Прејди на содржината

Македонски правопис со правописен речник (1950)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски правопис со правописен речник
АвторБлаже Конески и Крум Тошев
ЗемјаНародна Република Македонија
Јазикмакедонски
Жанробразовен
ИздавачДржавно книгоиздателство на НР Македонија
Издадена
1950
Страници181

„Македонски правопис со правописен речник“ – учебно помагало напишано од Блаже Конески и Крум Тошев. Книгата била одобрена од Министерството за просвета на 11 декември 1950 со решение 13865, а ја издало Државно книгоиздателство на НР Македонија.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Правописот содржи пет глави.

Пишување на гласовите

[уреди | уреди извор]

Во оваа глава се опфатени следните поглавја:

  • Азбуката
  • Самогласките
    • а
    • о
    • у
    • е, и
    • Вокално р
    • ол
  • Согласките
    • ј
    • ќ, ѓ
    • ѕ
    • л, љ
    • њ
    • х
    • в
    • ф
  • Согласките на крајот на зборот
  • Едначење по звучност
  • Правописот на некои согласни групи
  • Правопис на некои наставки

Преглед на формите

[уреди | уреди извор]

Во оваа глава се опфатени следните поглавја:

  • Членот
  • Именки
  • Придавки
  • Сложени именки и придавки
  • Броеви
  • Заменки
  • Глаголи
  • Глаголски форми
  • Предлози
  • Прилози
  • Пишувањето на други зборови и партикули

Пренесување на делови од зборови од еден ред во друг

[уреди | уреди извор]

Оваа глава нема поглавја.

Употреба на голема и мала буква

[уреди | уреди извор]

Оваа глава нема поглавја.

Интерпункција

[уреди | уреди извор]

Во оваа глава се опфатени следните поглавја:

  • Точка
  • Прашалник
  • Извичник
  • Две точки
  • Пауза
  • Наводници
  • Запирка
  • Апостроф

По петте глави од правописот следи Правописниот речник.

  1. „Македонски правопис со правописен речник“ (PDF). Посетено на 25 октомври 2023.