ФК Сиетл Саундерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сиетл Саундерс
Целосно имеФК Сиетл Саундерс
Држава САД
Основан13 ноември 2007
Бои          зелена и сина
СтадионСенчриЛинк Филд
Сиетл, Вашингтон
Капацитет41,000
СопственикЏо Рот
Едријан Ханауер
Пол Ален
Дру Кери
ТренерСАД Брајан Шмецер
ЛигаМЛС
2018Западна Конференција: 2-ри
Вкупно: 4-ти
Плејоф: конф. полуфинале
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Сиетл Саундерс е американски професионален фудбалски клуб со седиште во Сиетл, Вашингтон, кој се натпреварува во западната конференција на МЛС лигата. Клубот е основан на 13 ноември 2007 година, а започнале да се натпреваруваат во 2009 како резултат на проширувањето на бројот на клубови во МЛС лигата, со што тие станале 15-тиот тим. Името Саундерс го избрале навивачите преку една онлајн анкета во 2008 година, со што ФК Сиетл Саундерс станал третиот фудбалски клуб од градот Сиетл кој го носи истото име.

Мнозинското сопствеништвото на клубот му припаѓа на американскиот стопанственик Едријан Ханауер, додека помал дел од акциите имаат холивудскиот продуцент Џо Рот, потоа Пол Ален и Дру Кери. Поранешниот тренер на стариот Сиетл Саундерс, Брајан Шмецер, е моментален тренер на клубот а функцијата ја преземал во 2016 година по заминувањето на Зиги Шмид. Својте домашни натпревари Саундерс ги играат на СенчриЛинк Филд. Заедно со уште неколку организирани групи, 53-члениот бенд наречен "Саунд Вејв" го поддржува клубот на секој домашен натпревар. Сиетл исто така се натпреварува во Каскадија купот со својте соперници од МЛС Портланд и Ванкувер.

Саундерс го одиграле својот прв натпревар на 19 март 2009 година, победувајќи ги Њујорк Ред Булс со 3-0. Сиетл се меѓу најуспешните клубови во лигата, водат по бројот на продадени сезонски билети, и се квалификувале во Плејофот за МЛС купот во секоја сезона досега по приклучувањето во лигата. Досега клубот го освоил 4 пати Отворениот куп на САД, MLS Supporters' Shield во 2014 и МЛС купот во 2016. Покрај тоа е водач по бројот на посетеност во МЛС уште од нивната прва сезона, со постојано одржување на просек од 50-65% повеќе од следниот тим со највисока посетеност во лигата, ЛА Галакси.

Меѓу најпознатите играчи кој играле за клубот се двајцата најдобри стрелци во клупската историја Клинт Демпси (поранешен капитен на американската репрезентација) и Фреди Монтеиро, потоа нигерискиот напаѓач Обафеми Мартинс, долгогодишниот капитен Освалдо Алонсо и моменталниот капитен Николас Лодеиро. Исто така низ годините клубот произвел и некој локални играчи кој излегле од академијата на клубот како ДеАндре Једлин, моментален играч на Њукасл Јунајтед во Англија и моменталниот напаѓач на клубот Џордан Морис.

Историја[уреди | уреди извор]

Хронологија[уреди | уреди извор]

По сезони[уреди | уреди извор]

Ажурирано на 27 јуни 2015

Година Бодови / Скор МЛС регуларен дел
Вкупно
МЛС регуларен дел
Конференција
МЛС куп Плејоф Отворен куп на САД КОНКАКАФ
Лига на шампиони
Тренер Капитен МВП
2009 47 / 12–11–7 4-то, вкупно 3-то, Западна конференција Конференциско полуфинале Шампиони (1ª) Не се квалификувале (2009–2010) Германија Зиги Шмид САД Кејси Келер САД Кејси Келер
2010 48 / 14–6–10 6-то, вкупно 4-то, Западна конференција Конференциско полуфинале Шампиони (2ª) Групна фаза (2010–2011) Куба Освалдо Алонсо
2011 63 / 18–9–7 2-ро, Вкупно 2-ро, Западна конференција Конференциско полуфинале Шампиони (3ª) Четвртфинале (2011–2012)
2012 56 / 15–11–8 7-мо, Вкупно 3-то, Западна конференција Конференциско финале Финале Полуфинале (2012–2013) Аргентина Мауро Росалес
2013 52 / 15–7–12 6-то, вкупно 4-то, Западна конференција Конференциско полуфинале Трето коло Не се квалификувале (2013–2014)
2014 64 / 20–4–10 1-во, Вкупно (1ª) 1-во, Западна конференција (1ª) Конференциско финале Шампиони (4ª) Не се квалификувале (2014–2015) САД Бред Еванс Нигерија Обафеми Мартинс
2015 51 / 15–13–6 6-то, Вкупно 3-то, Западна конференција Конференциско полуфинале Четврто коло Четвртфинале (2015–2016) САД Клинт Демпси
2016 48 / 14–6–14 7-мо, Вкупно 4-то, Западна конференција Шампиони Четвртфинале Не се квалификувале (2016–2017) Германија Зиги Шмид
САД Брајан Шмецер
САД Клинт Демпси Швајцарија Штефан Фрај
2017 53 / 14–11–9 7-мо, Вкупно 2-ро, Западна конференција Вицешампиони Петто коло Не се одржало САД Брајан Шмецер САД Кристијан Ролдан
2018 59 / 18–5–11 4-то, Вкупно 2-ро, Западна конференција Конференциско полуфинале Четврто коло Четвртфинале (2017–2018) Швајцарија Штефан Фрај

Име, бои и симболи[уреди | уреди извор]

Логото на Саундерс во периодот од 1974 до 1983 година.

Официјалните бои на клубот, зелената и морската сина, се традиционални бои и на Каскадија, регион во северозападниот дел на американскиот континент, и ги претставуваат неговите типични елементи како што се шумите и тихоокеанскиот океан.[1]

При раѓањето на франшизата, во 1974 година, името Саундерс било избрано за да ги потсетува жителите на Puget Sound (на мак. Заливот Пуџет), огромниот залив со поглед на градот Сиетл. Кога клубот бил примен во МЛС, првата идеја на управата била да идентификува друго име, кое би претставувало нов почеток,[2] а потоа била отворена онлајн анкета за избор на новото име на клубот од следниве три алтернативи: Сиетл Алијанс, ФК Сиетл И Сиетл Репаблик. Сепак, со оглед на големиот притисок на навивачите да го задржат историското име, била вметната четврта опција за избор. Така името Сиетл Саундерс победило во изборот освојувајќи дури 49% од гласовите.[3]

Грбот избран од клубот во 2009 година е составен од зелен штит на кој во средината се наоѓа игла, што е симбол на градот, под кој има сини елементи. Двете фигури, кои се одржуваат заедно во група со името на клубот, претставуваат заедница помеѓу разни личности како што се сопствениците, играчите, навивачите и градската заедница.

Дресови[уреди | уреди извор]

  • Домашни
2009–2010
2011–2012
2013–2014
2015
2016-2017
2018-2019
  • Гостински
2009–2010
2011–2012
2013–2014
2015–2016
  • Трети
2010–2011
2012–2013
2014–2015

Спонзори[уреди | уреди извор]

Период Изработувач на дрес Спонзор на дрес
2009–2018 Адидас Xbox
2019–денес Zulily

Стадион[уреди | уреди извор]

A view of a soccer field from high in the crowd before a match.
Навивачи во долниот дел на СенчриЛинк Филд.

ФК Сиетл Саундерс ги играат својте домашни натпревари на стадионот СенчриЛинк Филд во Сиетл, кој исто така е дом на Сиетл Сихокс.[4] Сопственикот дел од акциите на Саундерс Пол Ален, е исто така, сопственик на Сихокс, кои имаат 30-годишен закуп на СенчриЛинк Филд.[5] Поради овој однос, Саундерс го користат СенчриЛинк Филд без да плаќаат кирија.[6] За натпреварите на Саундерс, теренот се нарекува "The Xbox Pitch at CenturyLink Field" како дел од спонзорски договор со Мајкрософт.[7]

Капацитетот на стадионот СанчриЛинк Филд е со 67.000 седишта наменети за двата спорта: Американски фудбал и фудбал.[8] Меѓутоа Саундерс вештачки го ограничуваат капацитетот на стадионот за натпреварите од МЛС, така што некој сектори за седење се покриени со церади со цел да се обезбеди повеќе интимна атмосфера.

Рекордна посетеност на стадионот е поставена на 7 октомври 2012 година, кога толпа од 66.452 гледачи присуствувале на победата на Саундерс со 3-0 над најголемиот соперник Портланд Тимберс; тоа е воедно втора највисока посетеност на еден натпревар во МЛС во историјата.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
4 Шведска СР Густав Свенсон
5 Камерун ОД Нуху Толо
7 САД СР Кристијан Ролдан
8 Шпанија СР Виктор Родригес
9 Перу СР Раул Руидијас
10 Уругвај СР Николас Лодеиро
11 Австралија СР Бред Смит
13 САД НП Џордан Морис
14 САД ОД Чад Маршал
17 САД НП Вил Бруин
Бр. Позиција Играч
18 Холандија ОД Келвин Лирдам
19 САД СР Хари Шип
20 Јужна Кореја ОД Ким Ки-хи
21 Мартиник СР Жорди Делем
23 САД СР Хенри Винго
24 Швајцарија ГМ Штефан Фрај
29 Панама СР Роман Торес
35 САД ГМ Брајан Мередит
70 Кенија СР Хандвала Бвана

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Тренери[уреди | уреди извор]

Име Држава Период
Зиги Шмид  Германија 2008-2016
Брајан Шмецер  САД 2016-

Титули[уреди | уреди извор]

Трите трофеи на клубот во Отворениот куп на САД во фудбал (2009, 2010, 2011)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Badge and Colors Fact Sheet“. Seattle Sounders FC. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на April 7, 2008.
  2. soundersfc.com, уред. (8 април 2008). „Sounders FC Rings True“ (англиски). Посетено на 8 декември 2016.
  3. soundersfc.com, уред. (7 април 2008). „Call us Sounders FC“ (англиски). Посетено на 8 декември 2016.
  4. „MLS awards Seattle expansion team for 2009“. Major League Soccer. November 17, 2007. Архивирано од изворникот на 2014-04-26. Посетено на March 20, 2012.
  5. Dudley, Brier (September 25, 1998). „Seahawks Sign Lease For 30 Years At New Stadium“. The Seattle Times. Посетено на February 19, 2011.
  6. „Splashy Sounders set to kick off in Seattle“. ESPN. January 22, 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на February 19, 2011.
  7. Romero, José Miguel (May 29, 2008). „Microsoft launches deal with MLS, Sounders FC“. The Seattle Times. Посетено на May 31, 2009.
  8. Bruscas, Angelo (July 18, 2002). „Seahawks owner believes stadium will help drive team to higher level“. Seattle Post-Intelligencer. Посетено на June 21, 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]