22 јуни (настани)
Изглед
217 п.н.е. | Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во Битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет). |
168 п.н.е. | Четврта македонско-римска војна: Во Битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија. |
1633 | Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената. |
1815 | Наполеон абдицирал по вторпат по поразот во Битката кај Ватерло. |
1889 | Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години. |
1941 | Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР. |
1976 | Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна. |
1978 | Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон. |