Жан-Пјер Соваж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жан-Пјер Соваж
Jean-Pierre Sauvage
Catenane ChemComm 244 1985.png
Кристална структура на катенани изложена од Соваж и соработниците
Роден21 октомври 1944 (1944-10-21) (75 г.)
Париз, Франција
ЖивеалиштеФранција
Националностфранцуска
Полињакоординациони соединенија
супрамолекуларна хемија
УстановиСтразбуршки универзитет
Образование
Докторски менторЖан-Мари Лен
Поважни награди

Жан-Пјер Соваж (француски: Jean-Pierre Sauvage); (Париз, 21 октомври 1944) – француски хемичар кој работи на полето на координациони соединенија на Стразбуршкиот универзитет. Неговиот придонес е особено битен во развојот на молекуларните машини. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за хемија заедно со Фрејзер Стодарт и Бернард Феринга за „дизајн и синтеза на молекуларни машини“[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Соваж е роден во Париз на 21 октомври 1944 година.

Образование[уреди | уреди извор]

Докторат добил на Универзитетот Луј Пастер под менторство на Жан-Мари Лен (добитник на Нобеловата награда хемија во 1987 година). За време на подготовката на докторската дисертација, дал свој придонес на првите синтези на криптандски лиганди. [2]

Кариера[уреди | уреди извор]

После постдокторските истражувања со Малколм Грин, тој се вратил во Стразбург каде сега е професор емеритус.

Тој е креативен научник кој работел на повеќе полиња како електрохемиска редукција на јаглеродниот диоксид и модели на реактивни центри за фотосинтеза [3]. Голем дел од неговата работа се однесува на молекуларната топологија, особено механичко сврзани молекулски архитектури. Тој ги опишал синтезите на катенаните и молекуларните јазли врз основа на координационите соединенија [4].

Награди и почести[уреди | уреди извор]

За дописен член на Француската академија на науките е избран на 26 март 1990 година, а за член на 24 ноември 1997 година. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за хемија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Nobel Prize in Chemistry 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда
  2. Dietrich, B.; Lehn, J. M.; Sauvage, J. P.. Les Cryptates. „Tetrahedron Letters“ том  10 (34): 2889–2892. doi:10.1016/S0040-4039(01)88300-3. 
  3. Collin, J. P.; Sauvage, J.-P.. Electrochemical reduction of carbon dioxide mediated by molecular catalysts. „Coord. Chem. Rev.“ том  93: 245–268. doi:10.1016/0010-8545(89)80018-9. 
  4. Dietrich-Buchecker, C.; Jimenez-Molero, M. C.; Sartor, V.; Sauvage, J.-P.. Rotaxanes and catenanes as prototypes of molecular machines and motors. „Pure and Applied Chemistry“ том  75: 1383–1393. doi:10.1351/pac200375101383.