Ана Липша-Тофовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ана Липша - Тофовиќ)
Ана Липша - Тофовиќ
Ana Lipša - Tofović
Родена 23 август 1926
Сисак, Кралство Југославија, денес Хрватска
Починала 3 септември 2012
Скопје, Македонија
Занимање оперска пејачка

Ана Липша-Тофовиќ (хрватски: Ana Lipša - Tofović; Сисак, Хрватска, 23 август 1926Скопје, 3 септември 2012) била видна хрватска и македонска оперска певица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Липша-Тофовиќ е родена во хрватскиот град Сисак на 23 август 1926 година. Таа на 4 август 1961 година влегла во историјата на македонската култура со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што било означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“. Починала на 3 септември 2012 година на 86 години во Скопје.[1] Нејзин сопруг бил професор Петар - Пјер Тофовиќ виден македонски неврохирург и маркантна личност во по­во­е­на­та македонска култура. Од многуте награди што ги има добиено, таа е двапати добитник на наградата „11 октомври“ за улогата на Орфеј во операта на Глук и за животно дело.

Се гордеам што прва запеав во овој свет храм и што го дадов својот придонес во културната историја на Македонија. Охридското лето стана дом на културата за што сонувавме пред 50 години...

— Липша-Тофовиќ, по повод 50 години „Охридско Лето“[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина оперската првенка Ана Липша Тофовиќ“. Сител. Посетено на 2012-09-04. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Долгогодишната првенка на скопската опера и основоположник на најголемата културна манифестација во Македонија, Ана Липша Тофовиќ почина во понеделникот во Скопје на 86-годишна возраст“. макфакс. 4 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2012-09-04.