрана на девојки во автобусот' и ја спречил Редли да се качи во автобусот, оставајќи ја сама со Пирс да го најде својот пат до дома.[37]

Кога Спејсмен 3 се вратиле во ВХФ студиото надвор од Рагби каде што го снимиле The Perfect Prescription, одново започнало снимањето на Playing With Fire. Во тој период, Питер Кембер и Џејсон Пирс компонирале нови песни, независни еден од друг. Нивниот личен и деловен однос почнал да се распаѓа. Романсата на Пирс со Редли влијаела врз времето и придонесот што го давал за групата. Од песните што се албумот, шест биле на Кембер, додека само три биле на Пирс. Процесот на снимање на овој албум бил поразличен од другите, одделни делови од песните биле снимени посебно, што значи дека членовите на бендот не морале истовремено да бидат присутни во студиото.

На 19 август Спејсмен 3 извеле необичен настап во живо. Палмер договорил да настапуваат на "Вечер на современата ситар музика" како вовед пред проекцијата на филмот Небото над Берлин, во фоајето на арт центарот на Ватерман во Брентфорд. Кембер, Пирс и Карутерс настапиле со Стив Иванс, музичар со потекло од Рагби. Тие одсвириле 45-минутен џем сешн чија основа бил отсвирено созвучје на Еванс, во склоп со рифови од песните од нивниот сеуште неиздаден албум, Playing With Fire. Овој настап во живо бил снимен и подоцна издаден под името Dreamweapon во 1990 година.

Покрај првичните планови за соработка со тапанари од Ведр Пропитс и Ди Хипнотикс за време на снимањето на Playing With Fire, на крајот од август го задржале Џони Меток за постојан тапанар. Но и покрај тоа, тој не учестувал во албумот бидејќи за сите песни била употребена удирачка машина. Маток предходно свирел за нортемптонската група 'Ејпл Криејшн', се придружи на групата по препорака на идниот гитарист на Спејсмен 3, Марк Рефо. Маток го извел својот дебитантски настап на 24 август на свирка во Риверсајд, во Хамерсмит, Лондон на првиот албум на Спејсмен 3. Маток заедно со Карутерс го сочинувал одделот за ритам кој останал непроменет до распаѓањето на Спејсмен 3.

Летото 1988, Спејсмен 3 успеале да потпишат договор со независната издавачка куќа Фајр Рекордс. Кембер и Пирс се расправале околу изборот на песна за нивниот прв сингл што ќе биде издаден за Фајр, за на крајот да се согласат за "Revolution". На свирката на 15 ноември 1988 каде биле најавени како Соник Бум и Џејсон од Спејсмен 3, настапиле само Кембер и Карутерс, а Пирс го поминувал целото време со Кејт Радли со која сега веќе живеел.

Синглот "Revolution" бил издаден во ноември 1988. 'Налик на химна, насловната песна е моќно вознесувачко чкрипење' .... (Нед Рагет)"Revolution е звукокршачка песна која ги издигна од целосен мрак на пиедестал на култни инди рок богови за младите (Џек Бајрон, НМЕ). Синглот се искачил во дотогаш највисока позиција во топ 10 инди листите и им помогнал да се најдат на гласачка листа каде радио слушателите бирале групи за Фестив Фифти, шоу на Џон Пил кое се одржувало на крајот од годината. Како сингл на неделата според Мелоди Мејкер, бил одлично прифатен од музичкиот печат чиј генерален став за бендот се променил од овој момент:


["Revolution"] е едно од најдобрите изданија од независните бендови оваа година. За да ги опишеш, придавките кои прво доаѓаат на ум се непопустливи, исцрпувачки, психоделични. Острите рифови ве водат во едно музичко подземје на отуѓеност, пустош и сурова моќ ... Оваа група е една од најинтересните во овој период."

— Рон Ром, НМЕ [38]

Спејсмен 3 "станаа инди феноменот на доцната 1988-ма"(Ерик Морс).[39] Застапеноста во медиумите им се зголемила, а Мелоди Мејкер во изданието од 19 ноември 1988 ја објавиле првата статија за нив. Питер Кембер бил единствениот претставник од групата кој давал бројни интервуја кои предизвикале заинтересираност кај новинарите поради контраверзиите околу неговата отвореност да говори за неговите навики да користи наркотици и неговите искрени гледишта на рекреативното употреба на истите. Во една прилика Кембер го поканил новинарот да му се придружи до аптеката каде што требало да ја подигне својата метадонска терапија. Музичките медиуми главно некоректно го опишувале Кембер како фронтмен на Спејсмен 3, макар што тој не помогнал во ваквото карактеризирање: во горнонаведената рецензија на Мелоди Мејкер Кембер изјавил: "Овој бенд е моја креација и сите други целосно се во тој филм"[40][41][1][42][43][43][44][45][46][47][48][49]


Завршувањето на албумот Playing With Fire било спречено поради одложување на снимањето и спорот околу авторските права на песните. На состанокот во студиото на Фајр Рекордс, Кембер понудил неговото име да стои позади шест од девет песни што ќе се најдат на албумот, но Пирс не се сложил со тоа бидејќи тој ги отсвирил гитарските делови на три песни на Кембер. Расправата околу овој спор прераснала во тепачка каде Кембер го удрил Пирс и ситуацијата станала безизлезна. Пирс се заканил дека ќе ги повлече своите песни од албумот ако барањата не му бидат задоволени. Менаџерот Џералд Палмер играл улога на посредник во караницата и за време на четиричасовниот состанок проследен со жестоки аргументи и обвинување помеѓу двајцата, Палмер на крајот постигнал компромис со Кембер, кој резултирал со заеднички авторски права 'Suicide'.[50]

Соло проектот Соник Бум[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1988 Питер Кембер веќе работел на нов материјал, за кој ги известил своите колеги од групата дека има намера да го издаде како соло проект. Тој ја прифатил понудата од новата инди издавачка куќа Силвертон Рекордс и во март 1989 пред почетокот на новата европска турнеја на Спејсмен 3, го завршил неговиот прв соло албум. Во овој проект учествувале и другите членови на Спејсмен, вклучувајќи го и Пирс, а издавањето на албумот (Spectrum) под псведонимот на Кембер – Соник Бум се одложило за да се избегне маркетиншки судир со Playing With Fire.[51][52]


1989 Турнеја и издавање на албумот Playing With Fire[уреди | уреди извор]

1989[уреди | уреди извор]

Спејсмен 3 со нетрпение го чекале издавањето на Playing With Fire кој конечно било остварено на 27 фебруари 1989. Предната страна на албумот била испишана со слоганот "Purity, Love, Suicide, Accuracy, Revolution" (Невиност, Љубов, Самоубиство, Прецизност, Револуција). Playing With Fire е првиот албум кој се пробил и се искачил на инди листите за албум на годината. Неколку недели по издавањето бил на прво место на листите на НМЕ и Мелоди Мејкер. Овој нивен албум 'бил досега најдобро прифатен од критичарите и со најголем комерцијален успех'( Стивен Ерлвајн,Олмјузик0. Реценизиите беа мошне позитивни и албумот заработи широк прием од критиката.[53] Reviews were extremely positive and the album garnered wide critical acclaim:[54]

Тоа е интересен, храбар, интригантен албум кој е комплетно различен од нештата што би го слушнале на било кое друго место. Не само како нешто ново, туку повеќе го гледам ако еден мал триумф 8½/10.

Рецензија за Playing With Fire - Дени Кели, НМЕ[55]


Playing With Fire е еден необичен албум, тоа е последното нешто што го очекувавме. Спејсмен 3 земаа храбар чекор со тоа што ни го дадоа овој воспевачки холограм, наместо да се занесат во својот рокенрол. Тие ги надминаа гитарите. Нивните претходни албуми се супер. Но овој е вртлог од вакуум, илузија, халуциногена хипноза и како таков е доброволно попустлив, дрско грандиозен... Тоа е вистински удар. Рецензија за Playing With Fire - Крис Робертс, Мелоди Мејкер[56]

Спејсмен 3 ги исфрлија бесцелните замки а се отворија кон обоеност, простор, сензуалност и го пронајдоа последниот збор во англиската психоделија.Рецензија за Playing With Fire - Дејвид Кавана, Саундс[57]

Со исклучок на "Revolution" и "Suicide", останатите песни се помелодични и смирени од предходните песни на Спејсмен 3 и го продолжија она што го започнаа да го развиваат во предходниот албум. Playing With Fire открива една друга страна на Спејсмен 3 - побавна, меланхолична, блескаво рафинирана поп група Рон Ром, ''Саундс''. Групата создаде матни, ликвидни песни со суптилни аранжмани и чисто откровение на радоста на аурата...Playing With Fire е гозба на музиката Нед Рагет, ''Олмјузик''

Албумот Playing With Fire бил дистрибуиран во САД на Бамб! Рекордс, издавачката куќа на Грег Шо, кој платил 10 000 фунти за авторските права. Спејсмен 3 биле популарни во Америка и на почетокот на септември 1989 била планирана турнеја на тие простори. Грег Шо ја организирал турнејата и датумите биле потврдени во август.

На почетокот на британската турнеја Кејт Радли повторно патувала во комбето за турнеи, со што предизвикувала тензија помеѓу Пирс и Кембер.По неколку свирки Кембер му кажал на Пирс дека тоа не може да продолжи. За останатите датуми во Британија Пирс и Радли, кои тогаш веќе живееле заедно во нивниот стан, самите си го организирале превозот.

Британската турнеја во брзо време била проследена од мошне напорна четиринеделна турнеја во континентална Европа од април во мај 1989. Меѓу нив се нашле 22 концерти низ Холандија, Франција, Белгија, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Австрија и Италија (Радли не била присутна на турнејата). За цел на настапите во живо, Спејсмен 3 ги отсвиреле нивните помоќни и потешки (главно постари) песни, вклучувајќи мал дел од Playing With Fire, но сепак чудните мелодични песни се свиреле од време на време. Концертот обично завршувал со песната 'Suicide', што понекогаш траела 45 минути.[58][59]

Распаѓање, последен албум и основање на Спиритуалајзд (1989-91)[уреди | уреди извор]

1989[уреди | уреди извор]

На почетокот на 1989 Спејсмен 3 биле една од “најпоуларните инди групи во Англија"и го привлекле вниманието на проминентни Британски издавачки куќи. Меѓутоа, и покрај нивниот успех во зимата 1988-89, за помалку од една година нивните шанси биле доста поинакви. Личните и работните односи меѓу Питер Кембер и Џејсон Пирс, кои сеуште биле главни членови на групата, целосно се дезинтегрирале, што довело до распаѓање на Спејсмен 3.

Спејсмен 3 ја искористиле кратката пауза меѓу Британските и Европските турнеи пролетта 1989 како можност за снимање на нов сингл. Две песни биле снимени во ВХС студиото: "Hypnotized", нова песна на Џејсон Пирс кој неодомна добил сопствен четворолентен рекордер, и “Just to see you smile“, песна на Кембер. Тие поминале целодневна сесија на меѓусебните песни, иако придонесот на Кембер за “Hypnotized“ не бил искористен. Препознавајќи го трепетот на ефектот multi-tap reverb во песната "Hypnotized", Кембер го обвинил Пирс за копирање на неговите звуци во песните "Honey" и "Let Me Down Gently" од албумот Playing With Fire.[60]

Во периодот помеѓу април и мај 1989 година додека Спејсмен 3 биле на на турнеја низ Европа, менаџерот Џерард Палмер подготвувал нов сингл за издавање. Без претходно да се консултира со Кембер или Пирс, тој ги мастеризирал песните, го изработил дизајнот за омотот и ја одбрал песната “Hypnotized“ за А-страна. И покрај тоа што Кембер бил бесен кога открил што се случило, Палмер одбил да го одложи издавањето на синглот,што довело до трајно нарушување на односите меѓу Кембер и Палмер.[61]

Односите помеѓу Кембер и Пирс биле тензични кога се вратиле од Европската турнеа во мај 1989. Во јуни Спејсмен 3 отсвириле 10 концерти во Британија. Првично Пирс самиот се погрижил за патните трошоци, но кога почнал да го користи комбето за турнеја настапила лоша атмосфера помеѓу Кембер и Пирс.

Во јули 1989 синглот бил издаден и веднаш зазел место во топ 10 инди листите на НМЕ и Мелоди Мејкер. "Hypnotized" бил сингл на неделата, а по две недели достигнал и прво место во Мелоди Мејкер и второ во НМЕ листите (веднаш доД Стон Розис' "She Bangs The Drums"). На крајот на годината синглот се нашол и на 33-тото место на листата на Џон Пил.

Летото 1989 гитаристот Марк Рефо бил ангажиран да свири на следните нивни настапи и да работи на следниот албум. Тој бил долго време пријател и фан на групата, а и доста придонел за соло албумот на Кембер. Исто така, бил гитарист во инди группата 'Д Тел ејлл Хартс' кој се распаднале во 1987 година. Неговиот прв настап во живо со Спејсмен 3 се случил на 20 Јули во Рагби.

На 23 јули свиреле во Д таун енд Каунтри клаб, во Лондон и тоа била нивната најголема свирка со капацитет од 2000 посетители. На 22 август свиреле во клубот Сабтира, Лондон со што се квалификувале за Ридинг Фестивал, нивниот прв настап на фестивал на 25 Август 1989. Ова бил нивниот последен настап во живо.[62]

Покрај несогласувањата меѓу Кембер и Пирс за тоа дали Кејт Радли може да ги придружува, тие исто така се подготвувале за значителна турнеја во САД на почетокот на септември. Распоредот бил завршен и требало да останат во САД до крајот на годината свирејќи на околу 50 концерти. Групата поднела жалба до нивниот менаџер Џерард Палмер, поради поголема сума на пари која требало да ја добијат и го повикале на состанок во студиото ВХС.Состанокот бил тајно сниман и вбројувал бројни расправии и обвиненија, но и покрај тоа, ништо не било решено. Во интервју во 1992 Кембер го опишал Палмер како “најнеискрениот човек, што за жал некогаш го запознав“. [63]

Неколку дена подоцна тие се сретнале со Палмер и го отпуштиле, но договорот кој го имале потшишано со него значел дека тој поседува една третина од Спејсмен 3. Палмер веќе се имал заложено околу 10.000 £ за снимање на следниот албум на групата. Како одговор на неговото отпуштање од групата, тој во последен момент ја откажал турнејата во САД чии постери за концетите веќе биле испечатени. Така што, сите пари време што ги вложиле Бомп! Рекордс, издавачката куќа на Грег Шо, биле залудно потрошени.

Во тоа време, нивното официјално објаснување за откажување на турнејата низ САД, кое било објавено во британските медиуми гласело дека не добиле работни дозволи поради користење на дрога. Меѓутоа веста се проширила дека тоа не е случајот: со поголеми тешкотии тие ги добиле тие дозволи.

На почетокот на август 1989, почнало снимањето на четвртиот албум на Spacemen 3, ''Recurring'', повторно во ВХФ Студиос. Според Марк Рефо, Кембер и Пирс многу ретко се појавувале заедно во студиото и владеела прилично напната атмосфера. По Ридинг Фестивалот, Кембер и Пирс снимале одвоено. Пирс свирел на гитара во песните на Кембер, но овој никогаш не учествувал во песните на Пирс. Одново, кога Кембер ги слушнал демо снимките на Пирс, тој го потврдил своето тврдење за копирање на неговите звуци и ефекти и го обвинил Пирс дека ја украл композицијата "Billy Whizz", која Кембер ја напишал неколку години пред него. Во тоа време тие биле отуѓени и работеле одделно еден од друг. Тие се договориле да заземат одделни страни на албумот за песните кои самите ги напишале и компонирале. Останатите три членови на бендот - Катер, Маток и Рефо - биле повикувани да придонесат со своите музички делови само кога е потребно.[64]

Кон крајот на септември, Кембер настапувал соло на свирка организирана за подршка на групата Д'Телескопс. Кембер и Пирс се согласиле да ја преработат заедно песната на Мадхани “When tomorrow hits“, за потенцијален сплит сингл со нив. Но кога Кембер ја слушнал преработката на нивната песна “Revolution“ од страна на Мадхани, која била со изменет текст, тој се навредил и ја прекинал соработката со Саб Поп. Снимањето на "When Tomorrow Hits" е последната соработка помеѓу Пирс и Кембер. Потиштениот Вил Карутер, го напушта бендот презаситен од нивното несогласување и недостаток на хармонија.[64]

Снимањето на албумот се одвивало бавно и напнато се до есента 1989 година кога Кембер се појавувал во студиото три пати повеќе од Пирс. Според членовите на групата однесувањето на Кембер станувало се поопсесивно и понепредвидливо. Кон крајот на Октомври тој издал деби соло сингл “Аngel“ кој добил просечен прием.

Во ноември 1989, останатите четири члена од групата се собрале за да дискутираат околу завршување на албумот и договарање околу датуми за идни концерти, но состанокот бил непродуктивен. Кембер и Пирс не зборувале многу, а Џони Маток изјавил дека е мошне тешко да се работи со Кембер. Маток и Марк Рефо негодувале, го напуштиле состанокот и трајно ја напуштиле групата. Во декември Џерард Палмер се обидел да посредува помеѓу Кембер и Пирс, состанувајќи ги поединечно бидејќи Пирс не сакал да контактира со Кембер.

Договор за снимање со Дедикејтед[уреди | уреди извор]

Во текот на 1989 година Џералд Палмер бил мета на интерес и понуди од водечките американски издавачки куќи. Палмер го одложувал потпишувањето договор надевајќи се дека Американската турнеја ке донесе многу подобри понуди. Преговорите со Дедикејтед, подружник на издавачката куќа БМГ, траеле веќе неколку месеци. За да се зачува угледот на групата, лошите односи меѓу членовите останале во тајност. До октомври 1989 година, последната понуда од Дедикејтед била пет албуми, мулти-милион долари договор и аванс од 60 000 фунти . Палмер потрошил 15 000 фунти на судски такси и бидејќи успеал да преговара надвор од стандардите на Ливинг Мембр Клоус, Кембер и Пирс биле во 'win- win ситуација'.[65]

Во декември тројцата се состанале за да го потпишат договорот со Дедикејтед. Пирс инсистрирал Кембер да го потпише договорот кој на двајцата им овозможувал еднакви права на Спејсмен 3 во случај на барање на индивидуална сопственост врз авторските права на групата. Примамен од неговиот паричен дел од авансот на Дедикејтед, Кембер потпишал. Меток тврдел дека следното утро Кембер го нападнал Пирс на улица. На почетокот на 1990 година, Кембер и Пирс посебно ги посетиле лондонските канцеларии на Дедикејтед за да го потпишат договорот за снимање. Неколку дена подоцна, на вечера со директорите од Дедикејтед, Кембер и Пирс имале срдечен однос со останатите гости, но не зборувале меѓусебно. Преправањето траело до самиот крај. До март, Палмер не ги известил Дедикејтед за распаѓањето на бендот.[66]

1990[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1989 година, Џејсон Пирс бил незадоволен од неговите миксови направени во ВХФ Студиос. Ги земал своите снимки од албумот Recurring и ги однел во Батери Студиос во Лондон. Потпомогнат од продуцентот Анџали Дут, во јануари 1990, Пирс ги завршил конечните ремикси на неговите песни. Сепак, делот на Питер Кембер од албумот бил далеку од готов и тој побарал помош од продуцентот Ричард Формбај. Според Формбај, кога тој пристигнал, само половина од снимките биле завршени; некои песни биле недовршени, а две морале одново да се снимаат.[67]

Во јануари 1990, бил издаден дебитантскиот албум и соло проект на Кембер, Спектрум (Соник Бум). Снимен речиси една година претходно, Кембер го искористил албумот како проект кој ќе ги обедини тематски меланхоличните песни, одлучувајќи поведрите да ги зачува за Recurring.[49][68] Албумот бил рекламиран како албум на “основачот/водачот на Спејсмен 3”.[69]

Исто така, во јануари, Пирс почнал да работи на идеjата за создавање на нов бенд или сопствен проект. Тој ги поканил членовите на Спејсмен 3, Рефој, Меток и Карутерс, да пробуваат и вежбаат во неговиот дом и во една мала црковна сала. Неформално, ова бил почетокот кога Пирс оформил бенд настрана од Спејсмен 3, Спиритуалајзд, кој ги сочинувал сите членови на Спејсмен 3 освен Кембер. Во февруари оваа нова група во ВХС Студиос го снимила проектот "Anyway That You Want Me".Средбите во студиото се држеле во тајност од Кембер кој сеуште работел таму.[70] Во 1991 година, Пирс објаснил со која цел ги формирал Спиритуалајзд:

Едноставно, сакав повторно да се вратам на сцената. Пит( Кембер) сеуште работеше на песните од Recurring и тоа не одалечуваше од наредна турнеја, а јас сакав да отидам на турнеја. Значи првенствено, тоа (Спиритуалајзд) послужи како средство повторно да вратам на сцена.[71]

Кембер работел на завршувањето на неговиот дел од Recurring. Неговата неодлучност и постојано одново микасање на материјалот го одложувало снимањето на албумот. Џералд Палмер го предупредувал Кембер да заврши побрзо, бидејќи тој сеуште ги финансирал нивните часови поминати во студио. Најпосле, кога ја изгубил толеранцијата, Палмер го посетил ВХС Студиос. Доследен на предходните закани, му ги одзел лентите на Кембер и ги избрал конечните верзии на песните за издавање. Наводно, од секоја песна имало десетици различни миксови.[72]

Во јуни 1990 година, Спиритуалајзд го издале својот деби сингл "Anyway That You Want Me". Оваа преработка од песна на Д'Трогс, Спејсмен 3 ја имале снимено како демо за време на снимањето на Playing With Fire . Опаковката на синглот немала натпис туку налепница со логото на Спејсмен 3. Покрај ова, контроверзно било и тоа што рекламите за синглот исто така го прикажувале логото на Спејсмен 3.[73][4]

Со издавањето на синглот од Спиритуалајзд, Кембер конечно дознал за постоењето на групата. Сите настани околу издавањето и рекламирањето на синглот го поттикнале Кембер да изјави дека ги напушта Спејсмен 3 и дека групата повеќе не постои.[63] [74][4] Во интервју од 1991 година Кембер изјавил:

Јас бев прилично вознемирен затоа што се се случувало во тајност и сите биле предупредени дека не смеат да ми кажат. Наспроти, мојот соло проект беше правен без било какви прикривања.[63]

Кон крајот на втората половина на 1990 година, Спиритуалајзд отишле на турнеја низ Велика Британија. Изведувале песни од дотогаш неиздадениот албум Recurring, а исто така и нови песни. Спиритуалајзд потпишале договор со Дедикејтед и го снимиле новиот албум во зимата 1990/91 година.[75]


1991[уреди | уреди извор]

Во јануари 1991 бил издаден синглот на Спејсмен 3, "Big City"/"Drive". Двете песни од двојната А-страна на синлот биле од албумот во исчекување, Recurring. За да се направи мастеринг на албумот, Пирс и Кембер морале да бидат во студио, но Пирс изостанувал. Во тој период, скоро воопшто не си прозбореле еден на друг повеќе од шест месеци. Кембер одлучил намерно да изостави неколку минути од "Drive", песна на Пирс од синглот.[76]

Recurring, последниот албум на Спејсмен 3, конечно бил издаден во февруари 1991 година. И покрај тоа што групата официјално не се распаднала, ова издание го запечатило крајот во секој поглед. Двете страни на албумот- едната на Кембер (А-страна), другата на Пирс (Б-страна) го одразуваат разделувањето на двата главни члена.[77]

Песните од Recurring биле компонирани во 1989 година. Тие произлегле од предходниот албум Playing With Fire. Музички тој бил побогат и посочен албум, но секоја половина од Recurring претставувала најава за нивните соло проекти на кои тие веќе работеле во периодот кога требало да се издаде албумот. Страната на Кембер ја прикажува неговата страст кон поп и амбиент музика, додека страната на Пирс ја открива симпатијата кон блуз и црковна музика.[78]

Звукот на Пирс е повеќе лирски и драматичен, тој ги доведува песните до точка на вриење. Соник Бум има тонови кои се движат хоризонтално - ритмичко, хипнотички пулс од почеток до крај.

Стив Малинс, рецензија за Recurring, Вокс.[79]

Тука имаме два многу добри мини албуми, заедно се сврзани под едно исто име...испреплетени звучни тонови кои ги надминуваат вашите очекувања... Во звукот на Џејсон постои одредена засебност и грандиозност во поголема мера од во оној на Соник.

Рецензија за албумот Recurring - Дејвид Стабс, Мелоди Мејкер.[80]

Звукот на двајцата вибрира слично и покрај тоа што Џејсоновиот е малку повообичаен, предизвикувајќи “сонливо” чувство. Додека, оној на Соник се одликува со разноликост која произлегува од различни влијанија забележани во “Big City”, актуелниот хит од мини албумот.

Рецензија за Recurring, - Џон Роб, Саундс.[81]

Во 1991 година Кембер и Пирс одделно продолжиле да работат на музичките кариери со сопствените групи, Спектрум и Спиритуалајзд. Издавањето на Recurring повторно поттикнало шпекулации за иднината на Спејсмен 3. Не постоела официјална изјава која би објаснила или потврдила дали Спејсмен 3 се распаднати. Причината за распаѓањето била обелоденета во музичкиот печат:

Една од главните причини поради која се распадна групата беше тоа што Џејсон имитираше се што ќе направам јас. Што и поинакво да направев, тој само следеше. Она што дополнително ме надразни е тоа што тој продолжи да работи со менаџерот кој претходно заедно го отпуштивме.

Интервју на Питер Кембер – Вокс, април 1991 година.[63]

Јас престанав да го посетувам а и тој (Пирс) никогаш не дојде да ме види. Никогаш навистина не го засегаше деловната страна.

Интервју на Питер Кембер, Саундс, 09/02/1991.[81]

Знаеш, готово е. Навистина е готово. Албумот (Recurring) беше снимен пред да се распадне групата, ние се согласивме дека се разидуваме и знаеш, тоа е тоа.

ТВ интервју на Питер Кембер, Спринг 1991 година.[82]

На некој начин можеби беше подобро што групата се распадна. Не сум сигурен дали се што правевме водеше некаде.

Питер Кембер – 2002 година.[83]

Дел од причината зашто се оформија Спиритуалзајд беше поради тоа што живите настапи на Спејсмен 3 станаа премногу предвидливи – предвидливи за мене, секако. Ние свиревме жестоки, хард кор ствари како ‘Revolution’. Не постоеше повисоко од високото, пониско од ниското. Се борев да вметнам некои помирни работи на сетовите.

Џејсон Пирс- Вокс, април 1991 година.[63]

Пит отсекогаш уживаше да зборува за печатот, но сега и јас почнав да давам интервјуа бидејќи Пит повеќе не може да зборува за групата. Но, не сакам да се натпреварувам како кучка со кучка, сведувајќи се на тоа кој ке вие погласно.

Џејсон Пирс- Саундс 09/02/1991 година.[81]

И Пит и јас не прифаќаме многу музички совети. Едноставно си тераме по свое. Некои луѓе не можат да се справат со тоа. Се случувало личните композиции меѓусебно да ги размениме и да работиме на нив, но најпосле секој од нас знаеше што другиот сака. .. Сакав да се појавам на сцената повторно, но исто така имав песни кои не одговараа на албумот Recurring. Мислам, ако не се сложуваш доволно, нема смисла групата да постои. Тоа би било како мамење, колку само да се продаваат нештата. Можете да бидете страстни за музика, но ако не постои добра комуникација меѓу членовите на групата, нема смисла да се преминува преку тоа... Навистина не гледам никаков проблем ако го купите и мојот, и на Питер албумот. Впрочем знаете, со комбинирање на двата албуми би добиле Спејсмен 3 албум.

Џејсон Пирс – Саундс 09/02/1991.[81]

Пит е многу своеглав и тоа може да предизвика проблеми. Но, главниот проблем со Спејсмен беше отсуството на комуникација.

Дејв Бетфорд (Фајр Рекордс) – Саундс 09/02/1991 година.[81]

Не верувам дека некој би можел веродостојно да објасни.Тие (Кембер и Пирс) беа многу блиски пријатели – ја основаа групата заедно, но музички и социјално се оттуѓија. Не постоеше особен инцидент – како кај многу други талентирани групи – само имаше многу несогласувања меѓу нив.

Дејв Бетфорд (Фајр Рекордс) – Вокс, април 1991.[63]


Активностите на членовите по распаѓањето на Спејсмен 3[уреди | уреди извор]

Повеќето членови на Спејсмен 3 продолжиле да творат и снимаат заедно или во соло проекти. Питер Кембер имал соло кариера и издавал под псевдонимот Спектрум и Е.А.Р.[84][85][86], а исто така бил продуцент на МГМТ[87], Панда Бер[88], Дин енд Брита[89] и Д'Флауерс оф Хел[90]. Џејсон Пирс продолжил да биде водачот, креативната сила и единствениот постојан член на алтернативната група Спиритуалајзд која достигнала комерцијален успех.[91] И Кембер и Пирс продолжиле во живо да изведувааат некои од песните на Спејсмен 3. (на пр. Transparent Radiation", "Revolution", "Suicide", "Set Me Free", "Che" and "Let Me Down Gently" [Kember]; and "Walkin' with Jesus", "Amen" and "Lord Can You Hear Me?" [Пирс]).

Во раните 1990-ти Вил Карутерс, Џони Меток и Марк Рефој заедно со Пирс ја формирале Спиритуалајзд. Карутерс ја напуштил групата по издавањето на првиот албум во 1992 година,[92] а Рефој и Меток во 1994 година. Во тоа време Рефој бил водач на групата Слипстрим и со неа издал два албуми.[93] Рефој свирел на гитара заедно со Пет Шоп Бојс за време на нивната турнеја во 2007 година. По заминувањето од Спиритуалајзд, Вил Карутерс направил пауза од музичката сцена. Подоцна работел со Кембер, снимил два соло албуми под името Фриловбејбис [94] и бил на турнеја заедно со Брајан Џонстаун Масакр. Карутерс, Меток и Рефој исто така соработувале на заеднички проект.

По заминувањето од Спејсмен 3 во 1988 година, Пит Бејн и Стјуарт Росвел (Роско) се приклучиле на групата Дарксајд која издала неколку албуми.[95][96] По распаѓањето на Дарксајд, Бејн ја оформил Алпастон и го придружувал Кембер во некои од неговите соло проекти.[97] Тие издале два албуми. Од 2010 тој е вокалист и гитарист на групата Д'Ургс. Стјуарт Росвел во 2004 издал соло албум, The Psychedelic Ubik.

Во раните 1990-ти, првиот тапанар на Спејсмен 3, Нати Брукер под псевонимот ‘Мистер Агли’, свирел тапани во гаражниот рок бенд Д'Гарантид Агли заедно со Гавин Висен. Тие издале два албуми.[98][99] Брукер се погрижил за дизајнот на опаковката од Recurring и за дизајните на првите албуми на Спиритуалајзд.[100][101]

Шанси за обединување и односот меѓу Кембер и Пирс[уреди | уреди извор]

Во 2004 година Питер Кембер изјавил: "Го слушав Џејсон [Пирс] во живо на турнејата во Лос Анџелес... Му испратив ливче – понуда да се смириме, и мојот телефонски број и адреса - но ништо не се случи после тоа. Всушност, навистина би сакал повторно да работам заедно со него.“ "[102] Во интервју од наредната година околу шансите за повторно обединување, Кембер изјавил: ”Обединувањето е чиста глупост.Реоформување е веќе нешто друго. Би сакал да мислам дека Џејсон би сакал да работиме повторно во иднина, но засега нема никаво навестување за тоа.”" [103]

Во 2008 година Џејсон Пирс открил дека одбиле понуда да се обединат за настап на калифорнискиот фестивал Коучела. Тој изјавил:” Зошто би го сторил тоа? Јас би сакал да ја видам Битката на Ватерло кога таа се случувала, но тоа не значи дека би сакал да отидам и да седнам на некое бојно поле и да гледам како некој ја одигрува .“[104][105] Во 2009 година повторно се појавиле преговори за обединување на Спејсмен 3 со цел тие да настапат на Ол Туморол Партис Фестивал; сепак, Пирс ги негирал гласините велејќи “не сум заинтересиран” и додал: “Распаѓањето беше толку жолчно и мојот став за него (Кембер) не е променет. Не, јас сеуште не сум омекнал во врска со него”.[106]

Во интервју од јуни 2011 година Кембер открил дека никаков контакт не се остварил помеѓу него и Пирс уште од 1990тата или 1991та година. Кембер изјавил: “Па јас пробав да исконтактирам со него, но тој никогаш не ми возврати. Му посакав се најубаво, но не добив одговор. Имам чувство дека и после се, никогаш ништо нема да се промени”. Тој додал дека и покрај тоа што е заинтересиран за повторно обединување, мисли дека реалните шанси за тоа да се случи се “нула”.[107]

Делумно и неофицијално обединување се случило на 15ти јули, 2010 година на добротворната свирка-Обединување на Пријателите. Настанот кој бил организиран за поранешниот тапанар на Спејсмен 3, Нати Брукер (имал дијагностициран рак во последна фаза) се одржал во Хокстон Бар ен Грил во Лондон. Вил Карутерс за настанот изјавил: “Ова што го гледате е нешто најслично на обединување, верувајте ми.”"[108] Учесниците биле Питер Кембер (клавијатури, гитара, вокал), Вил Карутерс (бас), Џони Меток (тапани), Марк Рефој (гитара), Џејсон Холт (гитарист кој настапувал на турнеи со Спектрум, групата на Кембер) и останати гости како Пет Фиш (вокал)[109] и Кевин Шилдс (гитара) од Мај Блади Валентајн.[110] Тие отсвиреле 45 минутен сет кој ги вбројувал песните 'Walkin' with Jesus', 'Revolution' и 'Suicide'. Џејсон Пирс бил поканет да учествува, но одбил.[111][112]

Музичкиот стил и влијанијата кои ги имале врз него[уреди | уреди извор]

Спејсмен 3 се карактеризирале со матен и искривен гитарски звук, испрекинати ефекти од тремоло и ва-ва педала, користење на моќни созвучја и едноставни рифови, хармонични дрон тонови , меки вокали и ретки, еднолични тапани.[8] Првите снимки биле со тешки гитари, стуџовски звук и малку како лабав гаражен рок бенд (Стивен Ерлвајн, Олмјузик) додека подоцнежните дела претежно биле со посиромашен и помек звук во кој имало примена на повеќе технички трикови надополнети со органа од каде произлегол нивниот транс-неопсиходеличен белег (Стивен Ерлвајн, Олмјузик). [8]Кембер го опишал тоа како “многу хипнотички и минимал; долж сите песни има дрон елементи”.[49]

Спејсмен 3 биле приврзаници на мотото на Алан Вега - “минималното е максимално”. Овој минималистички музички пристап обично се претставувал преку повторување на едноставни рифови основани на продолжување само два или три созвучја или едноставно, користење само на едно созвучје. Кембер ја изјавил максимата: “Едно созвучје супер, две созвучја добро, три созвучја ок, четири созвучја просечно”.[113]

Спејсмен 3 ја подржувале фразата “Земајте дрога за да правите музика”.[49][114] Кембер во интервјуа често изјавувал колку е важно рекреативното користење на дрогите за неговиот животен стил и творењето. Тој отворено говорел за различните дроги кои ги употребувал - канабис, ЛСД, магични печурки, МДМА, амфетамини и кокаин, како и за зависноста од хероин која ја имал претходно. Голем дел од музиката на Спејсмен 3 била под влијание на искуствата со дрога и чувствата кои ги предизвикува.[1][42][44][45][46][49][115] Во една од листите на НМЕ, објавена во 2011 година, изданието Taking Drugs to Make Music to Take Drugs се наоѓало на 23тото од 50тте места на “најнаркоманските”албуми.[116]

Кембер бил страстен собирач на плочи уште од својите 11 или 12 години; некои од првите плочи кои ги купил биле албумите на Д'Велвет Андерграунд. Пирс: “Кога имав 14 години го купив Raw Power, албумот на Д'Стуџис и цела година го слушав само тоа”.Првите постери за свирките на Спејсмен 3 неретко реферирале на влијанието од Д'Стуџис, Д'Велвет Андерграунд и Д'Ролинг Стоунс.[3] Во 1988 година, Кембер изјавил “ Групите како Суисајд, ЕмСи5 ми се меѓу најомилените”.[42] Пирс:”На почетокот ги слушавме ДСтуџис, потоа се појавија Суисајд, а после тоа почнавме да го слушаме Сан Ра и да ги собираме сите нивни влијанија”.[117]

Спејсмен 3 биле "фанатично обземени од музика".[79] Освен њујоршките прото-панкери - Д Велвет Андерграунд и Суисајд и детроитците - Д Стуџис и ЕмСи5, влијание врз нив извршиле и: американските психоделични рок групи од 60-тите (на пр. - Д Тртин Флор Елевејторс ), американските ]]гаражни рок групи]], британските групи од 60-тите, рокенролот (Бади Холи), сурф музиката (Д Бич Бојс) раната електронска музика како Силвер Еплс, Делија Дарбишир и Лори Андерсон, краутрокот, Д Ган Клаб, Д Кремпс, Тав Фалко Пантер Брнс, ранот блуз од Чикаго - Бо Дидли, Џон Ли Хукер, Мади Вотерс и Хаулин Вулф, раниот делта блуз, црковната музика и раните песни на Стејпл Сингерс, Отис Рединг, техниката на продуценти како Брајан Вилсон, Џо Мик и Фил Спектор како и авангарднот и слободен џез на Сан Ра и Џон Колтрејн.[8][118][1][42][113]

Спејсмен 3 снимиле и настапиле со голем број преработки од песни на други групи, особено на почетокот од нивната кариера и во нивната музика се забележува туѓото влијание. Во дел од тие уметници, музичаи и групи спаѓаат Д'Стуџис, ЕмСи5, Д'Тртин Флор Елевејторс, Роки Ериксон, Ред Краола, Глен Кембел, Велвет Андерграунд, Лу Рид, Суисајд, Бо Дидли, Д'Ролин Стоунс, Д'Трогс, Д'Јардбрдс и Д'Соник.[8] Песната "Hey Man" (или "Amen") била направена врз основа на традиционална црковна песна. Песната "Come Down Easy" потекнува од стара традиционална блуз песна. Спејсмен 3 во живо извеле инструментална песна со ритамот на Бо Дидли која ја насловиле “Bo Diddley Jam".[8] Песната "Suicide" јавно говори за влијанието на групата врз нив; кога оваа песна се изведувала во живо, обично се најавувала со зборовите “оваа песна ја посветуваме на Мартин Рев и Алан Вега од Суисајд”.[119]

Кембер бил заинтересиран за дрон и секојдневните амбиентални звуци како оние што ги создаваат електричните сечила, машините за перење алишта, косалиците, авионите, машините и автомобилите.[113]


Членови во групата и музички инструменти[уреди | уреди извор]

Инструменти[уреди | уреди извор]

  • Електрична гитара (Кембер/Пирс/Рефој) [120]
  • Акустична гитара (Кембер/Пирс/Рефој) [120]
  • Фалфиса органа - непознат модел (Kember/Pierce) [120]
  • Вокс Континентал органа, c. 1960s (Кембер/Пирс) [120]
  • Клавијатури - непознат модел (Кембер/Пирс) [120]
  • електрична бас гитара (Бејн/Карутерс/Кембер) [120]
  • Тапани/Перкусии (Морис/Брукер/Росвел/Меток) [120]
  • Хармоника (Пирс) [120]
  • Електричен Саз или Баглама (Кембер) [121][1]
  • Sitar (Пирс) [121][1]


Останати музичари и инструменти[уреди | уреди извор]

Музички соработници за време на снимањата[уреди | уреди извор]


Влијание[уреди | уреди извор]

“Спејсмен 3 бea една од најреволуционерните, гитарски, британски групи”( Иан Едномнд, Рекорд Колектор).[4] Тие jа направиле “ една од најсуштинските, психоделични музики на сите времиња... и поставиле стандард кој влијаел на една генерација истовремено инспирирајќи безброј музички групи”( Џулијан Вулси, Рок Едишн).[122] Пролетта 1991 година, кратко време по распадот на Спејсмен 3, Стивен Далтон ги опишува како “една од највлијателните андерграунд групи во последната деценија”.[79]

Звукот и Стилот на Спејсмен 3 извршиле влијание на многу уметници од двете страни на Атлантикот меѓу кои се вбројуваат и групи од Шугејс сцената ( Мај Блади Валентајн, Чептрхаус, Слоудајв, Рајд, Сикс Бај Севен, Могваи, Бардо Понд, Д Флауерс оф Хел, Локгрув, Севен Персент Солушн, Луна, Винди енд Карл, Фајв Веј Мирор, Д Трд Ај Фондејшн, Американ Аналог Сет, Блек Маунтн,Флаинг Сосер Атак, Астероид Намбр 4, Д Брајан Џонстаун Масакр, Колорсаунд, Д Варлокс, Блек Ребел Моторсајкл Клаб, Д Икарус Лајн, Д Морнинг Афтер Грлс, Скарлинг и Вуден Шџипс. “Голем број групи би го сместилe албумот Playing with Fire (третиот албум на Спејсмен 3) на еднаква позиција (или на повисока) со претходните психоделични групи од 60тите и 70тите години”( Нед Раџет, ОлМјузик).[123] Групата преставувала “пример за идната амбиент-дрон, спејс-рок генерација ”( Лора Хајтауер)[8]

Во 1998 година, издавачката куќа Рокет Грл издала трибјут албум за Спејсмен 3. Албумот вклучувал преработки од бендовите: Могваи, Лоу, Бовери Електрик и Бардо Понд.[124] Во албумот стоел натпис: “Има толку многу актуелни бендови кои црпат инспирација од Спејсмен 3 што сега е вистинско време да се искаже признание кон оваа потценувана група”.[125] Во 2004 година, американскиот новинар Ерик Морс ја објавил биографијата на групата насловена “Spacemen 3 and the Birth of Spiritualized”.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[126][127][128]

  • "Walkin' With Jesus" (Glass) 1986
  • "Transparent Radiation" (Glass) 1987
  • "Take Me To The Other Side" (Glass) 1988
  • "Revolution" (Fire) 1988
  • (untitled) aka "Threebie 3" (Fierce) 1989 [Специјална ограничена количина која се продавала заедно со албумот Playing with Fire. Настапи во живо: изведбата во Мелвег, Амстердам 1988, исклучено од албумот Performance ]
  • "Hypnotized" (Fire) 1989 - UK No. 85[129]
  • "Big City" (Fire) 1991 - UK No. 88[130]

Студиски албуми[126][127][128]

Албуми во живо[126][127][128]

  • Performance (Glass) 1988 [снимен на свирката во Мелквег, Амсетрдам1988 година]
  • Dreamweapon (Cheree) 1990 ['An Evening of Contemporary Sitar Music' – изведба во Ватерманс Арт Сентр, Лондон 1988 година]
  • Live In Europe 1989 (Space Age) / Spacemen Are Go! (Bomp!) 1995 [снимен за време на европската турнеја во 1989 година]

Компилации[126][127][128]

Специјални изданија[126][127][128]

  • Playing with Fire (Space Age) 1999 [различни верзии на песните од албумот Playing with Fire, двоен албум]
  • Forged Prescriptions (Space Age) 2004 [различни ремикси на песните од албумот Perfect Prescription, двоен албум]

Неофицијални изданија[126][127][128]

  • Taking Drugs to Make Music to Take Drugs To (Father Yod) 1990 ['Northampton Demos', 1986]
  • Losing Touch with Your Mind 1991 [колекција од различни ретки верии на песни]
  • For All the Fucked Up Children of This World We Give You Spacemen 3 1995 [Рани снимки, 1984]
  • Revolution or Heroin (Fierce) 1995 [снимка во живо, 1988 година ]
  • How the Blues Should've Turned Out 2005 [ограничени количини, двоен албум со предходно неиздадени демо песни итн.][132]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Forced Exposure, Issue 14, Autumn 1988
  2. Morse 2004, стр. 19, 38-50.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Outer Limits, Spacemen 3 fan magazine, Issues 1 & 2, 1991. Two-part article re: early history of Spacemen 3
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 Record Collector magazine, Issue 285, May 2003 - Spacemen 3 feature, article
  5. Morse 2004, стр. 51-55.
  6. Morse 2004, стр. 55-57.
  7. [1] For All The Fucked Up Children Of The World We Give You Spacemen 3, album review - Ned Raggett, AllMusic
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име amg.
  9. Morse 2004, стр. 64.
  10. Kember interview with Anthony Carew, 2008
  11. Morse 2004, стр. 61-65.
  12. [2] alteredzones.com, 2011 - interview with Peter Kember
  13. Morse 2004, стр. 59-60.
  14. Morse 2004, стр. 67-68.
  15. Morse 2004, стр. 70-71.
  16. Morse 2004, стр. 71-72.
  17. [3] Taking Drug to Make Music to Take Drugs To album review - Ned Raggett, AllMusic. Accessed 24/09/2011.
  18. Morse 2004, стр. 87-91.
  19. 19,0 19,1 Album liner notes, Sound of Confusion 1994 re-release
  20. Morse 2004, стр. 91.
  21. [4] Sound of Confusion album review - Ned Raggett, AllMusic. Accessed 25/09/2011.
  22. NME, 1990 - 'Sound of Confusion' (re-release) review by Simon Reynolds.
  23. Morse 2004, стр. 92, 96.
  24. Morse 2004, стр. 96.
  25. NME, 16/8/1986 - concert review, The Clarendon, Hammersmith, London, August 1986
  26. Morse 2004, стр. 97-98.
  27. Morse 2004, стр. 19.
  28. Morse 2004, стр. 101-102.
  29. Morse 2004, стр. 107-108.
  30. Morse 2004, стр. 108-112.
  31. album liner notes, Forged Prescriptions, The Perfect Prescription re-release.
  32. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име The_Perfect_Prescription.27_2011.
  33. Morse 2004, стр. 163-164.
  34. [5] The Guardian, article by Alan McGee, 02/11/2007. Accessed 28/09/2011
  35. Vox Showroom - Vox Starstream Accessed 25/09/2011.
  36. Morse 2004, стр. 146-147, 166-167.
  37. Morse 2004, стр. 170-172, 187.
  38. NME, 05/12/1988
  39. Morse 2004, стр. 193.
  40. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Melody_Maker.2C_19.2F11.2F1988.
  41. Morse 2004, стр. 195-196.
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 Conflict, Issue 48, Summer 1988
  43. 43,0 43,1 NME, 29/7/1989
  44. 44,0 44,1 NME, Summer 1988
  45. 45,0 45,1 Sounds, 05/12/1988
  46. 46,0 46,1 Lime Lizard, April 1989
  47. OffBEAT, 07/03/1989
  48. Sounds, 11/3/1989
  49. 49,0 49,1 49,2 49,3 49,4 Sniffin' Rock fanzine, 11/03/1990
  50. Morse 2004, стр. 186-189.
  51. [6] AllMusic - Sonic Boom Spectrum album. Accessed 25/09/2011.
  52. Morse 2004, стр. 198=201.
  53. [7] Altmusic.com - Spacemen 3 profile. Accessed 25/09/2011.
  54. Morse 2004, стр. 209.
  55. NME, Spring 1989
  56. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Melody_Maker.2C_Spring_1989.
  57. Sounds, Spring 1989
  58. Morse 2004, стр. 216-225.
  59. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име spacemen3.co.uk_GIGS.
  60. Morse 2004, стр. 214-216.
  61. Morse 2004, стр. 224-225, 232-234.
  62. Morse 2004, стр. 230, 235.
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 63,4 63,5 Vox, April 1991
  64. 64,0 64,1 Morse 2004, стр. 237, 241-242, 246-250.
  65. Morse 2004, стр. 234-235, 240-241, 246, 261-262.
  66. Morse 2004, стр. 261-264, 268-269.
  67. Morse 2004, стр. 254-255, 265-267.
  68. Peter Kember - TV interview, 1991
  69. Morse 2004, стр. 266.
  70. Morse 2004, стр. 264-268.
  71. Jason Pierce - TV interview, c. Spring 1991.
  72. Morse 2004, стр. 267-268.
  73. Morse 2004, стр. 264-270.
  74. Morse 2004, стр. 264-269.
  75. Morse 2004, стр. 269-271.
  76. Morse 2004, стр. 272.
  77. Morse 2004, стр. 272-273.
  78. Morse 2004, стр. 214-216, 237, 246-247, 272-273.
  79. 79,0 79,1 79,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Vox-recurring.
  80. Melody Maker, Spring 1991
  81. 81,0 81,1 81,2 81,3 81,4 Sounds, 09/02/1991.
  82. TV interview, c. Spring 1991 - Peter Kember
  83. Morse 2004, стр. 274.
  84. [8] AllMusic - Spectrum band profile. Accessed 25/09/2011.
  85. [9] AllMusic - Spectrum album. Accessed 25/09/2011.
  86. [10] AllMusic - E.A.R. band profile.Accessed 25/09/2011.
  87. Dombal., Ryan (19 април 2010). „MGMT Interview“. Pitchfork. http://pitchfork.com/features/interviews/7791-mgmt/. конс. 9 септември 2012 г. 
  88. Anon. (9 март 2011). „Animal Collective's Panda Bear announces new album details“. NME. http://www.nme.com/news/panda-bear/55361. конс. 9 септември 2012 г. 
  89. Anon. (5 март 2009). „From The Desk Of Dean & Britta: Spectrum“. Magnet (magazine). http://www.magnetmagazine.com/2009/03/05/from-the-desk-of-dean-britta-spectrum/. конс. 9 септември 2012 г. 
  90. Adams, Gregory (7 септември 2012). „Flowers Of Hell Reveal Odes Details“. Exclaim!. http://exclaim.ca/News/flowers_of_hell_reveal_odes_details_share_joy_division_cover. конс. 9 септември 2012 г. 
  91. [11] AllMusic - Spiritualized band profile. Accessed 25/09/2011.
  92. [12] AllMusic - Slipstream band profile.Accessed 25/09/2011.
  93. [13] Slipstream official MySpace page. Accessed 25/09/2011.
  94. [14] AllMusic - Freelovebabies band profile. Accessed 25/09/2011.
  95. [15] AllMusic - Darkside band profile. Accessed 25/09/2011.
  96. [16] AllMusic - Darkside discography. Accessed 25/09/2011.
  97. [17] Pet Bain website at www.acidray.com. Accessed 25/09/2011.
  98. [18] The Guaranteed Ugly webpage. Accessed 25/09/2011.
  99. [19] www.discogs.com - The Guaranteed Ulgy discography. Accessed 25/09/2011.
  100. [20] Natty Brooker website. Accessed 14/09/2011
  101. [21] NME article re: Natty Brooker, 2010. Accessed 14/09/2011
  102. [22]3:AM Magazine, March 2004 - article by Peter Kember. Accessed 24/12/2011.
  103. [23] www.losingtoday.com - interview with Peter Kember, 09/02/2005, by David Mansdorf. Accessed 28/09/2011.
  104. [24] Observer Music Monthly, mid 2008 - interview with Jason Pierce. Accessed 28/09/2011.
  105. [25] About.com - interview with Jason Pierce, October 2008. Accessed 28/09/2011.
  106. [26] The Sun, late 2009 - interview with Jason Pierce. Accessed 28/09/2011.
  107. [27] RockEdition website, Peter Kember interview with Julian Woolsey, June 2011. Accessed 14/09/2011.
  108. [28] Accessed 28/09/2011. outlierrecords - interview with Will Carruthers, July 2010
  109. Video No. 1 of live performance, 15/7/10 Accessed 14 September 2011
  110. Video No. 2 of live performance, 15/7/10 Accessed 14 September 2011.
  111. [29] Pitchfork.com - Tom Breihan, 09/08/2010 article. Accessed 14/09/2011.
  112. [30] rvamag.com, article, 07/08/2010. Accessed 28/09/2011.
  113. 113,0 113,1 113,2 [31] 3:AM Magazine, Andrew Stevens, 2002. Accessed 14 September 2011
  114. OffBEAT, 7 March 1989
  115. NME, 18/03/1989
  116. [32] '50 Druggiest Albums' article - NME, 5/2/2011. Accessed 14/09/2011
  117. [33] About.com - Jason Pierce interview with Anthony Carew, October 2008
  118. Morse 2004, стр. 20, 23-27, 31-32, 35-36, 39-51, 54-57, 62, 70, 72-75.
  119. Spacemen 3 'Threebie' live EP
  120. 120,00 120,01 120,02 120,03 120,04 120,05 120,06 120,07 120,08 120,09 120,10 120,11 120,12 120,13 120,14 album sleeve credits
  121. 121,0 121,1 Morse 2004, стр. 120, 190.
  122. [34] www.rockedition.com, Julian Woolsey, 8 July 2011. Accessed 24/09/2011.
  123. [35] Playing with Fire album review - AllMusic. Accessed 24/09/2011.
  124. [36] Tribute to Spacemen 3 album review - AllMusic. Accessed 15/09/2011.
  125. [37] Rocketgirl Tribute to Spacemen 3 press release statement. Accessed 14/09/2011.
  126. 126,0 126,1 126,2 126,3 126,4 126,5 Record Collector magazine, Issue 285, May 2003 - Spacemen 3 feature, detailed discography
  127. 127,0 127,1 127,2 127,3 127,4 127,5 [38] www.discogs.com - Spacemen 3 discography. Accessed 14/09/2011.
  128. 128,0 128,1 128,2 128,3 128,4 128,5 [39] AllMusic - Spacemen 3 discography. Accessed 14/092011.
  129. „Spacemen 3 - Hypnotized“. Chart Stats. архивирано од оригиналот на 28 јули 2012. http://archive.is/wcy4. конс. 5 јули 2011 г. 
  130. „Spacemen 3 - Big City“. Chart Stats. архивирано од оригиналот на 22 јули 2012. http://archive.is/CZi0. конс. 5 јули 2011 г. 
  131. Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th издание). London: Guinness World Records Limited. стр. 518. ISBN 1-904994-10-5. 
  132. Martin C. (2000) The Great Rock Discography (5th ed.) Edinburgh: Mojo Books. ISBN 1-84195-017-3