Октав Мирбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Октав Мирбо
Octave Mirbeau.jpg
Мирбо на возраст од 52 години
Занимање Писател, драматург, критичар
Националност Француско
мрежно место
http://mirbeau.asso.fr/

Октав Мирбо (француски: Octave Mirbeau) (16 февруари 1848 - 16 февруари 1917) бил француски писател, драматург, критичар и памфлетист. Најважни дела му се романите Распетие (1886), Опатот Жил (1888), Себастијан Роk (1890), Градина на мачењето (1899) и Дневникот на една собарка (1900). Исто така, тој се смета за многу важен авангарден интелектуалец од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Биографија[уреди | уреди извор]

Својата кариера Мирбо ја започнал како новинар и како писател кој за пари пишувал книги по порачка. Мирбо бил активно вклучен во граѓанскиот живот на Франција: ги поддржувал анархистите, а застанал во одбрана на Алфред Драјфус за време на познатата афера. Во поголемиот дел од својот живот жестоко застапувал антимилитаристички, антиклерикални и феминистички идеи и ги застапувал правата на работниците и нивните [[синдикат]и. Исто така, се залагал за укинување на работата на децата, за правото на бесплатно образование, за укинување на смртната казна, се борел против рускиот царски режим и против репресијата врз јапонските дисиденти. Најпосле, Мирбо бил еден од основачите на Академијата Гонкур.[1]

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

Динго, Ambroise Vollard, 1924

На почетокот на својата книжевна кариера, Мирбо пишувал книги по порачка, а дури подоцна почнал да објавува под свое име. Тој бил плоден автор и објавил околу 1200 куси раскази и други текстови. Најважни дела му се трите автобиографски романи: „Распетие“ 91886), „Опатот Жил“ (1888) и „Себастијан Рош“ (1890), како и романите „Градина на мачењето“ (1899) и „Дневникот на една собарка“ (1900).[2]

Исто така, Мирбо бил активен и како книжевен и ликовен критичар. Притоа, тој го поддржувал творештвото на Огист Роден, Клод Моне, Камиј Писаро, Пол Сезан, Пол Гоген, Огист Реноар, а бил еден од првите критичари кои високо ги вреднувал делата на Винсент ван Гог. Како книжевен критичар, тој го открил белгискиот симболист Морис Метерлинк, а пишувал критички текстови и за делата на: Реми де Гурмон, Марсел Швоб, Леон Блој, Алфред Жари и Валери Ларбо.[3]

Мирбо ги објавил следниве дела:

  • Le Calvaire (Распетие) (1886).
  • L'Abbé Jules (Опатот Жил) (1888).
  • Sébastien Roch (Себастијан Роk) (1890).
  • Dans le ciel (1892-1893).
  • Les Mauvais bergers (1897).
  • Градина на мачењето (Le Jardin des supplices) (1899).
  • Дневникот на една собарка (Le Journal d'une femme de chambre) (1900).
  • Les affaires sont les affaires (1903).
  • Farces et moralités (1904).
  • La 628-E8 (1907).
  • Le Foyer (1908).
  • Dingo (Динго) (1913).
  • Contes cruels (1990).
  • Lettres de l'Inde (1991).
  • L'Affaire Dreyfus (1991).
  • Combats esthétiques (1993).
  • L'Amour de la femme vénale (1994).
  • Combats littéraires (2006).
  • Correspondance générale (2003-2005-2009).
  • Les Dialogues tristes (2007).
Cahiers Octave Mirbeau, n° 19, 2012.jpg

Книги за Мирбо[уреди | уреди извор]

  • Flag of France.svg Pierre Michel - Jean-François Nivet, Octave Mirbeau, l'imprécateur au coeur fidèle, Séguier, 1990.
  • Flag of France.svg Cahiers Octave Mirbeau, n° 1-24, 1994-2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Белешка за авторот“, во: Октав Мирбо, Градина на мачењето. Скопје: Темплум, 2009, стр. 251-252.
  2. „Белешка за авторот“, во: Октав Мирбо, Градина на мачењето. Скопје: Темплум, 2009, стр. 252.
  3. „Белешка за авторот“, во: Октав Мирбо, Градина на мачењето. Скопје: Темплум, 2009, стр. 251.