Парк Жи-Сунг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јужна Кореја Парк Жи-Сунг
Park Ji-Sung
Park Ji-sung G20 Seoul Summit Ambassador.jpg
Парк на Г-20 самитот во Сеул во 2010 година
Лични податоци
Роден на 25 фебруари 1981
Роден во Сеул, Јужна Кореја
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед (глобален амбасадор)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2002 Кјото Прпл Санга 76 (13)
2002-2005 ПСВ 64 (14)
2005- 2012 Манчестер Јунајтед 134 (19)
2012-2014 КПР 20 (0)
2013-2014 ПСВ (позејмен) 23 (2)
Репрезентација
2000-2011 Јужна Кореја Јужна Кореја 100 (13)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 фебруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 фебруари 2012

Парк Жи-Сунг (Hangul: ; Hanja: ; Шаблон:IPA-ko; роден на 25 февруари 1981) е поранешен Јужнокорејски фудбалер, кој играл како играч од средниот ред за англискиот клуб Манчестер Јунајтеди, моментално амбасадор на клубот од Олд Трафорд. Тој исто така бил капитен на Јужно Корејскиот национален тим се до неговото повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој е најтрофејниот азиски фудбалер во историјата, како прв Азиски играч што ја освоил титулата во Лигата на Шампионите и прв азиски играч кој играл во финалето од Лига на шампионите.

Парк ја започнал својата фудбалска кариера во родната Јужна Кореја и играл за Мијонги универзитет тимот тим пред да се пресели во Јапонија да игра за Кјото Прпл Санга. По заминувањето на селекторот на националниот тим на Јужна Кореја, Гус Хидинк, кој се вратил во Холандија да го преземе ПСВ Ејндховен, Парк заминал во холандскиот тим исто така, една година подоцна. По достигнуваето на ПСВ до полу-финалето на Лигата на Шампионите, талентот на Парк бил увиден од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон и тој потпишал со него за одредена цена од околу £ 4.000.000 во јули 2005 година . Од тогаш, Парк е освојувач на Премиер лигата четири пати и ја има освоено Лигата на Шампионите и ФИФА Светското Клупско првенство. Парк бил способен да игра насекаде во средниот ред и бил познат по неговото исклучително фитнес ниво, дисциплина, работна етика и феноменалното движење без топка.

Како член на репрезентацијата на Јужна Кореја, Парк одиграл 100 меча и постигнал 13 голови, бил член на тимот кој завршил четврти на Светското Првенство во 2002. Тој, исто ја претставувал неговата нација на Светското Првенство во 2006 и бил капитен на Светското Првенство во 2010. Парк постигнал во сите три последователни турнири (првиот јужнокорејски и само вториот азиски играч кој успеал да го стори тоа) и во моментов е водечки стрелец на Азија на сите времиња на Светските првенства со три гола, заедно со неговиот сонародник Ан Јунг-Хван, и репрезентативецот на Саудиска Арабија, Сами Ал-Џабер. По Азискиот куп 2011, на 31 јануари 2011 година, Парк најави дека ќе се повлече од репрезентативниот фудбал на прес-конференцијата.

На 23 фебруари 2012 Парк ја носел капитенската лента на Манчестер Јунајтед за прв пат во својата кариера во мечот со Ајакс во Лига Европа.


Титули[уреди | уреди извор]

ПСВ Ејндховен[уреди | уреди извор]

Ередивизија : 2002/03, 2004/05

КНВБ Куп : 2004/05

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Премиер лига : 2006/07, 2007/08, 2008/09, 2010/11

Лига на Шампиони : 2007/08

Лига куп : 2005/06, 2008/09, 2009/10,

ФА Комјунити Шилд : 2010, 2011

ФИФА Светско Клупско првенство : 2008


Надворешни врски[уреди | уреди извор]