Финале на ФА Купот во 2004 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФА Куп Финале 2004)
2004 ФА Куп финале
Датум22 Mај 2004
СтадионМилениум Стадион, Кардиф
Играч на
натпреварот
Руд Ван Нистелрој (Манчестер Јунајтед)
СудијаЏеф Винтер
Гледачи71,350
2003
2005

Финалето на ФА Купот во 2004 година било 123-то по ред финале на ФА Купот и четврто во историјата играно на Милениум Стадионот, велшкиот националниот стадион во Кардиф, поради тековните реконструкции на вообичаениот терен, Вембли во Лондон. Натпреварот се одиграл на 22 мај 2004 година, а учесници биле Манчестер Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата таа сезона, и Милвол, кој завршил десетти во Дивизија еден.

Манчестер Јунајтед ја обезбеди рекордната единаесетта ФА Куп титула со победа од 3-0. Резултатот го откри Кристијано Роналдо со удар со глава, а потоа Руд Ван Нистелрој постигна два гола од кој еден од пенал. Спротивно на тоа, тоа беше прв настап за Милвол во финалето на ФА Купот или Лига купот.

На трофеј презентацијата потоа, играчите на Манчестер Јунајтед носеа маици со ознака "Дејвис 36" во сеќавање на играч од средниот ред Џими Дејвис, кој го носеше дресот на Јунајтед со број 36, а загина во сообраќајна несреќа во август 2003.

Натпреварот беше воден од судијата Џеф Винтер. Роџер Грин и Ист беа асистенти и Мет Месиас беше четвртиот официјален судија.

Детаљи од мечот[уреди | уреди извор]

22 мај 2004
15:00 BST
Манчестер Јунајтед 3 – 0 Милвол Милениум Сатдион, Кардиф
Гледачи: 71,350
Судија: Џеф Винтер (Северен Јоркшир)
Роналдо гол 44'
Ван Нистелрој гол 65' (пен..)81'
Извештај
Манчестер Јунајтед
Милвол
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД:
GK 14 САД Тим Хауард заменет 84'
RB 2 Англија Гери Невил
CB 6 Англија Вес Браун
CB 27 Франција Микаел Силвестре
LB 22 Ирска Џон О'Шеи
RM 7 Португалија Кристијано Роналдо заменет 84'
CM 24 Шкотска Дарен Флечер заменет 84'
CM 16 Ирска Рој Кин (c)
LM 11 Велс Рајан Гигс
SS 18 Англија Пол Сколс
CF 10 Холандија Руд Ван Нистелрој
Резерви:
GK 13 Северна Ирска Рој Керол влегол во игра 84'
DF 3 Англија Фил Невил
MF 8 Англија Ники Бат влегол во игра 84'
MF 19 Камерун Ерик Џемба Џемба
FW 20 Норвешка Оле Гунар Солшер влегол во игра 84'
Менаџер:
Шкотска Алекс Фергусон
МИЛВОЛ:
GK 33 Англија Енди Маршал
RB 25 Јамајка Марвин Елиот
CB 2 Англија Метју Лоренс (к)
CB 12 Англија Дарен Ворд
LB 3 Ирска Роби Рајан заменет 74'
RM 7 Барбадос Пол Ајфил
CM 19 Англија Денис Вајс добил жолт картон во 48-мата минута 48' заменет 89'
CM 8 Англија Дејвид Ливермор
LM 26 Шкотска Питер Свини
SS 4 Австралија Тим Кејхил
CF 9 Англија Нил Херис заменет 75'
Резерви:
GK 13 Франција Вили Гере
DF 27 Ирска Алан Дан
MF 37 Ирска Бери Коуган влегол во игра 74'
MF 11 Англија Картис Вестон влегол во игра 89'
FW 23 Барбадос Марк МекКамон влегол во игра 75'
Играч-Менаџер:
Англија Денис Вајс

Судии на мечот

  • Асистенти судии:
    • Роџер Ист
    • Тони Грин
  • Четврти судија: Мет Месиас

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Пет повикани резерви
  • Три максимум замени.