Фолксваген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фолксваген (германски: Volkswagen) е германска автомобилска групација.

Историја[уреди | уреди извор]

Организација и менаџмент[уреди | уреди извор]

Производство[уреди | уреди извор]

Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во Европа и во 11 земји во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Африка, а вкупниот број вработени изнесува 592.586.[1] Во ноември 2016 година, „Фолксваген“ постигнал договор со синдикатот за укинување на 30.000 работни места до 2021 година, со цел да ја зголеми профитабилноста.[2]

Автомобилски модeли[уреди | уреди извор]

Есента 2016 година, на саемот за автомобили во Лос Ангелес, „Фолксваген“ го претставил новиот модел на автомобилот „е-голф“, опремен со нова литиумско-јонска батерија од 35,8 kWh, со можност за автономно возење до 200 км. Новиот модел имал електромотор со моќност од 134 коњски сили, со забрзување од 0 до 96 км/час за 9,6 секунди и со максимална брзина од 150 км/час.[3]

Аферата „Дизелгејт“[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година во јавноста избил скандал со кој било откриено дека „Фолксваген“ употребувал специјален софтвер со цел да прикаже помало загадување на возилата што користат дизел-гориво. Како последица на тоа, во октомври Американската Федерална комисија за трговија започнала истрага за случајот при што „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи околу 500.000 автомобили во САД, кои биле опремени со софтверот за манипулација со штетните гасови. Исто така, по скандалот, фирмата ја забележала најголемата загуба во својата историја. Во продолжение, есента 2016 година, над 5.500 мали и над 1.100 големи акционери ја тужеле фирмата во судот во Брауншвајг, барајќи отштета во висина од 8,2 милијарди евра.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тереза Серафимова, „Дали сте подготвени за иднината? Нови компетенции за новото лидерство“, Економија и бизнис, година 18, број 208, октомври 2015, стр. 36-38.
  2. „Фолксваген се договори со синдикатот“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 9.
  3. „Новиот „е-голф“ на Салонот во ЛА“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 20.
  4. „Инвеститори поднесоа тужби против „Фолксваген“ во износ од 8,2 милијарди евра“, Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 10.