Крум Тошев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крум Тошев
Роден 16 февруари 1912
Прилеп
Починал 1976
Скопје

Крум Тошев (Прилеп, 16 февруари 1912Скопје 1976) бил македонски славист, македонист и универзитетски професор[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Крум Тошев завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1937). Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор, го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје. Бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Бил уредник на сп. „Македонски јазик“ и „Литературен збор“. Коавтор е на првиот „Македонски правопис со правописен речник“. Освен тоа, автор е на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование, како и поголем број научни и стручни трудови за основните карактеристики нав фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. II (изд. прво.). Скопје: МАНУ. стр. 1500. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).

Поврзано[уреди | уреди извор]