Дарен Флечер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шкотска Дарен Флечер
Darren Fletcher 2017.jpg
Лични податоци
Роден на 1 февруари 1984 (1984-02-01) (воз. 34 г.)
Роден во Далкит, Шкотска
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Стоук Сити Стоук Сити
Број 24
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 223 (18)
2015–2017 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 91 (4)
2017– Стоук Сити Стоук Сити 23 (1)
Репрезентација
2002 Шкотска Шкотска 20 2 (2)
2002-2003 Шкотска Шкотска 21 4 (0)
2003- Шкотска Шкотска 80 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 27 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јануари 2012

Дарен Бар Флечер (роден на 1 февруари 1984 година во Далкит) е шкотски фудбалер, играч од средниот ред на Стоук Сити.

Моментално тој е капитен на својата репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Внатрешен играч од средниот ред, кој по потреба може да игра и како крило и како играч од одбраната,[1] што го прави поливалентен играч.

Биографија[уреди | уреди извор]

Флечер е роден и израснал во Далкит, Мидлотиан, Источна Шкотска.[2][3] Со образование се стекнал учејќи во основното училиште Сент Лук и во средното Сент Дејвид во Далкит.[4] Како дете Флечер бил навивач на Селтик.[5]

Флечер се оженил со Хајли Грајс во јуни 2010, со која има две деца близнаците Џек и Тајлер родени во 2007 година.[6][7]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Во детството Флечер играл фудбал во Хачисон Вејл и Тајнкасл пред да биде забележан од скаутите на Манчестер Јунајтед.[8][9] Тој му се приклучил на Манчестер Јунајтед како младински играч на возраст од 11 години. Флечер требало да стане најмладиот играч кој некогаш се појавил во првиот тим на Манчестер Јунајтед, кога бил повикан за последниот лигашки натпревар на клубот во сезоната 1999-2000 против Астон Вила на 14 мај 2000 година, но правилата на Премиер лигата им забранувале на играчите кој имаат училишни договори настап на сениорско ниво, поради што дебито на Флечер било одложено. Тој подоцна потпишал приправнички договор во јули 2000 година, пред да го потпише својот прв професионален договор со клубот на 1 февруари 2001 година, на неговиот 17-ти роденден.

Во меѓувреме, тој постепено напредувал низ младинските тимови на клубот, и бил дел од резервниот тим кој го освоил Манчестер Сениор купот во сезоната 1999-2000.[10] Тој првично играл како десно крило и бил виден како наследник на Дејвид Бекам - еден од најдобрите играчи на тимот во тој момент - и според многумина би требало со леснотија да се пробие во првиот тим и да остане таму многу години подоцна откако Бекам ќе замине,[11] но како се развивал било јасно дека на Флечер многу повеќе му одговара позицијата централен играч од средниот ред.

Во текот на следните неколку сезони, учествата на Флечер биле ограничени поради разни повреди, вклучувајќи ја и скршеницата на ногата. Сепак, од сезоната 2002-2003, тој станал редовен член на резервниот тим, а по неколку настапи како неискористена замена, тој конечно го направил своето деби за првиот тим на 12 март 2003 година - речиси три години подоцна откако првично било планирано - почнувајќи на десната страна во средниот ред против Базел во втората групна фаза на Лигата на шампионите 2002-2003.[2][12] Тој бил заменет со Дејвид Бекам во 73-тата минута, но вториот настап во Лигата на шампионите против Депортиво де Ла Коруња уследил само една недела подоцна,[13] а исто така тој бил на клупата и во двата дуела од четвртфиналето против Реал Мадрид.[14][15] За неговите настапи за резервниот тим во сезоната 2002-2003, Флечер ја добил Дензил Харун наградата за играч на годината на резервниот тим на Манчестер Јунајтед.

Член на првиот тим[уреди | уреди извор]

Флечер влегол во првиот тим на Манчестер Јунајтед за време на кампањата 2003-2004 во англискиот фудбал, играјќи голем број на важни натпревари меѓу кои и Финалето на ФА Купот 2004 кое го започнал во стартните единаесет на Јунајтед играјќи 84 минути во победата на црвените ѓаволи со 3-0 над Милвол. И покрај бавниот почеток на кампањата 2004-2005, во која во почетокот на сезоната тој направил многу малку настапи, сепак Флечер успеал да се избори за место во првиот тим на Јунајтед нешто подоцна. На 1 јануари 2005 година, Флечер го постигнал својот прв гол во кариерата во Премиер лигата во победата со 2-0 над Мидлсбро.[16]

Флечер бил еден од играчите кој биле изложен на критика од страна на капитенот на клубот Рој Кин, по поразот на Јунајтед со 4-1 од Мидлсбро во октомври 2005 година. Наводно, Кин изјавил: "Не можам да разберам зошто луѓето во Шкотска се толку запалени за Дарен Флечер."[17] Сепак, Кин подоцна се обидел да ја исправи својата изјава велејќи: "Ако ги слушате моите коментари во текот на последните две или три години, ако на некој играч сум му дал кредит во текот на годините, тоа би бил Флеч. И тој го знае тоа."[18] Флечер на некој начин им одговорил на неговите критичари во најважниот натпревар во лигата на 6 ноември 2005 година, постигнувајќи го единствениот погодок во победата над Челси со 1-0 со лоб удар со глава.[19] Неговиот победоносен гол исто така значел и крај на серијата на Челси од 40 натпревари без пораз во Премиер лигата.[19]

Флечер со Манчестер Јунајтед против Челси во 2008

На почетокот на сезоната 2006-2007 Флечер го задржа своето место во првиот тим, но постигнал гол само еден гол и тоа по влегувањето од клупата во гостинската победа над Чарлтон Атлетик.[20] Подоцна, тој го постигнал победничкиот гол со глава во гостинското соочување со Мидлзборо во декември[21] и уште еден гол со глава во победата против Чарлтон дома во февруари, правејќи дабл против овој клуб таа сезона.[22] Како сезоната одминувала, менаџерот Алекс Фергусон се повеќе го преферирал квартетот играчи во средниот ред Кристијано Роналдо, Пол Сколс, Мајкл Карик и Рајан Гигс, со што настапите на Флечер биле ограничени само на влегувања од клупата за резерви како замена. Меѓутоа, поради отсуството на Сколс заради суспензија, тој добил шанса во стартната постава, за реванш дуелот со Рома од Лигата на шампионите во кој одиграл значајна улога при фантастичната победа на Јунајтед со 7-1 со што црвените ѓаволи се пласирале во полуфиналето со вкупен реултат 8-3.[23]

Пред почетокот на сезоната 2007-2008, Манчестер Јунајтед се засилил во средниот ред со Овен Харгривс и Андерсон како и со крилото Нани, со што Флечер играл помалку дури и во однос на претходната сезона. Како и претходно, Фергусон ги преферираше Карик, Сколс, Гигс и Роналдо во средниот ред, а Флечер добил помалку време за игра и од новите засилувања. Сепак, тој одиграл и некој забележителни натпревари кога добил шанса, вклучувајќи ги двата гола во победата со 4-0 над Арсенал на Олд Трафорд во четвртата рунда на ФА купот.[24] Флечер добил златен медал, кој му припаѓа на победникот во Лигата на шампионите, иако тој бил неискористена резерва во финалето против Челси кое Јунајтед го добил по изведувањето на пенали.[25]

Флечер со Манчестер Јунајтед во 2009

Во сезоната 2008-2009, Флечер бил стартер во првите два натпревари на Јунајтед, и постигнал гол против Њукасл Јунајтед на Олд Трафорд во првиот натпревар на клубот во Премиер лигата за сезоната, носејќи им на домаќините израмнување на 1-1 по водечкиот гол на Обафеми Мартинс.[26] Флечер го пронашол својот втор гол за сезоната отворајќи го резултатот со удар од непосредна близина против Портсмут, на додавање на Патрис Евра во победата со 1-0.[27] На 3 октомври 2008 година, Флечер потпишал продолжување на неговиот договор со Манчестер Јунајтед за уште три години до летото 2012 година. Третиот гол на Флечер за сезоната дошол против Евертон на 25 октомври.[28] Исто така тој постигнал погодок и на Светското клупско првенство во победата со 5-3 во полуфиналето против Гамба Осака, само 10 минути по влегувањето во игра од клупата за резерви.[29]

Во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал на 5 мај 2009 година, Флечер добил директен црвен картон за старт над Сеск Фабрегас, што значело дека тој нема да може да игра во финалето.[30] Од повторената снимка јасно се видело дека стартот на Флечер бил чист бидејќи тој најпрво ја допрел топката по што од Манчестер Јунајтед се обиделе да ја поништат оваа одлука, меѓутоа во натпреварувањата на УЕФА не постоела жалбена постапка за црвените картони дури иако се неправедно покажани како во случајот на Флечер.[31] Манчестер Јунајтед поднеле жалба до УЕФА за да биде поништен црвениот картон од полуфиналето на 7 мај 2009,[32] но таа била отфрлена четири дена подоцна.[33] Потоа, тренерот на Интер Жозе Мурињо дал изјава во врска со отсуството на Флечер во финалето, велејќи: "Флечер е поважен отколку што мислат луѓето. Неговото дело во средниот ред, особено во битките на средината на теренот во клучните натпревари тој е многу важен. Манчестер Јунајтед ќе го пропушти своето темпо и агресија во дефанзивните акции: тој ги "јаде" противниците во одбранбената транзиција. Верувам дека Чави и Андрес Инјеста се среќни што Флеч нема да игра."[34]

Во сезоната 2009-2010, Флечер го зацврстил своето место во срцето на средниот ред на Манчестер Јунајтед, започнувајќи ги сите важни натпревари на клубот. Тој ја отворил својата сметка на голови за сезоната постигнувајќи два на еден ист натпревар, незаборавното манчестерско дерби во кое Јунајтед го совладал Сити со 4-3 на Олд Трафорд, откако Флечер два пати го носел Јунајтед во водство од 2-1 и 3-2 Сити успеал да изедначи на 3-3, но сепак Мајкл Овен бил играчот кој го постигнал решавачкиот погодок во шестата минута од дополнителното време. Флечер исто така бил избран за Играч на натпреварот.[35] На 21 ноември 2009 година, Флечер го постигнал својот трет погодок за сезоната, зафаќајќи полу-волеј од работ на шеснаесетникот кој завршил во горниот агол, со што Јунајтед дошол до водство од 1-0 против Евертон во победата со 3-0.[36] Во текот на оваа сезона, исто така, Флечер бил забележан како настапува во одбраната како и другите играчи од средниот ред Мајкл Карик и Парк Жи-Сунг, поради кризата со повреди на играчите од одбраната која го оставила само Патрис Евра како единствениот здрав играч од последната линија.[37][38] Тие сепак успеале да ја одржат својата мрежа сува против Вест Хем Јунајтед и да примат само еден гол од шампионот на Бундеслигата Волфсбург во Лигата на шампионите.[39] На 9 јануари 2010, Флечер бил исклучен за време на натпреварот против Бирмингем Сити откако добил два жолти картони.[40] На 10 март, тој го постигна четвртиот гол во победата со 4-0 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Милан, со што неговиот тим изборил пласман во четвртфиналето.[41] По завршувањето на сезоната Флечер бил избран во Идеалниот тим на Премиер лигата за сезоната 2009-2010.[42]

Подоцнежни години и проблемите со улцеративен колитис[уреди | уреди извор]

Флечер го направил својот прв старт во сезоната 2011-2012 во првиот натпревар на Јунајтед од групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2011 година на гости кај Бенфика, кој завршил со нерешен резултат 1-1.[43][44] Ова бил прв старт на Флечер после неколку месеци откако тој бил надвор од акција од крајот на сезоната 2010-2011 поради болест, за која подоцна во декември 2011 година било установено дека се работи за улцеративен колитис.[45] Тој го направи своето прво појавување во Премиер лигата за сезоната четири дена подоцна во победата со 3-1 против конкурентот за титулата Челси.[46] Флечер го задржал своето место во средниот ред и во следните натпревари од Премиер лигата против Стоук[47] и Норич Сити.[48] На 23 октомври, тој постигна го постигнал почесниот погодок за Јунајтед во поразот со 6-1 од градскиот ривал Манчестер Сити,[49] со прекрасен пласиран удар во десниот горен агол.[50]

Својот 300-ти настап во кариерата за Манчестер Јунајтед Флечер го направил на 5 ноември во победата со 1-0 против Сандерленд.[51] Флечер го постигнал вториот гол за сезоната во ремито 2-2 на Манчестер Јунајтед против Бенфика во Лигата на шампионите, на 22 ноември. Тој одлично го испратил центаршутот на Патрис Евра засекувајќи ја топката на пет метри од голот, но откако голманот му го одбранил првиот обид Флечер добил уште една можност за конечно да постигне гол.[52] По овој натпревар тој најавил дека ќе направи подолга пауза од фудбалот по медицинскиот совет заради неговите проблеми со постојаниот улцеративен колитис.[45] Тој не одиграл ниту еден натпревар до крајот на сезоната 2011-2012.[53]

Во септември 2012, Флечер го одиграл својот прв натпревар по десет месечното отсуство, влегувајќи како замена на местото на Пол Сколс во победата со 1-0 над Галатасарај на Олд Трафорд во Лигата на шампионите.[54] На 24 ноември, Флечер го постигнал својот прв гол после болеста, реализирајќи со удар со глава по корнерот изведен од Вејн Руни против Квинс Парк Ренџерс.[55] На 17 јануари 2013 година, било објавено дека Флечер бил подложен на операција со цел да се реши неговата состојба, што ќе го отфрли од акција до крајот на сезоната. Во соопштението било нагласено дека ова е "планирана процедура преземена во оптимално време" за што е потребно Флечер да биде во добра здравствена состојба. Во својот говор по пензионирањето во мај 2013 година, веднаш по неговиот последен натпревар на Олд Трафорд како менаџер на Манчестер Јунајтед, менаџерот Алекс Фергусон му посакал на Флечер што е можно побрзо да закрепне и да му се врати на фудбалот.[56] Една недела подоцна, стигнала вестта дека неговата хирургија била успешна и дека Флечер е на прав пат да се врати на фудбалот во јули 2013 година.[57]

На 15 декември 2013 година, Флечер го направи своето прво појавување по речиси една година влегувајќи како замена за Рајан Гигс во победата со 3-0 над Астон Вила.[58] Откако имал уште еден настап од клупата за резерви три дена подоцна против Стоук Сити во Лига купот, Флечер го забележал и својот прв првенствен старт за Манчестер Јуанјтед после 390 дена во победата на гости со 3-2 над Хал Сити.[59] Во август 2014, тој бил назначен за втор капитен на Манчестер Јунајтед од менаџерот Луј ван Гал, зад Вејн Руни.[60]

Вест Бромвич Албион[уреди | уреди извор]

Флечер (играчот со број 24) во дресот на Вест Бромвич Албион против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед во април 2017

На 2 февруари 2015 година, Флечер потпишал за Вест Бромвич Албион со слободен трансфер.[61] Тој дебитирал на 8 февруари 2015 година против Барнли, носејќи ја капитенската лента на Албион.[62] Својот прв гол за клубот го постигнал на 11 април 2015 година против Лестер Сити, во поразот со 3-2.[63] Помеѓу неговото деби за Вест Бром во февруари 2015 година и паузата за репрезентативни настапи од октомври 2015 година, Флечер не пропуштил ниту една минута фудбал во Премиер лигата, со што целосно го докажал неговото враќање по проблемите со болеста во претходните години.[64] Својот втор гол за Вест Бромвич го постигнал на 28 декември 2015 година, во победата со 1-0 против Њукасл Јунајтед.[65] На својот следен погодок во Премиер лигата Флечер почекал до сезоната 2016-2017. Тој дошол во победата со 4-0 против Барнли на 21 ноември 2016 година.[66] Својот последен гол за Вест Бромвич во карерата го постигнал на 21 јануари 2017 година, во победата со 2-0 против Сандерленд.[67] Во натпреварот против Стоук Сити, на 4 февруари 2017 година, го одбележал својот 300-ти натпревар во Премиер лигата. Поранешниот менаџер на Флечер Сер Алекс Фергусон го поздравил него нарекувајќи го "фантастичен професионалец и фантастично човечко суштество".[68]

Стоук Сити[уреди | уреди извор]

На 1 јуни 2017 година, Флечер потпишал двегодишен договор со Стоук Сити, кој стапил во сила по истекот на неговиот договор со Вест Бромвич Албион на 1-ви јули.[69] Тој дебитирал на 12 август, кога тимот ја започнал својата сезона во Премиер лигата со пораз од Евертон со 1-0, играјќи ги сите 90 минути.[70]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Флечер дебитирал за сениорската репрезентација на Шкотска на 20 август 2003, влегувајќи од клупата за резерви во 60-тата минута на пријателскиот натпревар против Норвешка во Осло што завршил 0-0. Во текот на сезоната 2003-2004 тој се утврдил како редовен репрезентативец. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал во победата со 1-0 против Литванија, веќе во својот втор настап.[71] Неговиот погодок бил исто така многу важен затоа што ја одвел Шкотска во баражот за Европското првенство 2004. На 26 мај 2004 година, Флечер бил капитен на Шкотска во победата над Естонија во пријателскиот натпревар одигран во Талин, со што станал најмладиот капитен на Шкотска од 17-годишниот Џон Ламби во 1886 година.[2][72] На 12 октомври 2005 Флечер постигнал прекрасен погодок со удар од преку 20 метри против Словенија во гостинската победа со 3-0.[73]

Под водство на селекторот Алекс МекЛиш, Флечер бил заменик капитен зад Бари Фергусон, но во ноември 2009 кога Фергусон бил исфрлен од репрезентацијата заради кршење на прописите Флечер ја вратил капитенската лента и оттогаш е прв капитен на шкотската репрезентација.

Хронолгија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 31 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2002-2003 Англија Манчестер Јунајтед ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 2 0 - - - 2 0
2003-2004 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 5+0 0 ЛШ 6 0 КШ 0 0 33 0
2004-2005 ПЛ 18 3 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛШ 5[74] 0 КШ 1 0 28 3
2005-2006 ПЛ 27 1 ФАКуп+ЛК 3+4 0 ЛШ 7[74] 0 - - - 41 1
2006-2007 ПЛ 24 3 ФАКуп+ЛК 6+1 0 ЛШ 9 0 - - - 40 3
2007-2008 ПЛ 16 0 ФАКуп+ЛК 1+0 2 ЛШ 6 0 КШ 1 0 24 2
2008-2009 ПЛ 26 3 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛШ 8 0 КШ+СУ+Скп 1+1+2 0+0+1 42 3
2009-2010 ПЛ 30 4 ФАКуп+ЛК 0+3 0 ЛШ 7 1 КШ 1 0 41 5
2010-2011 ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 7 1 КШ 1 0 37 3
2011-2012 ПЛ 8 1 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ+ЛЕ 2+0 1+0 КШ 0 0 10 2
2012-2013 ПЛ 3 1 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 5 0 - - - 10 1
2013-2014 ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 ЛШ 2 0 КШ 0 0 18 0
2014-јан. 2015 ПЛ 11 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 12 0
Вкупно Манчестер Јунајтед 223 18 40 0 66 3 8 0 337 21
јан.-јун. 2015 Англија Вест Бромвич ПЛ 15 1 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 15 1
2015-2016 ПЛ 38 1 ФАКуп+ЛК 3+1 2+0 - - - - - - 42 3
2016-2017 ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 40 2
Вкупно Вест Бромвич 91 4 6 2 - - - - 97 6
2017-2018 Англија Стоук Сити ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 6 0
Вкупно во кариерата 319 22 47 2 66 3 8 0 440 27

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Шкотска Шкотска[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ESPN.com, уред. „Player Profile“. http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/8871/darren-fletcher?cc=5901. посет. 26 febbraio 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Darren Fletcher has the courage and strength to beat illness, says ex-Man Utd mate Henning Berg“, „Daily Record“, 14 декември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  3. Scotland captain Darren Fletcher: It's scary to think I'm on the same number of caps as legends like Denis Law and Billy Bremner“, „Daily Record“, 6 септември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  4. Scotland star to be added to hall of fame“, „The Scotsman“, 3 март 2009.
  5. 'I sat in tears at Celtic Park as Goram put me through Old Firm hell' The Sun Robert Grieve 21 October 2015
  6. Scotland hopes“, „Sunday Herald“, Newsquest (посет. 20 јануари 2008 г).
  7. Umair, Ahmed (17 јуни 2010). „Darren Fletcher marries Hayley Grice“. Soccerlens.com. архивирано од оригиналот на 19 јуни 2010. https://web.archive.org/web/20100619000125/http://soccerlens.com/babes/darren-fletcher-marries-hayley-grice/. посет. 17 јуни 2010 г. 
  8. Congratulations to former duo“, tynecastlefc.co.uk, 16 јуни 2012.
  9. Andy Driver just another product of incredible Hutchison Vale youth set-up“, Daily Record, 13 октомври 2009.
  10. „Darren Fletcher – United Honours“. ManUtd.com. Manchester United. http://www.manutd.com/en/Players-And-Staff/First-Team/Darren-Fletcher.aspx?section=HonoursAndAwards. посет. 30 јануари 2012 г. 
  11. Lawrence, Ken. „Fletcher is ready to fill Beckham's boots“, „ESPNsoccernet“, 28 јули 2000.
  12. „Brave Basel come up short“. UEFA.com. 13 март 2003. http://www.uefa.com/uefachampionsleague/season=2002/matches/round=1637/match=1038264/postmatch/report/index.html. посет. 30 јануари 2012 г. 
  13. Ashdown, John. „Deportivo La Coruna 2 – 0 Man United“, „guardian.co.uk“, 18 март 2003 (посет. 30 јануари 2012 г).
  14. Real cruise past Man Utd“, „BBC Sport“, 8 април 2003 (посет. 30 јануари 2012 г).
  15. Glendenning, Barry. „Manchester United 4 – 3 Real Madrid (agg: 5 – 6)“, „guardian.co.uk“, 23 април 2003 (посет. 30 јануари 2012 г).
  16. Middlesbrough 0–2 Man Utd“, „BBC Sport“, 1 јануари 2005 (посет. 2 јануари 2010 г).
  17. Taylor, Daniel. „Keane gagged by United after TV attack on players“, „The Guardian“, 1 ноември 2005 (посет. 1 мај 2010 г).
  18. Grant, Michael. „Keane Rates Fletcher“, „Sunday Herald“, Herald & Times Group, 18 декември 2005 (посет. 1 септември 2013 г).
  19. 19,0 19,1 „Man Utd 1–0 Chelsea“. BBC Sport. 6 ноември 2005. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/eng_prem/4387838.stm. посет. 2 јануари 2010 г. 
  20. Nurse, Howard. „Charlton 0–3 Man Utd“, „BBC Sport“, 23 август 2006 (посет. 30 јануари 2012 г).
  21. Chowdhury, Saj. „Middlesbrough 1–2 Man Utd“, „BBC Sport“, 2 декември 2006 (посет. 30 јануари 2012 г).
  22. Hughes, Ian. „Man Utd 2–0 Charlton“, „BBC Sport“, 10 февруари 2007 (посет. 30 јануари 2012 г).
  23. Bevan, Chris. „Man Utd 7–1 Roma (agg 8–3)“, „BBC Sport“, 10 април 2007 (посет. 30 јануари 2012 г).
  24. Man Utd 4–0 Arsenal“, „BBC Sport“, 16 февруари 2008 (посет. 30 јануари 2012 г).
  25. Man Utd earn dramatic Euro glory“, „BBC Sport“, 22 мај 2008 (посет. 30 јануари 2012 г).
  26. Stevenson, Jonathan. „Man Utd 1–1 Newcastle“, „BBC Sport“, 17 август 2008 (посет. 26 август 2008 г).
  27. Hughes, Ian. „Portsmouth 0–1 Man Utd“, „BBC Sport“, 25 август 2008 (посет. 26 август 2008 г).
  28. Scholes & Fletcher sign new deals“, „BBC Sport“, 3 октомври 2008 (посет. 3 октомври 2008 г).
  29. Glendenning, Barry. „Gamba Osaka v Manchester United – as it happened“, „guardian.co.uk“, 18 декември 2008 (посет. 30 јануари 2012 г).
  30. Arsenal 1–3 Man Utd (agg 1–4)“, „BBC Sport“, 5 мај 2009 (посет. 1 мај 2010 г).
  31. Cheese, Caroline. „Arsenal v Man Utd as it happened“, „BBC Sport“, 5 мај 2009 (посет. 1 мај 2010 г).
  32. United lodge Fletcher appeal“, „Sky Sports“, 7 мај 2009.
  33. Fletcher appeal rejected“, „BBC Sport“, 11 мај 2009 (посет. 11 мај 2009 г).
  34. Jose Mourinho: Sir Alex Ferguson can become the greatest in Rome. Daily Telegraph. 24 May 2009. Retrieved on 2013-03-27.
  35. Man Utd 4–3 Man City“, „BBC Sport“, 20 септември 2009 (посет. 20 септември 2009 г).
  36. Man Utd 3–0 Everton“, „BBC Sport“, 21 ноември 2009 (посет. 21 ноември 2009 г).
  37. Ladyman, Ian. „Manchester United's injury crisis is so bad that Sir Alex Ferguson calls up rookie Oliver Gill... son of chief executive David“, „Mail Online“, 8 декември 2009 (посет. 30 јануари 2012 г).
  38. Manchester United injury crisis deepens“, „The Independent“, 7 декември 2009 (посет. 30 јануари 2012 г).
  39. Wolfsburg 1–3 Man Utd“, „BBC Sport“, 8 декември 2009 (посет. 30 јануари 2012 г).
  40. Manchester United's Darren Fletcher frustrated by Birmingham red card“, „guardian.co.uk“, 12 јануари 2010 (посет. 30 јануари 2012 г).
  41. Man Utd 4–0 AC Milan (agg 7–2)“, „BBC Sport“, 10 март 2010 (посет. 30 јануари 2012 г).
  42. Rooney is PFA player of the year“, „BBC Sport“, 25 април 2010 (посет. 30 јануари 2012 г).
  43. Hunter, Andy. „Manchester United face toughest title defence, says Darren Fletcher“, „guardian.co.uk“, 15 септември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  44. „Fletch: Good to be back“. ManUtd.com. Manchester United. 14 септември 2011. http://www.manutd.com/en/News-And-Features/Football-News/2011/Sep/darren-fletcher-delighted-to-be-back.aspx. посет. 30 јануари 2012 г. 
  45. 45,0 45,1 Darren Fletcher takes break for health reasons“, „ManUtd.com“, Manchester United (посет. 13 декември 2011 г).
  46. Man Utd 3–1 Chelsea“, „BBC Sport“, 18 септември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  47. Stoke 1–1 Man Utd“, „BBC Sport“, 24 септември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  48. Man Utd 2–0 Norwich“, „BBC Sport“, 1 октомври 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  49. Man Utd 1–6 Man City“, „BBC Sport“, 23 октомври 2006 (посет. 30 јануари 2012 г).
  50. Liew, Jonathan. „Manchester United v Manchester City: live“, „The Telegraph“, 23 октомври 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  51. „Fletch: United is my home“. ManUtd.com. Manchester United. 22 ноември 2011. http://www.manutd.com/en/News-And-Features/Exclusive-Interviews/2011/Nov/darren-fletcher-united-review-interview.aspx. посет. 30 јануари 2012 г. 
  52. James, Stuart. „Manchester United's future in doubt after Benfica snatch worthy point“, „guardian.co.uk“, 22 ноември 2011 (посет. 30 јануари 2012 г).
  53. Murrells, Katy. „Darren Fletcher takes 'extended break from football' due to illness“, „guardian.co.uk“, Guardian News and Media, 13 декември 2011.
  54. „Darren Fletcher ovation pleases Alex Ferguson“. BBC Sport. 19 септември 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/19655602. посет. 20 септември 2012 г. 
  55. „Man Utd 3-1 QPR“. www1.skysports.com. http://www1.skysports.com/football/live/match/261684/report. посет. 31 јануари 2015 г. 
  56. „Sir Alex Ferguson gives emotional farewell speech“. Give Me Football.com. http://www.givemefootball.com/344922-sir-alex-ferguson-gives-emotional-farewell-speech. посет. 15 мај 2013 г. 
  57. „Manchester United midfielder Darren Fletcher raring to go following successful bowel surgery“. Daily Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/football/teams/manchester-united/10055042/Manchester-United-midfielder-Darren-Fletcher-raring-to-go-following-successful-bowel-surgery.html. посет. 15 мај 2013 г. 
  58. Winter, Henry. „Aston Villa 0 Manchester United 3: match report“, Telegraph Media Group, 15 декември 2013 (посет. 15 декември 2013 г).
  59. Burrows, Ben. „Darren Fletcher handed first Manchester United start in 390 days against Hull City“, „Mirror Online“, Trinity Mirror, 26 декември 2013 (посет. 26 декември 2013 г).
  60. Wayne Rooney named Manchester United's club captain by Louis van Gaal“, The Guardian, 13 август 2014 (посет. 1 јуни 2017 г).
  61. Ornstein, David. „Darren Fletcher joins West Brom from Manchester United“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 3 февруари 2015 (посет. 3 февруари 2015 г).
  62. Burnley 2–2 West Brom“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 8 февруари 2015 (посет. 9 февруари 2015 г).
  63. West Brom 2–3 Leicester“, BBC Sport, 11 април 2015 (посет. 29 април 2015 г).
  64. Canavan, Steve; Sanghera, Madneep (7 октомври 2015). „Sportsday - Rolling Football News“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/live/33998097. посет. 7 октомври 2015 г. 
  65. West Brom 1-0 Newcastle“, BBC Sport, 28 декември 2015 (посет. 29 декември 2015 г).
  66. West Bromwich Albion 4-0 Burnley“, 21 ноември 2016. (на en-GB)
  67. West Bromwich Albion 2-0 Sunderland“, „BBC Sport“, 21 јануари 2017. (на en-GB)
  68. „West Brom's 300-game star Darren Fletcher hailed by Sir Alex Ferguson " Express & Star“ (на en). http://www.expressandstar.com/sport/west-bromwich-albion-fc/2017/02/06/west-broms-300-game-star-darren-fletcher-hailed-by-sir-alex-ferguson/. 
  69. „Darren Fletcher: Stoke sign midfielder from West Brom“. http://www.bbc.co.uk/sport/football/40125487. посет. 1 јуни 2017 г. 
  70. Everton 1 Stoke City 0 Match Comment: The moment which might define you as an optimist or pessimist“, „The Sentinel“, 15 август 2017 (посет. 14 октомври 2017 г).
  71. Scotland battle past Lithuania“, „BBC Sport“, 11 октомври 2003 (посет. 2 јануари 2010 г).
  72. „Sat 20 Mar 1886 Ireland 2 Scotland 7“. London Hearts. http://londonhearts.com/scotland/games/18860320.html. посет. 27 ноември 2006 г. 
  73. Slovenia 0–3 Scotland“, „BBC Sport“, 12 октомври 2005 (посет. 30 јануари 2012 г).
  74. 74,0 74,1 2 настапи во третото квалификациско коло.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]