Ѓорѓи Мавродиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓорѓи Мавродиев
Роден Ѓорѓи Мавродиев
1 февруари 1928
Крупник, Пиринска Македонија, Република Бугарија

Ѓорѓи Мавродиев (Георги Мавродиев)[1] — македонски физичар и професор.

Роден во 1928 година во селото Крупник, Пиринска Македонија. 1950 година дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 1960 докторирал на ПМФ со тема за исправувачките својства на Бунзеновиот пламен. Специјализирал во Љубљана и во Единбург. Од 1971 г. е редовен професор на ПМФ.

Предавал механика, термодинамика и електромагнетизам, како и општа физика на останатите факултети. Објавил повеќе трудови за електричната спроводливост на гасовите и плазмата, за фазните дијаграми на тврдите тела и легурите, проучувани преку нивната дилатација, за тенките филмови и примената на сончевата енергија.

Соавтор е на повеќе средношколски учебници. За периодот 1975-1976 бил декан на ПМФ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Студии по физика
  2. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Мавродиев, Ѓорѓи". Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. стр. .