Валентино Роси
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Валентино Роси (16 февруари 1979, Урбино) — италијански професионален мотоциклист и повеќекратен светски шампион во Мото ГП. Тој е еден од најуспешните мотоциклисти со девет светски гран-при првенства зад неговото име – седум од нив се во премиер-класата (кралската класа).
Следејќи ги стапките на неговиот татко Грацијано Роси, Валентино почна да се трка во гран-при во 1996 година за фабричкиот тим на Априлија во категорија до 125 cc и ја освои својата прва титула во светското првенство уште следната година. Оттаму се префрли во категоријата до 250 cc во фабричкиот тим на Априлија и го освои светското првенство во 1999 година. Во 2001 година го освои светското првенство до 500 cc со тимот на Хонда, а во 2002 и 2003 година ги освои Mото GP светските првенства, исто така со тимот на Хонда. По напуштањето на тимот на Хонда и приклучувањето во тимот на Јамаха ја продолжува својата серија на освојување на првенствата едноподруго во 2004 и 2005 година и повторно ја освојува титулата во 2008 и ја сочувува во 2009 година. Тој си оди од тимот на Јамаха и за да му се приклучи на тимот на Дукати во сезоната 2011.
Роси е прв на списокот на сите времиња со 79 победи во категоријата до 500cc/Мото ГП и втор на списокот на севкупни победи со 105 победи (зад Џакомо Агостини со 122).
Кариера
[уреди | уреди извор]Раните години
[уреди | уреди извор]Валентино Роси е роден во Урбино и тој бил уште дете кога неговата фамилија се преселила во Тавулија. Син на Грацијано Роси поранешен мотоциклист, тој започнува да вози на многу рана возраст. Првата љубов кон возењето бил картингот. Поттикнат од неговата мајка Стефанија Грацијано, купува картинг во замена за мотоцикл, како резултат на мајчината грижа за безбедноста на нејзиниот син. Сепак, карактерот на семејството Роси за постојано да се вози побрзо ќе предизвикаат редизајн; Грацијано го заменил моторот од 60cc со нов 100cc картинг-мотор за, тогаш, неговиот петгодишен син.
Роси победува на регионалното првенство во картинг во 1990 година. По ова тој се издигнува во мини-мото категоријата и до пред крајот на 1991 година освојува бројни регионални трки. Роси продолжува да се трка со картинг и завршува петти на државното првенство во картинг во Парма. И Валентино и Грацијано почнале да гледаат за префрлање во италијанската 100cc категорија како и во соодветните европски категории кои најверојатно би го турнале во насока на Формула 1. Сепак високата цена на тркачките картинзи го доведоа до одлука да се трка исклучиво во мини мото категоријата. Во периодот од 1992 до 1993 година, Валентино продолжува да ги учи деталите на мини-мото трките.
Со помош на неговиот татко, Вирџинио Ферари, Клаудио Кастиљони и Клаудио Лусуарди (кој бил на чело на официјалниот Каџива спорт производствен тим) во 1993 вози Каџива Мито 125cc мотоцикл, кој го оштетува при несреќата во првиот свиок не повеќе од стотина метри од бокс-линијата. Тој завршил како деветти тој викенд. Иако првата сезона во италијанското првенство на спортско-производствени тимови била неизвесна, тој постигнал пол-позиција во последната трка од сезоната во Мисано, каде што ќе заврши на подиумот. Во втората година Роси бил снабден со фабрички Каџива Мито од страна на Лусарди со кој го освојува италијанското првенство.
Светски првенства во категории до 125cc, 250cc и 500cc
[уреди | уреди извор]Во 1994 година, Априлија преку тимот Сандрони го искористила Роси за да го подобри својот RS125R, а за возврат му дозволила да научи да се справи со новото брзо темпо на 125cc трки. Во 1994 година за време на италијанското првенство бил дел од тимот Сандрони и продолжил да вози за него во 1995 година во европскиот и италијанското првенство.
Роси немал некаков успех во светското првенство во 1996 година, не успевајќи да заврши пет трки од сезоната и паѓајќи неколкупати. И покрај ова, во август го освоил своето прво гран-при од светското првенство во Брно Чешка со својата AGV Aprilia RS125R. Тој ја завршил сезоната на деветтата позиција и продолжил да доминира во светското првенство до 125cc во следната година во која победил на 11 од 15 трки.
До 1998 година Aprilia RS250 го достигнала својот врв имајќи ги во својот тим Валентино Роси, Лорис Капироси и Тетцуа Харада. Смртта на двајца негови пријатели во сообраќајна несреќа имала последици врз него. Тој ја завршува сезоната на второто место во категоријата до 250cc, со само 3 бода зад Капироси. Сепак во 1999 година ја освоил титулата со 5 пол-позиции и 9 победи.
Поради неговиот успех во класата до 250cc во 2000 година Роси бил награден со место во тимот на Хонда во тогаш најдобрата класа во светското мотопрвенство до 500cc. Џереме Бургес му го претставил NSR500 и бил убеден дека во комбинација со Роси ќе носи само успеси. Пензионираниот светски шампион во класата до 500cc Мајкл Духан, кој исто така го имал Џереми Бургес за главен инженер, работел со Роси како негов личен ментор во првата година во Хонда. На Роси ќе му биде првпат да се трка против Макс Бјаџи, друг италијански возач со кој често бил споредуван од страна на новинарите. Ќе бидат потребни девет трки пред Роси да победи со својата Хонда, но како и неговите претходни сезони во 125 и 250cc, ќе се создадат услови за втора посилна сезона каде што завршува на второто место зад Американецот Кени Робертс, Џуниор.
Роси го освоил своето прво светско првенство во класата до 500cc во 2001 година (победувајќи 11 трки) во последната година од таа класа. Во следната година двотактните 500cc мотори биле сè уште дозволени, но таа година се видел почетокот на новата Мото ГП класа со четиритактни 990cc мотори со што 500cc машини биле застарени. Во 2001 година Роси се здружил со американскиот возач Колин Едвардс во осумчасовната трка на издржливост во Сузука возејќи ја Хонда VTR1000SPW. Едвардс и Роси победиле на трката и покрај недостатокот на искуство на Роси во трките Superbikes.
Мото ГП
[уреди | уреди извор]Хонда (2002-2003)
[уреди | уреди извор]Воведната година за Мото ГП моторите била 2002 година кога возачите се соочува со проблеми навикнувајќи се на новите мотори. Роси победил на првата трка и продолжил со освојување на осум од првите девет трки во сезоната, остварувајќи вкупно 11 победи.
Во 2003 година била речиси истата ситуација за конкурентите на Роси кој освоил девет пол-позиции како и девет ГП победи со што го освои третото последователно светско првенство. Австралиското ГП на Филипинските Острови во 2003 година многу набљудувачи го сметаат за еден од најголемите моменти во кариерата на Роси поради уникатните околности. Откако му била дадена казна од десет секунди за претекнување за време на истакнатото жолто знаме поради несреќата на Трој Бејлис од Дукати, второпласираниот Роси продолжил да форсира и ја завршил трката со повеќе од петнаесет секунди предност анулирајќи ја казната и победувајќи на трката.
Во текот на втората половина од сезоната 2003 имало многу шпекулации за плановите за иднината на Роси. Некои луѓе се сомневале дека ќе успее во својот обид да ја освои третата последователна титула и се прашувале во кој тим е неговата иднина. Неговиот договор со Хонда истекувал на крајот од годината и постоеле гласини дека Роси станал помалку разочаран од неговиот мотор во Хонда. За време на неговиот мандат во Хонда тој успешно „возел” по својот зацртан пат обезбедувајќи ѝ на Хонда титула во светското првенство во класата до 500cc, како и последователни титули во Мото ГП светското првенство.
Здружен со зголемениот скептицизам дека причината за неговиот успех била доминацијата на RC211V, а не на Роси, било неизбежно Хонда и Роси да се разделат. Гласините во средината на сезоната посочиле кон можен премин во Дукати што ги довело италијанските медиуми до лудило; идејата големиот Италијанец на силен италијански мотор изгледала премногу добро за да биде вистинита. Дукати навистина пробал да го заведе Роси за да го вози нивниот Мото ГП мотор, „Desmosedici”, но поради голем број причини Роси ја отфрлил понудата, критичарите велат дека во споредба со другите производители Дукати имал долг пат пред да стане конкурентен дури и со Роси на помош. Ова се покажало како точно со незначајните перформанси на Дукати во сезоната 2004, кои дури биле полоши од воведната година во Мото ГП во 2003 година.
Во неговата афтобиографија “ Што Ако Никогаш Не Се Обидев”? Роси нуди уште една причина за изборот на Јамаха наместо Дукати потенцираќи дека начинот на размислување на Ducati Corse е премногу сличен на оној од Хонда од кој се обидувал да избега. На крај Роси потпиша две годишен договор со конкурентите Јамаха наводно во вредност над 12 милони американски долари, цена која ниеден друг производител, па дури ни Хонда не била подготвена да плати.
Јамаха (2004-2010)
[уреди | уреди извор]Традиционалниот почеток на сезоната во Сузука бил откажан од безбедносни причини поради фатална несреќа на Даџуро Като, стартот на сезоната 2004 започна во Велком во Јужна Африка. Роси победил на трката, станувајќи единствен возач со последователни победи за различни производители, поведувајќи на последната трка од претходната сезона возејќи за Хонда. Роси ќе победи уште осум ГП трки од сезоната и првенствено борејќи се со Сете Жиберно за влакно ќе го освои првенството во инзвонредната трка на Филипинските Острови. Роси ја завршил сезоната со 304 бода, Жиберно со 257 и Макс Бјаџи на третото место со 217 бода.
Во гран-при мотоциклистичката сезона од 2005 година, Роси го освојува своето седмо светско првенство и петто последователно Мото ГП првенство. Завршил со 367 бода, 147 бода пред второпласираниот Марко Меландри (220 бода) и Ники Хејден на третата позиција со 206 бода. Роси ја започнува Мото ГП сезоната во 2006 година како фаворит за освојување на првенството, но тој имал проблеми во првата половина од првенството. Хејден го имал поголемиот дел од бодовите од повеќето трки низ сезоната, а Роси полека се искачувал до врвот. Роси конечно го зазема второто место во генералниот пласман зад Хејден на трката во Мотеги. Во португалското гран-при највозбудливата трка од сезоната Хејден бил соборен од својот клупски колега Дани Педроса со што не ја завршил трката. Ова доведе Роси да ги освои водечките бодови во генералниот пласман. Сепак, во Валенсија, последната трка од сезоната, Роси паѓа рано во трката со што Хејден го освојува Мото ГП првенството од 2006. Роси завршува како второпасиран.
Во Мото ГП сезоната 2007 Роси ја вози својата нова Yamaha YZR-M1 800 cc. Во првата трка од сезоната во Катар, Роси завршува втор зад Кејси Стонер возејќи Ducati Desmosedici. Роси подеди во Шпанија, втората трка од сезоната, и ќе победи уште 3 трки од сезоната. Стонер доминирал таа сезона со 10 победи, освојувајќи ја својата прва титула со предност од 125 бода од второпласираниот Дани Педроса. Победата на Педроса на последната трка во Валенсија во комбинација со откажувањето на Роси ќе го турне Роси на третото место со разлика од само еден бод. Ова бил најнизок пласман на Роси на првенствата уште од неговата прва сезона во 1996 година во категорија до 125 cc. Неговиот мотор бил недоволно конкурентен, посебно во максималната брзина споредено со Хонда или Дукати, поради што тој се закани дека ќе замине од Јамаха ако тие не направат подобар мотор.
Во 2008та Роси користи Бриџстоун гуми. За него сезоната започнува бавно со петто место во Катар, но неговата прва победа е во Шангај и на следните две трки. Од таа трка трка, Роси на секоја останата завршува на подиумот (освен во Холандија во Асен каде што падна и ја заврши трката на единаесеттото место) победувајќи на вкупно девет трки од сезоната. Неговите победи во Лагуна Сека (по претекнувањето на Стонер во свиокот “Corkscrew” кој падна но продолжи и го освои второто место) и поради дожд скратената трка во Индијанаполис значело дека има победено на секоја патека во сегашниот календар. Победата во Мотеги била негова прва победа на Мото ГП мотор. Победата во Мотеги му ја донело првата тутула во Мото ГП на со мотор од 800cc, шеста во главната категорија и осма вкупно.
На осми јуни 2009 година, Валентино Роси возел Јамаха во почесен круг на познатата патека Isle of Man TT заедно со италијанскиот пријател и мото-легенда Џакомо Агостини кој бил наречен „Круг на боговите”.
Во сезоната од 2009 година Роси победил на шест трки и ја освоил својата деветта титула победувајќи го својот тимски колега Хорхе Лоренсо кој завршил на второто место со разлика од 45 бода. Шест победи е најмалиот број на победи што Роси го имал во првенство во кој тој го освоил. Претходниот резултат со најмал број на победи, девет, бил во 1999 година во класата до 125 cc и во 2003, 2004 и 2008 година во Мото ГП. Неговата победа во 2009 година во Холандија во Асен била стотата победа за Роси која го направи единствен натпреварувач во мото гран-при историјата со сто победи.
Сезоната во 2010 година започнала со врвни резултати на тестирањата пред почеток на сезоната. Победи на прваа трка во Катар по падот на Кејси Стонер кој бил водач во почетниот дел на трката. Роси го повредил своето рамо и грб веднаш пред закажувањето на јапонското гран-при за во октомври поради застојот во авио-сообраќајот предизвикан од втората ерупција Eyjafjallajökull во Исланд. Следните две трки Роси ги губи од својот тимски колега Лоренсо, додека Роси се жали на болки во рамото. На почетокот повредата не се сметала за посериозна и се очекувало да закрепне за неколку недели, но кинењето на лигаментот на рамото не заздравило доволно.
На 5 јуни 2010 година на домашната трка во Муџело, на втората слободна тренинг сесија Роси паѓа во Биондети возејќи околу 190 км/ч. Роси страдал од повеќекратна скршеница на неговата десна потколеница и бил негуван по хируршката интервенција во болница во Католика блиску неговиот дом по што било дијагностицирано дека најверојатно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната. Тоа било првпат Роси да пропушти трка во својата гран-при кариера. Сепак, пред британското гран-при, репортерката Сузи Пери во својата колумна за Дејли Телеграф изјави дека Роси планира да се врати на трката во Брно. Роси го потрврди истото само една недела подоцна. На 7 јули, Роси возел во Мисано на светскиот супербајк првенство на Yamaha YZF- R1 подготвена од Јамаха светскиот субербајк тим за да го провери закрепнувањето на неговата нога. Тој извозел 26 круга во два наврати, со најдобро време на кругот што заостанувало околу 2 секунди зад времињата на другите скорешни времиња на патеката. На крајот на сесијата, Роси се пожалил на неудобност, изјавувајќи дека чувствува болки во ногата и раменото. На 12 јули Роси прави уште еден тест во Брно по што објавува дека е посреќен и дека е во поголема форма. По прегледите од главниот медицински доктор во четвртокот пред викендот, Роси се враќа на германското гран-при, две трки пред планираното и само 41 ден после несреќата. Тој успева да заврши на четвртото место по битката со Кејси Стонер за третото место. Тој додава уште една победа зад неговото име во Сепанг, Малезија собирајќи 10 подиуми во целата сезона, вклучувајќи ги петте последователни подиуми со оној на последната трка од сезоната и завршува како трет во генералниот пласман.
Дукати ( 2011-)
[уреди | уреди извор]На 15 август 2010 година, по трката во Брно, Роси потврди дека ќе вози за Дукати Корс со потпишувањето на двегодишен договор почнувајќи од 2011та и ќе му се приклучи на поранешниот тимски колега од Хонда во тимот. На 9 ноември во Валенсија првпат го тестира Desmosedici и од неговиот прв настап во 1999 година првпат на италијански мотоцикл. Роси бил опериран на своето рамо што го повредил во сезоната 2010, со цел да биде спремен за претсезонските тестирања во Малезија. По добар напредок на првичните тестирања, на вториот тест Дукати потфрли пред очекувањата на тимот и го остави Роси незадоволен фавршувајќи со заостаток од 1.8 секунди зад Хондата на Кејси Стонер.
Роси ја започнал сезоната со седмо место во Катар по кое следело петто на влажната патека во Јерез, и покрај судирот со Кејси Стонер за кој Роси подоцна се извини. Следело уште едно петто место во Португалија, па трето во Ле Ман профитирајќи од судирот на Дани Педроса со Марко Симончели по што Педроса се откажа, а на Симончели му била дадена казна да помине низ гаражите. Следните четири трки Роси ги завршил во најдобрите шест, четврти во Асен, деветти во Сачесенринг, две шести места во Лагуна Сека и Брно, и десетто место во Индијанаполис.
Завршил на седмото место во Мисано по што бил десетти во Арагон и откажувањето во првиот круг во Јапонија по контактот со Хорхе Лоренсо и Бен Спајс по која несреќа имал мала повреда на прстот на раката. Тој се откажал поради падот на средина од трката во Австралија. Во Малезија се квалификува како деветти, но учествувал во сударот со Марко Симончели и Колин Едвардс во вториот круг од трката. Симончели бил четврти кога паднал попречувајќи им го патот на Едвардс и Роси, и двајцата удираат во неговата Хонда. Во инцидентот кацигата на Симончели испаѓа. Симончели подоцна им подлегна на повредите здобиени во несреќата, а трката била откажана. Во последната трка од сезоната Роси се откажал по инцидентот на Алваро Баутиста во првиот свиок кој паднал од својот мотор и со тоа ги повлекол Роси, неговиот клупски колега Хејден и Ренди де Пуниет. Неговото откажување значело дека Роси ја завршил сезоната без победа за првпат во својата гран-при кариера, завршувајќи седми во генералниот пласман.
Конкуренти
[уреди | уреди извор]Претходно во неговата кариера Макс Бјаџи се сметал за главен конкурент на Роси. Еднаш на неговото мрежно место дури го немало името на Макс, наместо тоа XXXX XXXXX стоело на местото кога неговото име требало да се спомне. Иако тие не се имаа тркано еден против друг дури до 2000 година, соперништвото помеѓу нив растело уште од средината на 90-тите. Соперништвото помеѓу нив исчезнало со освојувањето на последователните светски првенства и борбата на Бјаџи да најде поддршка и постојаност во неговите трки.
Во неговата автобиографија „Што ако никогаш не се обидев” голем број на причини за соперништвото со Бјаџи и некои од инцидентите кои довеле ескалација. Соперништвото е исто така прикажано во документарецот од 2003 година „Побрз”.
Најголем конкурент на Роси во сезоните 2003 и 2004 бил Сете Жиберно возејќи за тимот на Гресини мовистар Хонда на RC211V за кој Жиберно помогна да се развие во 2005 година. На почетокот тие беа пријателски расположени во гаражите и надвор од нив – Жиберно на неколку наврати се забавувал со Роси во италијанската ибица, но нивниот однос се влошил за време на сезоната 2004 и кулминирал при „инцидентот во Катар”. Тимот на Роси, како и Макс Бјаџи беа казнети да ја започнат трката од крајот на колоната поради што ја „чистеле својата почетна позиција”. Повеќе тимови вклучувајќи го тимот на Жиберно, Гресини, како и официјалниот Репсол Хонда фабрички тим, успешно се пожалиле Роси да биде казнет. Тој и неговиот главен механичар Џереми Бургес инсистирале дека тие не правеле ништо повеќе од другите кога се тркале по валкана патека.
Оттогаш тие двајца не проговориле и Роси се одлучил да го искористи овој инцидент за психички да го притисне Жиберно. Тој се заколнал дека по трката во Катар во која Жеберно победил, додека Роси паднал откако се искачил на шестото место, ќе направи сè за Жиберно никогаш повеќе да не се искачи на највисокото место на подиумот. Во 2006 година, Жиберно се откажал од гран-при натпреварувањата по неуспешната сезона со Дукати и сериозната повреда со која се здобил. Тој не победил на ниедна трка по Катар, објаснувајќи во италијанските и шпанските медиуми дека се повикува на клетвата од Катар.
Во 2007 година, Кејси Стонер се појавува како конкурент на Роси. Младиот Австралиец возејќи Дукати победил на првата трка во сезоната по која следеле многу победи и истата година ја освоил титулата во Мото ГП. Соперништвото помеѓу Стонер и Роси достигнала драматична кулминација на патеката Лагуна Сека во 2008 година. По бројните промени на позициите Роси го претекнал Стонер во свиокот „The Corkscrew“. Храбриот потег предизвикал Роси да излезе од патеката на земјата во внатрешната страна од десниот свиок, а при враќањето на патеката се приближил до Стонер што за малку не предизвикало судир помеѓу двајцата. Неколку круга подоцна Стонер излетал во земјата по бавниот влез во 11-от свиок. Стонер продолжил и завршил како втор додека Роси победил. По ова Кејси Стонер искоментирал: „Ја загубив почитта за еден од најголемите возачи во историјата”. За оваа изјава Стонер му се извинил на Роси на следната трка.
Во 2008 година, Хорхе Лоренсо му се приклучил на Роси во фабричкиот тркачи тим на Јамаха со што започнало ново соперништво. Роси ја освоил титулата во 2008 година, додека Лоренсо имал две сериозни паѓања во Лагуна Сека и Кина. Во 2009 година Роси и Лоренсо продолжиле со непријателството, но на крајот Роси уште еднаш излегол како шампион. Во 2009 година Роси го победил во неколку блиски битки во Валенсија, Асен, Сачсеринг и најзначајната домашна трка на Лоренсо во Каталуња, во која го претекнува во последниот свиок и победува на трката. Во 2010 година конечно Лоренсо излегува како победник во Битката за првенството откако Роси го повредил рамото на тренинг со мотокрос, а подоцна кршејќи ја својата писка при опасната несреќа во Муџело и пропуштајќи 4 трки.
Прекари
[уреди | уреди извор]Валентино Роси имал повеќе прекари за време на својата тркачка кариера. Првиот значаен прекар бил „Росифуми” (Rossifumi). Тој објасни дека потеклото на овој прекар доаѓа како почит кон својот колега Норифуми Ејб. Неговиот следен прекар се појавил во деновите кога се натпреварувал во категоријата до 250cc. „Валентиник” се однесувал на италијанскиот херој Пајо Паторот „Папериник“.
Од својата доминација во категоријата до 500 cc и Мото ГП Роси го употребувал прекарот „Докторот”. Овој прекар е карактеристичен поради негово „смирено и клиничко размонтирање на своите противници” како и неговото ладно и смирено возење споредено со бурните денови во 125 cc и 250 cc каде што неговата изведба била непостојана и опасна што резултирало со голем број на судири. Постојат две теории зошто Роси го користи прекарот Докторот. Првата е што Роси се здобива со диплома, што во Италија му даваат право да ја користи титулата „Доктор”. Другата доаѓа од самиот Грацијано и гласи „Докторот затоа што, не верувам дека има некоја посебна причина, но убаво е, а и важно, Докторот.” Роси често се шегува дека го добил тој прекар затоа што Роси е често презиме во Италија за доктори.
Тој секогаш се тркал со бројот #46 во гран-при кариерата. Бројот со кој неговиот татко во 1979 година во Југославија, на 250 cc Морбидели, се тркал и ја освоил првата од вкупно три гран-при победи. Карактеристично е победникот на светското првенство да е награден со налепницата #1 за следната сезона. Сепак, со почит кон првиот возач од поновата ера кој останал со истиот број (#7), Бари Шин, Роси остана со сега насекаде познатиот број #46 низ целата кариера, иако како светски шампион го носел бројот #1 на рамото на неговите заштитни облеки.
Текстот на неговата кацига се однесува на името на гурпата на неговите пријатели :”Племето Чивава”, а скратеницата WLF или "Viva La Figa" на неговата облека значи “Да Живее Пичката ”. Тој доесга нема добиено санкции или ултиматуми да ги отстрани буквите “W” во “WLF” бидејќи претставува две “V” во “ВИВА”. Исто така очигледно е и дека и неговата способност да избегне каква било дисциплинска мерка од страна на ФИМ или ДОРМА, за тоа колку дрско ги стави буквите на предната страна на неговиот врат. Тој исто така ја користи и неговата омилена боја (флуоросцентно жолто) за творба на неговите заштитни костуми. Поради ова го доби прекарот „Фоломастерот Пен”. Најчесто го користат коментаторите Тоби Мудис и Јулијан Рајдер.
Мотоциклистот и поранешен тимски партнер Колин Едвардс како и некои ТВ новинари ко нарекуваат “Козата” (најдобар на сите времиња).
Други активности во мотоспортот
[уреди | уреди извор]Роси го тестирал болидот од Формула 1 на Ферари во 2006 година, на 31 јануари 1 и 2 февруари. На првиот тест, Роси излетал од влажната патеката во песочната бариера, завршувајќи го својот прв ден од тестирањето. На вториот ден Роси постави деветто време во конкуренција на 15 возачи, околу 1 секунда побавно од Михаел Шумахер кој имал трето најбрзо време. Роси извозил побрзо од возачите на Ред бул, Марк Вебер и Дејвид Култхард како и од возачот на Тојота, Јарно Трули. На последниот ден од тестирањето Роси бил малку повеќе од пола секунда зад најбрзото време на Шумахер. Шуми изјавил дека Роси поседува огромен талент и дека е создаден да се натпреварува во Формула 1.
На 24 мај 2004 година, Роси изјави дека ќе остане во Мото ГП првенството, додека не почувствува дека неговата работа со моторите е „завршена”. Шумахер изјави дека се чувствува „тажен” по одлуката на Роси да остане во Мото ГП и дека во исто време го поддржува. Роси потпиша договор со Јамаха за сезоните 2007 и 2008 и подоцна за 2009 и 2010.
Покрај интересот за Формула 1, Роси исто така има и голема пасија кон рели-трките. Во младоста еден од идолите на Роси бил шампионот во рели, Колин Мекри. Колин го научил Роси на основните работи за возењето рели-автомобил. Двајцата се натпреварувале на Монца 2005 година, Мекри возел Шкода Фабија ВРЦ, а Роси Субару Импреза ВРЦ. Роси извојувал победа во оваа трка. Неговиот прв официјален обид во рели-првенството била во 2002 година на релито во Велика Британија, возејќи Пежо 206 ВРЦ, со кое излета во втората фаза на трката.
На 11 октомври 2006 година било најавено дека Роси ќе се натпреварува на рели-трката во Нов Зеланд која требало да се одржи на 17 и 18 ноември истата година. Тој учествувал со Субару ВРЦ и завршил 11 во конкуренција на 29 возачи. На 26 ноември, Роси возејќи Форд Фокус ВЦР, победил на рели-трката во Монца која се одржува секоја година. Тој го победил победникот од претходната година Риналдо Капело освојувајќи седум од пет патеки. Исто така го победил и рели-шампионот Дидје Ороал за седум секунди, еден на еден во финалето на мастер-шоуто. Роси на крајот на митингот во Монца изјавил дека ќе се натпреварува на релито во Велика Британија во 2007 година но подоцна се повлекол. На митингот во Монца во 2007 година, Роси повторно го освоил првото место.
Роси бил поврзуван со трансфер во Формула 1 и Светското рели-првенство во 2007.
Но Роси одлучил да остане во Мото ГП првенството: „имам договор со Јамаха до 2008 година”, изјавил тој, „кога ќе заврши тоа ќе видиме што ќе се случи. Во едно сум сигурен, дека ќе возам до 31 или 32 години најмногу. Ќе барам нови стимули во наредните сезони, засега сум целосно мотивиран”. Роси потпишал нов двегодишен договор со Јамаха до 2010 година. Првично планирал да вози Импреза ВРЦ за време на неговото учество на релито во Велика Британија во 2008 година, но сепак настапил со Форд Фокус ВРЦ. Ја завршил трката на 12-то место, 13 минути и 20,4 секунди зад победникот Себастијан Леб.
Во јануари 2010, Роси изјавил дека кога ќе се повлече од Мото-ГП би сакал да се пресели во Рели првенството. “Нема моногу разлика во телото на човекот од 22 и 34 години така што сè уште имам време да се натпреварувам. Ќе го имам предвид преминот во трките со коли, веројатно рели, после тоа ќе пробам да си олеснам сам на себе... знам дека Формула 1 е полесно но во периодот кога ќе ја завршам кариерата во Мото-ГП ќе бидам престар да се натпреварувам во Формула1”. Стефано Доминчели директорот на Ф1 тимот на Ферари, ја искажа својата желба да се воведе трет болид на Ферари на патеките од Ф1 кој ќе биде управуван од Роси, и потврди дека Роси ќе тестира постар болид на Ферари на 21 и 22 јануари 2010.
Во март 2010 година, италијанскиот министер Франко Фратини го награди Роси со првата италијанска награда за начинот на кој ја претставува Италија на меѓународно ниво.
Кациги
[уреди | уреди извор]Валентино Роси смени повеќе дизајни на својата кацига и повеќето со мотиви на сонцето и месечината кои (според Роси ) ги отсликуваат двете страни од неговиот карактер. Уметникот на сегашната кацига е Алдо Друди.
Ритуали пред трката
[уреди | уреди извор]Роси е многу суеверен и познат по ритуалите пред трка. На денот на трката тој секогаш го гледа почетокот во категоријата во 125 cc за да види колку долго светлата ќе останат запалени пред да се згасат за почеток на трката. Кога и да вози (трка, квалификации или тренинг) започнува со личниот ритуал при што застанува околу два метра пред својот мотор се наведнува и ги допира своите чизми. Потоа кога ќе стигне до својот мотор клекнува и го држи десниот потпирач за нога потпирајќи се со наведнатата глава. Во интервју Роси вели „Тоа е само момент на концентрирање и 'разговор' со мојот мотор исто кога се селиш од едно место на друго“. Тој го мести својот заштитен костум исправен на држачите за нозе додека вози на почетно-целната рамнина пред почеток на трката или тренинг. Тој во интервју за Мото ГП.ком открива дека облекува една чизма пред другата, а истото го прави и со ракавиците и дека секогаш се качува на моторот на ист начин. Слегува од моторот на ист начин, префрлајќи ја неговата десна нога преку моторот.
Приватен живот
[уреди | уреди извор]По напуштањето на наговиот дом во Тавулија, тој се пресели во Милано, а подоцна се преселу во Лондон, Англија во периодот кога вози за Хонда. Во овој период тој добива вила на Ибица што сеште ја поседува, но поради скандалот со затајување данок тој сега се врати и живее во својот главен дом во Италија блиску до неговата фамилија.
Забележителни заработки
[уреди | уреди извор]Според Спортс илустрејтед, Роси е еден од спортските личности со најголема заработувачка во светот, со вкупна заработка од 34 милиони долари во 2007 година. Во 2009 година Форбс го рангира Роси на деветтото место на најплатени спортисти со заработка од 35 милиони долари во претходната година.
Скандалот со затајување на данок
[уреди | уреди извор]Во 2007 година италијанските даночни власти објавиле дека Роси е под истрага за можно затајување данок. По претходно неуспешната истрага над Роси во 2002 година, властите изјавиле дека Роси е под сомнение за непријавен доход од 112 милиони евра (160 милиони долари) во периодот од 2000 до 2004 година. Властите изјавиле дека Европскиот договор за данок, помеѓу европските земји, односно вилата во Англија му овозможила да ги искористи поволните даночни услови, пријавувајќи ги приходите стекнати во Англија и избегнувајќи данок, профитабилно рекламирање и договорите со спонзорите, велејќи дека Роси имал: „живеалиште во Англија, но тоа не му е постојано место на живеење”. Нагласиле дека на формуларот за данок во Италија тој навел приход од 500 евра, додека приходите од спонзорите се наведени како да се направени со странски компании, но скандалот контролиран главно од Италија. Во 2008 година Роси објавил дека постигнал договор со италијанските даночни власти и дека платил 35 милиони евра за да го затвори случајот.
Останати хоби-активности
[уреди | уреди извор]Роси се труди да го чува приватниот живот надвор од очите на јавноста иако не крие за неговата наклонетост кон италијанскиот фудбалски клуб Интернационале. По освојувањето на деветтата светска титула во октомври 2009 година, Интер му честитал на неговата официјално мрежно место.
Домашни миленичиња
[уреди | уреди извор]Кучето милениче на Роси било британски булдог по име Гилдо, кое го имал од 2000 до 2008 година. Поради честите патувања на Роси, Гилдо живеел со неговата мајка во Тивулија. Гилдо се појавувал на различни делови на неговата облека како и на рекламниот материјал, носејќи затвореничка облека во текот на тестирањата пред сезоната и кога Роси заостанувал 32 бода во првенството во сезоната 2006, Гилдо бил облечен во инуитски костим. Гилдо умре во 2008 година по Австралијансксиот ГП, па Роси во знак во почит кон Гилдо, новиот светски шампион дизајнирал нова налепница на која Гилдо има англески крилја лебдејќи над небесни облаци. Смртта на Гилдо привлекла толку внимание што бил споменат во спортскиот магазин Газета дело спорт (Gazzetta dello Sport).
Роси сега има две нови кучиња (едно машко, едно женско), Цезар и Цецилија. За време на гран-прито во Мисано во 2009 година, веднаш по грешката во Индијанаполис, кучињата на кацигата на Валентино имале магарешки уши.
|