Саломон Милер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Саломон Милер (германски: Salomon Müller; 7 април 180429 декември 1864) — германски природонаучник. Роден е во Хајделберг, а починал во Фрајбург.

Татко му бил седлар во Хајделберг. Во 1823 г, заминал за Источните Инди заедно со Хајнрих Боје и Хајнрих Кристијан Маклот, со намера да собираат примероци по налог на холандскиот зоолог Кунрад Јакоб Теминк. Во 1826 г. ја посетил Индонезија, во 1828 г. Нова Гвинеја и Тимор, во 1831 г. престојувал на Јава, а во периодот помеѓу 1833 и 1835 г. бил на Суматра.