Градина на мачењето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Огист Роден, Le Jardin des supplices, Ambroise Vollard, 1902


Градина на мачењето (француски: Le Jardin des suppplices) е декадентна новела од Октав Мирбо, објавена во текот на Драјфусовата афера во 1899.

Градина на мачењето е роман за човечките нагони, за нагонот за убивање, за крајните граници на човековата бесчувствителност и суровост. Мирбо ги истражува најмрачните уништувачки сили во човекот и љубовното задоволство во кое се мешаат измачувањето и страдањето.

Мирбо ги истражува врските меѓу најмрачните уништувачки сили во човекот и љубовното задоволство во кое се мешаат измачувањето и страдањето. Во маѓепсаниот круг што го создаваат ликовите, се губат границите меѓу задоволството и болката, меѓу љубовта и уништувањето, меѓу разумот и болното продирање на мрачните човечки нагони.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]