Обафеми Мартинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нигерија Обафеми Мартинс
Martins Llevant.jpg
Лични податоци
Полно име Обафеми Акинвунми Мартинс[1]
Роден на 28 октомври 1984 (1984-10-28) (34 г.)
Роден во Лагос, Нигерија
Висина &100000000000001710000001,71 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс
Број 9
Младинска кариера
Ебедеи Ебедеи
Реџана Реџана
Интер Интер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2001 Реџана Реџана 2 (0)
2001-2006 Интер Интер 88 (28)
2006–2009 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 88 (28)
2009-2010 Волфсбург Волфсбург 16 (6)
2010-2012 Рубин Казањ Рубин Казањ 20 (3)
2011Бирмингем Сити Бирмингем Сити 4 (0)
2012-2013 Леванте Леванте 21 (7)
2013- Сиетл Саундерс Сиетл Саундерс 62 (32)
Репрезентација
2004- Нигерија Нигерија 39 (18)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Обафеми Акинвунми Мартинс (роден на 28 октомври 1984 година) е нигериски фудбалер, напаѓач на Сиетл Саундерс.

Познат е по неговиот прекар Оба Оба Мартинс.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Мартинс му се приклучил на локалниот фудбалски клуб Ебедеи, откако бил забележан од страна на менаџерот Черчил Олисех додека играл фудбал на улица во неговиот роден град. По една година со клубот, италијански клуб Реџана член на Серија Ц лигата го доведува играчот. По дво-месечните проби во клубот, Мартинс заедно со својот колега од Ебедеи Стивен Макинва потпишале младински договори со Реџана во 2000 година. Неговата прва сезона во Италија била одлична бидејќи тој успеал да се пробие во првиот тим, а кон крајот на сезоната клубовите од Серија А, Перуџа и Интер испратиле понуди за младиот нигериски напаѓач.[3]

Интер[уреди | уреди извор]

Во 2001 година Мартинс потпишал договор со Интер за сума од 750,000 , и во својата прва сезона тој постигна 23 гола за Примавера тимот, помагајќи им да ја освојат титулата во таа категорија. Неговата форма во младинскиот го довела до тоа многу брзо да добие шанса во првиот тим. прваејќи го своето деби во лигата следната сезона, во натпреварот против Парма во декември 2002 година. Тој не бил редовен стартер во првиот тим на Интер до крајот на сезоната 2002-2003. Сепак, тој го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите таа сезона, влагувајќи како замена против неговите идни работодавачи, Њукасл Јунајтед, на Сент Џејмс Парк. На 19 март тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во натпреварот против Баер Леверкузен со кој му помогнал на Интер да обезбеди место во четврт финалето; снимките од неговата прослава на голот која била изразена со правење на неколку салта потоа биле искористени од страна на УЕФА за рекламирање на натпреварувањето за следната сезона. Тој повторно постигнал гол во Лигата на шампионите во полу-финалниот натпревар против лутите ривали на Интер, Милан, но не можеше да ја спречи елиминацијата на својот клуб поради правилото гол во гости со што подоцнежните шампиони се пласирале во финалето.[4] Тој ја завршил сезоната со еден првенствен гол (против Аталанта на 3 мај 2003) во четири натпревари.[5]

Мартинс потпишал долгорочен договор со Интер во 2005 година, во трајност до 2010 година во вредност од околу 2,5 € годишно.[6] Неговата добра форма за Интер продолжила и во следните две сезони во кои постигнал вкупно 33 гола во сите натпреварувања, па бил повикан да игра и за Нигерија на Африканскиот куп на нациите во 2006.

Иако имал успех со Интер, постигнувајќи 28 голови за клубот во 88 натпревари, како и 11 гола во Европските натпреварувања, тој бил продаден во август 2006 година. Ова се должи на фактот што Интер донел уште двајца нови напаѓачи; прво аргентинецот Ернан Креспо кој дошол на заем од Челзи, а потоа и швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој бил купен од Јувентус.[7]

Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Откако Мартинс побарал да биде ставен на трансфер-листата во август 2006 година, англискиот клуб од Премиер лигата Њукасл Јунајтед постигнал договор со Интер за напаѓач и го комплетирале трансферот на 24 август 2006 година за 15.000.000 €,[8] кога Мартинс потпишал петгодишен договор. Тој бил претставен пред навивачите на страчките непосредно пред почетокот на нивниот натпревар од Купот на УЕФА против летонскиот Вентспилс, и му бил доделен дресот со број 9. на клубот, кој бил испразнет по пензионирањето на клупскиот рекордер по бројот на постигнати голови Алан Ширер во април истата година.

Мартинс го направил своето деби на 27 август, во поразот со 2-0 од Астон Вила, во која тој бил изваден надвор од игра со повреда на коленото. Потоа се испоставило дека Мартинс доживеал сериозно умртвување на ногата проследено со внатрешно крварење. Неговиот незабележителни први неколку настапи за Њукасл го предизвикале менаџерот Глен Редер да проговори во негова одбрана.[9]

Сепак, на 17 септември, Мартинс го постигнал својот прв гол за Њукасл. Тоа бил вториот гол во победата со 2-0 над Вест Хем Јунајтед на Аптон Парк, и од таму неговата форма на постигнување голови започнала да се подобрува постојано.

Извештаите во јануари 2007 година сугерирале дека Челси ја разгледува можноста за понуда за услугите на Мартинс по неговата импресивна форма. Овие извештаи подоцна биле отфрлени од самиот Мартинс[10] и Редер изјавил дека иако тој е заинтересиран за потпишување со Челси, дека нема да дозволи Мартинс да го напушти Њукасл.

На 14 јануари, во гостинската победа со 2-3 против Тотенхем, Мартинс постигнал одличен гол со шут од преку 20 јарди. Овој удар бил измерен од Sky Sports со брзина од 135 километри на час, Што го прави неофицијално деветтиот најсилен удар што воопшто е снимен во фудбалот според веб-страницата на Гардијан.[11] Ова бил десеттиот гол на Мартинс за Њукасл. Мартинс ја завршил својата прва сезона во Тајнисајд со 17 гола во 46 натпревари.

Неговата втора сезона била малку измешана. Со новиот менаџер Сем Алардајс кој претпочитал да игра со Мајкл Овен и Марк Видука во нападот, Мартинс се нашол во ситуација да биде користен како замена за првата половина од сезоната. И покрај ова, тој успеал да го постигнува голови постојано, и кога Алардајс бил отпуштен и заменет со Кевин Киген, Мартинс бил вклучен во напаѓачкото трио заедно со Овен и Видука. Мартинс постигнал помалку голови во својата втора сезона со Њукасл, што главно се должи на тоа што не бил фокусната точка на сите нивни напади на клубот, како што било случај во неговата прва сезона со нив, како и на фактот што неговата сезона во клубот била прекината во декември поради Африканскиот куп на нации со каде тој учествувал со Нигерија.

Мартинс постигнал шест гола во 12 натпревари во текот на првата половина на сезоната 2008-09 пред да ја скине тетивата што го отфрлило од игра за неколку натпревари.[12] На 7 јануари 2009 година било потврдено, дека Мартинс ќе биде подлежан на операција од хернија во Германија следниот понеделник. Тој бил опериран од страна на познатиот специјалист д-р Улрике Мушавек. Тој се вратил во акција за последните два натпревари од сезоната, постигнувајќи гол против конкурентите за опстанок шест во лигата Мидлсборо. Сепак, тој не можел да го спаци Њукасл од испаѓање во Чемпионшип.[13] Тој првично ја повторил неговата желба да остане и да помогне за враќањето на клубот во Премиер лигата за сезоната 2009-2010, но тој на крајот заминал во Волфсбург. Неговиот последен натпревар бил пред-сезонскиот пријателски натпревар против Лејтон Ориент, во кој Њукасл загубил со неверојатни 6-1.

За време на неговиот три-годишен престој во Тајнисајд, Мартинс постигнал 35 гола во сите натпреварувања во 104 натпревари.

Волфсбург[уреди | уреди извор]

На 29 јули 2009 година, Њукасл ја прифатиле понудата на шампионот на Бундеслигата Волфсбург од 9 милиони фунти, трансферот бил потврден на 31 јули кога Мартинс потпишал договор за четири години.[14] Своето деби, Мартинс го направил како замена во второто полувреме против Келн на Стадионот Рајн Енерџи, кога неговиот тим одиграл нерешени 1-1. Во својата единствена сезона во клубот постигнал 6 гола во 16 натпревари во лигата.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Интер[уреди | уреди извор]

Русија Рубин Казан[уреди | уреди извор]

Англија Бирмингем Сити[уреди | уреди извор]

САД Сиетл Саундерс[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Statistics" (PDF). Premier League. конс. 16 May 2015. 
  2. "Obafemi Martins". mlssoccer.com. 
  3. Obafemi Martins: Leap of faith from Lagos to Newcastle“, „The Independent“, 25 август 2007.
  4. "Inter passage paved by Martins". UEFA.com. 19 March 2003. конс. 3 August 2012. 
  5. "Obafemi Martins". Archive. F.C. Internazionale Milano. конс. 6 February 2011. 
  6. Carminati, Nadia. „Martins Signs New Inter Deal“, Sky Sports, 1 декември 2005 (посет. 4 март 2007 г).
  7. Martins asks to leave“, Sky Sports, 7 август 2006 (посет. 4 март 2007 г).
  8. "Newcastle FC 2006 Annual Report" (PDF). Newcastle FC. конс. 3 August 2012. 
  9. Be patient with Martins – Roeder“, BBC Sport, 11 септември 2006 (посет. 25 мај 2011 г).
  10. Bailey, Graeme. „Martins slams Chelsea links“, Sky Sports, 11 јануари 2007.
  11. The hardest recorded shot in football – ever“, 14 февруари 2007 (посет. 4 март 2007 г).
  12. Fraser, Paul. „Martins missing for Magpies against Spurs“, 21 декември 2008 (посет. 29 декември 2008 г).
  13. "Toon striker Martins forced into hernia op". ESPN Soccernet. 7 January 2009. конс. 7 January 2009. 
  14. Wolfsburg seal Martins deal“, Sky Sports, 31 јули 2009 (посет. 31 јули 2009 г).