Прејди на содржината

Совет за безбедност на ООН

Од Википедија — слободната енциклопедија
Совет за безбедност на ООН
مجلس الأمن التابع للأمم المتحدة (арапски)
联合国安全理事会 (кинески)
Conseil de sécurité des Nations unies  (француски)
Совет Безопасности Организации Объединённых Наций (руски)
Consejo de Seguridad de las Naciones Unidas  (шпански)
Салата каде што се одржуваат седниците
КратенкаUNSC
Основана1945
ВидГлавен орган
Правен статусАктивна
Членство
ШефПретседател
Франциско Антонио Кортореал
 Доминиканска Република
Мреж. местоun.org/en/sc

Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите Нации кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите. Иако другите органи на ОН можат да даваат само препораки на владите на земјите членки, Советот за безбедност има моќ да носи одлуки кои земјите членки мора да ги спроведат. Одлуките на Советот се познати како резолуции. Претседавањето со Советот е ротирачко и трае 1 месец.

Историјат

[уреди | уреди извор]

Советот својата прва сесија ја одржал на 17 јануари 1946 во Church House, Лондон. Од својот прв состанок, Советот заседава постојано и одржувал состаноци во Париз и Адис Абеба, на пример. Сепак најголемиот број состаноци се одржуваат во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Битни измени во Советот се имаат случено на три наврати, во 1965 амандманите на членовите 23 и 27, со кои се овозможува зголемување на избраните членови во советот од 6 на 10. Во 1968 сличен амандман на членот 109. Во 1971 година Генералното Собрание на ОН гласало за издвојување на претставниците на Тајван од ОН и заменување на Кина на нивно место.

Членовите на Советот мора во секое време да се на располагање на седиштето на ОН, со цел ОН да може да носи брзи одлуки во случај на криза. Претседавачот на Советот има улога да ја одреди агендата, да претседава со седниците на Советот и да има целосна прегледност на светската сцена и моменталните кризни жаришта. Постојат два типа на членови на советот: постојани и непостојани.

Земји членки (сино - постојани; зелено - од 2008)

Постојани членки

[уреди | уреди извор]

Државите кои се постојани членки се држави кои биле победници во Втората светска војна.

Избрани членови

[уреди | уреди извор]

Генералното собрание избира уште 10 членови со мандат од 2 години стартувајќи секогаш на 1 јануари. Членките се бираат на тој начин што 5 од нив се менуваат секоја година. Членките се одбираат од регионалните групи и се потврдуваат од Генералното Собрание. Африканскиот блок одбира 3 члена. По 2 члена избираат Латинска Америка, Африканскиот блок, Блокот Западна Европска и други и Источноевропскиот блок. Еден член се избира од Арапскиот блок, некогаш од Азискиот или од Африканскиот блок.

Во 2010 година избрани членки се:

Статус на земјите не-членки на Советот за безбедност

[уреди | уреди извор]

Земјите кои не се членки на Советот за безбедност можат да земат учество во дискусијата, но не и во гласањето. Доколку Советот оцени дека во одлучувањето одредена земја може да придонесе во одлуката, ја поканува да го образложи своето мислење.

Право на вето

[уреди | уреди извор]

Постојаните земји членки имаат право на вето врз одлуките на Советот за безбедност. Негативно гласање се смета за вето. Во случај на апстиненција од гласање, гласот не се смета како вето. Досега, Русија/СССР го има употребено правото на вето 123 пати, САД - 82 пати, Велика Британија 32 пати, Франција 18 пати и Кина 6 пати.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Игор Јанев, International organizations and Integrations, pub. Institute of Political Studies, Belgrade, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
  • Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0