Мишел Уелбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мишел Уелбек
2008.06.09. Michel Houellebecq Fot Mariusz Kubik 01.jpg
портрет
ИмеMichel Houellebecq
Роден/аМишел Тома
26 февруари 1956
Реунион, Франција
Занимањеписател
НационалностФранцузин
УниверзитетПисател, актер, режисер, сценарист, музички интерпретатор
Жанрроман, есеј, поезија
Значајни наградинаграда Тристан-Цара 1992
При де Флор 1996
Ноемвриска награда 1998
Книга на годината 1998
Prix Impac 2002
Награда Интералие 2005
Гонкурова награда 2010

Мишел Уелбек(француски: Michel Houellebecq), вистинско име Мишел Тома, ((Реунион, 26 февруари 1956) - француски писател, поет, есеист и романописец. Кон крајот на деведесеттите години е еден од најпреведуваните современи автори кои пишуваат на француски јазик. Освен по своите литературни активности, тој е познат и како пејач, режисер и актер, а во кинематографијата се прославува во 2014 година со двата филма: Грабнувањето на Мишел Уелбек и Блиско искуство со смртта.

Станува познат со романите Ширење на полето на борба и особено со Елементарни честички[1]. Со овој и со следниот роман Платформа, Уелбек се смета за предвесник во француската литература[2], особено во описите на емотивната и сексуална беда на западњакот во деведесеттите години. За романот Мапата и просторот[3], Уелбек ја добива Гонкуровата награда во 2010 година, откако повеќепати е номиниран за истата[4].

Биографија[уреди | уреди извор]

Уелбек е роден во Сен-Пјер[5], на островот Реунион, како син на Рене Тома, планински водич, и на Луси Секалди, лекар-анестезиолог дипломирана на медицинскиот факултет во Алжир, двајцата комунистички активисти. Мајка му го фалсификувала датумот на раѓање во неговиот извод од книгата на родените како да е роден две години порано зашто сметала дека е многу надарен[6]: значи, тој не е роден на 26 февруари 1956, како што стои во неговиот извод, туку на 26 февруари 1958, според неговата сопствена изјава. Многу бргу неговите родители го занемаруваат[7], и се разведуваат, а наскоро тој добива и полусестра. Тој го менува презимето по една посета на своите родители на Мон Сен-Мишел[8]. По разводот на родителите, извесно време го гледаат бабата и дедото по мајка во Алжир, потоа преминува кај бабата по татко. (Анриета Тома родена Уелбек), комунистка, и тој, во знак на благодарност, го зема нејзиното моминско презиме[9].

Завршува гимназија во Мо, потоа посетува подготвителна настава за високи школи во гимназијата Шаптал во Париз каде што често добива ќотек[10] и во 1975 година се запишува на Националниот агрономски институт Пари-Грињон. Тука формира литерарна ревија Карамазов за која пишува песни и почнува да го снима филмот Кристал на страдањето. Дипломира во 1978 година, станува инженер агроном со специјалност „природна средина и екологија“.

Потоа, се запишува на Високата национална школа Луј Лимјер, отсек „кинематографија“ (снимателство), но ја напушта во 1981 година, пред да дипломира. Во јули 1980 година, во Тресен се жени со Жасинта де ла Рош Сент-Андре, и во јуни 1981 година, во Париз, се раѓа неговиот прв син Етјен. Потоа, извесен период е невработен, се разведува од сопругата и запаѓа во нервна депресија.

Во 1983 година почнува да работи како информатичар во Унилог, потоа работи на договор во информатичката дирекција на Министерството за земјоделство, каде што останува три години, (овој период е прикажан во „Ширење на полето на борба“). Во 1990 година се пријавува за работа во Националното собрание за работното место административен помошник во информатичката служба. Редовните приходи му го даваат мирот што му е потребен. Во 1996 година, откако го стекнува потребниот стаж, дава отказ за да му се посвети на пишувањето.

Во 1992 година, Мишел Уелбек ја добива наградата Тристан-Цара за својата збирка песни, Во потрага по среќата, издадена во 1991 година. Се запознава со Жилиета и Андре Дарл кои го канат младиот поет, кој има триесет и шест години и работи во Националното собрание и е речиси непознат, на фестивалот Мурална поезија, кој се одржува во замокот на Стјуартови во Обињи-сир-Нер. Жилиета Дарл се сеќава: „Забележав дека е посебна личност и веднаш го вброив Мишел во големите автори на 20 век. […] Мишел Уелбек почна да го критикува либерализмот. Градоначалникот на Обињи го повика за да го запознае тој чуден поет. […] За него веќе немаше слободна соба, требаше да спие во приколка. Минавме чудесни вечери. Мишел читаше песни од Арагон и плачеше. Утредента го одведовме во Сансер}}[11]

Во 1998 година, неговиот опис на љубовните односи во Елементарни честички предизвикува полемика и тој е обвинет дека е женомрзец и дека го објективизира женското тело[12].

Во 2000 година, се повлекува во Ирска со својата втора жена Мари Пјер Готје ; во 2002 година, се сели во Андалузија и се сместува во националниот парк Кабо де Гата-Нихар.

Не се гледа со мајка си од својата седумнаесетта година и во интервјуата изјавува дека е најверојатно умрена, но во 2008 година таа објавува книга Невина, во која буквално вели: „Син ми може да се зафркава со кого сака и како сака, немам што да додадам на тоа“[8].

Кон крајот на 2012 година, тој најавува дека се враќа во Франција. Во својот нов париски апартман, во едно интервју зборува за причините зошто се вратил: замореност од странските јазици. Одречува дека има некаков политички чин во неговото заминување од Ирска, но вели дека тоа може да се протолкува така „бидејќи тоа докажува дека нивото на наметнување не е доволно јако за да ги обесхрабри сите“[13].

Со најавата за објавување на збирката песни Конфигурација на последниот брег во април 2013 година, ја изразува својата волја да продолжи да пишува со следните зборови: „ животот не ме интересира доволно за да можам да се откажам од пишувањето“[13].

Во 2015 година ја добива наградата на Националната библиотека на Франција за целото свое творештво.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

Хронологија на издадени дела[уреди | уреди извор]

Мишел Уелбек, Варшава.

Двете први збирки песни, објавени во 1991 година, се незабележани. Но, веќе се зацртани темите на неговите идни дела: егзистенцијална осаменост, прикажување на либерализмот во делата дури и во поглед на интимата на поединецот. Неговите две следни збирки ќе бидат наградени со наградата (Тристан-Цара, во 1992 година, и со наградата Флор, во 1996 година[14]), но успехот ќе го стекне со прозата. Во 1994 година, неговиот прв роман, Ширење на полето на борба, е објавен од издавачката куќа Морис Надо откако го одбиле повеќе други издавачи. Со овој роман Уелбек станува предводник на една генерација писатели кои ја опишуваат емотивната беда на современиот човек. Романот доживува релативен успех (во споредба со 30000 примероци продадени по излегувањето на романот Елементарни честички, по четири години), но многу брзо тој станува „култен роман“. Делото е адаптирано за филм во Франција од Филип Арел во 1999 година, а за данската телевизија, од Јенс Албинус во 2002 година.

Во 1998 година, Елементарни честички, неговиот следен роман, дига голема медиумска врева што е делумно резултат на исклучувањето на авторот од Перпендикуларна ревија на која ѝ припаѓал, поради идејно несовпаѓање. Редакцискиот одбор на ревијата во Монд објавува трибина во која го напаѓа Уелбек поради неговите социјални и политички идеи[15]. Полемиката добро ја користи издавачката куќа Фламарион која престанува да ја финансира спомнатата ревија. Перпендикуларна ревија престанува да излегува и Уелбек излегува од сенка.

На големо изненадување, Елементарни честички не ја добива Гонкуровата награда, доделена на Пол Констан за делото Исповед за исповед, роман што печатот ќе го критикува, а Уелбек ќе го оцени како „целосно промашување“. Елементарни честички ја добива Ноемвриската награда, што му ја доделува жири во кое е Филип Солерс[16], спомнат во романот и избран од редакцијата на списанието Лир „за најдобра книга во 1998 година“. Уелбек ја дели Меѓународната литерарна награда ИМПАК, Даблин,во 2002 година за преводот на Елементарни честички со преведувачот Франк Вин.

Уелбек ги потпишува и зборовите за албумот Човечко присуство кој е близок на стилот на неговата поезија. Тој пее или, подобро, зборува во својот албум, исто така и го интерпретира на неколку концерти со групата A.С. Драгон.

Во 2004 година, Мишел Улбек преминува од старата издавачка куќа, Фламарион, во издавачката куќа Фајар, во рамките на групата Ашет ливр која припаѓа на моќното претпријатие Лагардер; Финансиските услови се невообичаени за француското издаваштво и затоа што му се овозможува следниот роман да биде пренесен и на филмско платно. По ова литерарно враќање 2005 година, со објавувањето на Можноста на еден остров, тој зафаќа голем дел од „културните страници“ на медиумите. Но, продажбата на книгата е помала од предвидената, значи, 300 000 продадени, наспроти предвидените 400 000 примероци. Во 2007 година, Уелбек работи на предпродукцијата на филмот Можноста на еден остров со ист наслов како и романот, потоа го режира филмот, главната улога му е доделена на Беноа Мажимел. По прикажувањето на филмот во 2008 година, филмот доживува финансиски и критички неуспех. Во 2008 година, Уелбек го објавува Јавни непријатели, серија писма разменети по електронска пошта со Бернар-Анри Леви.

Во 2010 година, кај Фламарион го објавува романот Мапата и просторот за кој ја добива Гонкуровата награда за 2010 година. Откако неколкупати не успева да ја добие оваа награда, Мишел Уелбек ќе изјави: „Сега кога ја добив наградата Гонкур, нема веќе да се прашувам дали следниот пат ќе ја добијам или не, притисокот ќе се намали, ќе бидам послободен, иако и досега бев мошне слободен[17].

Неговиот роман Покорување[18] објавен на 7 јануари 2015 година во издавачката куќа Фламарион покажува една исламизирана Франција по политичката победа на исламот во Франција во 2022 година[19].

Уелбек му придава значење на своето есеистичко пишување. Соработувал во списанието Енрокуптибл, во Перпендикуларна ревија, во Работилница на романот, воНепосредно, како и во други меѓународни списанија.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Брет Истон Елис

.

Писателот се повикува на влијанието на разни автори или ги опишува во компаративните анализи. Со својата литерарна амбиција, својот дескриптивен и социолошки пристап, романите на Уелбек често се споредени од страна на специјалистите по литература со реалистичниот француски роман од 19 век[20] (Флобер, Балзак, Стендал), а за научната страна на неговата научна анализа со (социо-биолошкиот или антрополошки дискурс) до натурализмот на Зола[21]. Неговото дело често се споредува со делата на писателите од 20 век, поточно со Селин. Меѓу современите романописеци, неговото дело се споредува понекогаш со делото на Американецот Елис (Американско психо), преку општественото влијание истакнато преку реакцијата на скандализираната публика и медиумите[22]. Неговиот стил е интертекстуален, спојува повеќе дискурси, на пример, Балзак и Жорж Перек и авторот се повикува на тоа влијание[23].

Од поетите најмногу се повикува на Бодлер, на пример за својата поетска транскрипција на модерноста, на урбаната поезија и на капитализмот[24], и на влијанието на Лотреамон преку употребата на научниот вокабулар[25].

Од филозофите се чувствува мислата на Артур Шопенхауер, на кого Уелбек се повикува како на свој духовен учител и кој со нараторот споделува ликови од романи со песимистичка метафизика, одвратност кон светот, револт кон желбата за живот (посебно кон сексуалната желба) и концептот на живот заснован врз страдања дури и смрт[26]. « L'absence d'envie de vivre, hélas, ne suffit pas pour avoir envie de mourir.» — Платформа[27].

Теми[уреди | уреди извор]

Либерализам, „ширење на полето на борба“[уреди | уреди извор]

Трудот и економијата се значајни теми во делото на Уелбек. Лаанк забележува дека „неговата романескна психологија и социологија се јасно изградени на тој терен“. Авторот ја почнува својата размисла за либерализмот со Х. П. Ловкрафт. Против светот, против животот, каде што забележува: „Либералниот капитализам го рашири своето влијание врз свеста; заедно со него настапија меркантилизмот, публицитетот, апсурдниот и подбивен култ кон економската ефикасност, ексклузивниот и неумерен апетит кон материјалните богатства. И уште полошо, либерализмот се прошири од економското на сексуалното поле[28].“ — Х. П. Ловкрафт. Против светот, против животот. Либерализацијата, сфатена како натпревар, ги преобразува некогаш неефикасните човечките односи во еден систем на оптимизација на човекот кон човек. Така, во Ширење на полето на борба, тој ја смета либерализацијата, и во економијата и во сексуалноста, за генератор на нерамноправноста. „Во совршено либералниот економски систем, некои луѓе натрупуваат големи богатства; други живуркаат без работа и во беда. Во целосно слободниот сексуален систем, некои имаат разновиден и возбудлив сексуален живот ; други се препуштени на мастурбацијата и на осаменоста[29].“ Во Платформа, авторот изнаоѓа синтеза во тие два либерализма преку проституцијата. Глобализирана преку имиграцијата и сексуалниот туризам, проституцијата се покорува на законите на пазарот преку чистата и совршена конкуренција, во која компаративните предности доаѓаат до израз. Мишел Уелбек го користи и отсуството на каузалност меѓу либерализацијата и благосостојбата. Либерализацијата ги изострува економијата и набавките и не придонесува за развивање на луѓето, туку за нивната индивидуализација. Некогаш социјализирана во семејството, преку религијата и постојаното работно место, индивидуата сега е одговорна за еден живот што не го одбира сама. Без семеен капитал и без добар физички изглед, ликовите на Уелбек не успеваат да се социјализираат и го промашуваат животот. Често самите не успеваат психички да се контролираат. Тогаш, депресијата станува последица на лошо доживеаната либерализација. Во септември 2014 година, економистот Бернар Мари посветува едно свое дело[30] на врските меѓу делото на Мишел Уелбек и на економскиот теоретичар (Алфред Маршал, Томас Роберт Малтус, Џон Мејнард Кејнс…) и тврди дека: „Ниеден друг писател освен него не успеал да го сфати економското зло што ја зафати нашата епоха“.

Човекот и животното[уреди | уреди извор]

Дефиницијата на човекот и животното е централна тема во Хуелбековото дело. Во повеќе романи, авторот прави паралела меѓу животинското во човечките односи и нивната привидна социјабилност. Луѓето се животни водени од своите инстинкти и идеали. Елементарни честички нуди многу споредби меѓу човечките и животинските заедници.

„Грубоста и доминацијата, кои постојат во животинските заедници, се изразуваат и кај шимпанзото (Pan troglodytes) со чинови на суровост кон послабото животно. Овој стремеж го достига врвот кај примитивните човечки заедници, а во развиените заедници кај детето и кај младиот адолесцент.“[31]

Авторот зборува за повисок вид, создаден од човештвото, правејќи портрет на своите претходници.

„Тој болезлив и злобен вид, што одвај се разликува од мајмунот, во себе носи толку благородно вдахновение. Тој вид, измачен, спротивставен, индивидуалистички и кавгаџиски, што носи неограничен егоизам и понекогаш е способен за невидена експлозија на насилство, никогаш не престанува да верува во добрината и во љубовта.“[32]

Дијалектиката на човекот и неговата анималност е релативно песимистичка во хуелбековото дело. Додека животното не страда од патологиите на човековата социјалбилност (себичност, страст), човечкото суштество не може да се лиши од своите предаторски инстинкти кои не се компатибилни со поставените вредности (љубов). Овој социјален дарвинизам е позасилен во сексуално слободните заедници.

„Како ретка појава, вештачка и задоцнета, љубовта може да процвета само во посебни ментални услови, што ретко се собираат заедно, поради сите точки кои се спротивставени на слободата на обичаите со што се карактеризира модерното време (…) Љубовта како способност да се објасни другиот пол преку едно сакано суштество, ретко опстојува во една година на сексуално лутање, никогаш во две.“[33]

Религија[уреди | уреди извор]

По објавувањето на Покорување, Бруно Вијарди, специјалист за Мишел Уелбек, истакнува дека „религиозното прашање е присутно од почетокот“ во делото на Мишел Уелбек: „Го прогонува можноста за исчезнување на религијата иако Уелбек не верува во Господ. Но, тврди дека ни едно општество не може да опстане без религија, зашто така ќе се самоубие, зашто освен семејството и религијата одговара на основната социолошка потреба, а тоа е да го поврзе луѓето и да даде смисла на нивното постоење. Оттаму, неговиот очај: идејата за големата празнина... Тоа е причината зошто тој толку многу се интересира за религиите без трансцендентиот Господ на кој Пјер Леру или Огист Конт толку се надевале во 19 век. Треба да се прочитаат Елементарни честички за да се согледа тоа и во извесни делови од Мапата и просторот. Не ги знам причините за одбојноста кон исламот, изгледа дека се лични, но повеќепати го потврдил непријателството за секој монотеизам. Од таа перспектива, исламот е најтрансцендентната религија. Колку повеќе луѓето си замислуваат дека Господ е апсолутен, толку неговиот закон е потирански. Оттаму, најверојатно, насловот Покорување.[34]}}

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Стилската специфичност на Уелбек е често истакнувана од коментаторите и од критичарите. Неговото пишување е опфатено од „отсуство на стил“ [35] (види подолу), ја поздравија други критичари и писатели. Понекогаш назначен како „бел стил“ или „рамен стил“, оваа специфичност е опишана и разработена во многу студии.

Избор на стилот според авторот[уреди | уреди извор]

„Јас никогаш не сум ги прифатил, без да дадам завет со срцето, техничките претераности од некој автор „формалист Минуи“ за да постигнам некаков безначаен резултат. За да бидам во игра, често си ја повторувам реченицата од Шопенхауер: „Првиот — и практично единствен — услов за добар стил, е да имаш што да кажеш.“ — Уелбек, „Така ги пишувам моите книги.“[36].

Првите концепции на авторот за стилот на пишување се појавуваат во неговиот есеј за Х.П. Ловкрафт (1991). Ако тука ја објаснува важноста на улогата на стилот во изразувањето на идејата, Уелбек подоцна постојано ќе потсетува на несериозноста на чисто формалното истражување. Тој го опишува и го анализира својот сопствен стил на следниот начин: „Изгледа некои ментални состојби ми се мошне специфични ; особено онаа што се толкува со најава смирувачки предлози кои предизвикуваат апсурдно дејство.“[37].

Стилот на Уелбек: синтакса и постапка[уреди | уреди извор]

Меѓу карактеристиките на ова пишување, авторите откриваат кратки реченици и сопоставеност на предлозите до едноставна структура (сопоставеност засилена со употреба на точка-запирка). Исто така, пишувањето е ограничено со метафори ; тие се ретки и доста слаби, на пример, се клише или општо место.

Стилот варира поради интертекстуалноста, на пример, кога Уелбек го пародира стилот на некој друг писател. Доминик Ноге забележува балзаковски црти во една реченица како: „А ако ефемерниот патник сака да се повика на своето паметење…“, потоа, камиовски во почетокот на реченицата „Присутен на смртта на некој тип, денес…“, или пак форми слични на Лотреамон во поетските описи на пејзажот[38].

Но, стилот обично е автономен, поврзан единствено со јазичниот регистер: Уелбек користи понекогаш литерарен регистер, во некои пасажи или мошне точно (термини, реченици, конјугации), по примерот на: „дали таа дваесет и пет години се придржуваше на режимот за слабеење со застрашувачка строгост та нејзината судбина не омекна“. Главно, писателот користи регистер на колоквијалниот француски јазик што Ногез го опишува како „оној на прозата од написите на научната вулгаризација“ често стремејќи се кон регистерот на говорниот јазик („цел оној штос“)[38].

Џеф Кунс станува од местото, со раце подадени напред со одушевен полет. Седнат наспроти него на кауч од бела кожа, делумно покриен со малку стуткана свила, Дамиен Хирст се чини како да сака да направи забелешка; лицето му е зацрвенето, мрачно. Двајцата носат црн костум — оној на Кунс со фини пруги — со бела кошула и црна вратоврска. Меѓу нив, на ниска маса стои кошничка со слатки, но ни едниот ни другиот не обрнува внимание на тоа ; Хирст пие Бадвајзер лајт. — Мапата и просторот, прв параграф.“

Според Ногез, стилот се одликува со „низа лексички и синтактички феномени“ кои го зајакнуваат прозаичниот став на нештата, или го покажуваат отсуството на емоција или депримираноста на нараторот, преку употребата на голем број литоти, описи и детали. Критичарите го забележуваат завршетокот на сложените параграфи со едноставна и банална реченица која, „наметнува извесна резигнација“ или среќна исполнетост.

„Не можеше да се сети на својата последна ерекција ; очекуваше бура“ — Елементарни честички Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article. „Изговарам неколку реченици за скандинавските норми и за комутацијата на мрежите ; Шнабел во одбрана се стутка на столот; ќе побарам крем-карамел“ — Ширење… Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.

Стилот се открива и по многу други постапки. Авторот редовно користи придавки (често негативни), и тоа на невообичаен или изненадувачки начин, за да укаже на наметливите, неизнијансирани и избрзани расудувања на раскажувачот или на ликови.

„Тапетот беше обесхрабрувачки“. „Тоа беше прекрасно слоу (slow - бавен танц), со надреалистична убавина.“ Стилот на Уелбек се карактеризира и со значењето на метаговорот, со редовната употреба на типографскиот италик. Оваа постапка покажува поинаков дискурс или „моменти на пауза кога текстот размислува или го привлекува вниманието кон себе“.[39]“. „Но Олга, на секој начин не многу протеинска жена, повеќе сакаше слатко од шумски јагоди […]“ — Мапата… Шаблон:Стр..

Ногез забележува и изобилство на лексички или граматички ознаки, употреба на многу адвербијални форми за да му се даде на исказот сомнителен карактер, за да се оправда со говор на вистината, поблизок на есејот или на социолошката студија на романот. Тој аспект можеби е зајакнат со користење на name dropping. „Не е комплицирано да се раскажува за човечките односи: тоа најчесто е нерешливо, но ретко е комплицирано.“ — Платформа[40].

Според Симон Сент Онж, сите постапки всушност имаат за цел да ги објаснат „несигурните јазични практики“[25].

За Роже Селестен, овој стилски избор е можеби продолжување на пишувањето што се квалификува како „неутрално“ или „објективно“ на егзистенцијалистичкиот роман и на новиот роман, или на амбициите на структурализмот еден „научен“ стил[41].

За други критичари, како Валтер Гудман, изборот на овој рамен стил има смисла затоа што е спротивставен на пишувањето од почетокот на 20 век, или ако го споредиме со стилот на Флобер или на Пруст „каде што метафората е суштинска, витална“. Со изборот на стилот, Уелбек можеби сака подобро да ја одрази нашата модерна епоха и современите текстуални практики.

Преведени дела на македонски јазик[уреди | уреди извор]

  • Мапата и просторот, Три, 2012, ИСБН: 9786082300467,[3]
  • Елементарни честички, Три, 2013, ИСБН: 978-608-230-156[1]
  • Покорување, Три, 2015, ИСБН: 978-608-230-318-5,[18]
  • Ланзароте, Три, 2016, ИСБН: 978-608-230-441-0,[42]
  • Карта и територија, Три, 2016, ИСБН: 978-608-230-458-8,[43]
  • Серотонин, Три, 2019, ИСБН: 978-608-230-6285[44]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Елементарни честички на семрежното место на Три
  2. Lire : le magazine littéraire. L'actualité de la littérature française et de la littérature étrangère..
  3. 3,0 3,1 >Мапата и просторот на семрежното место на Три
  4. Alain Beuve-Méry, journaliste : Michel Houellebecq, enfin !, Le Monde, 8 novembre 2010.
  5. Sébastien Broquet (décembre 2010). "La possibilité d’une Elle".  Unknown parameter |site= ignored (помош); .
  6. Denis Demonpion, Houellebecq non autorisé, enquête sur un phénomène, Maren Sell, 2005. Voir également "La mère de Michel Houellebecq règle ses comptes avec son fils". 29 avril 2008.  Unknown parameter |site= ignored (помош); .
  7. "La mère de Michel Houellebecq règle ses comptes avec son fils". 29 avril 2008.  Unknown parameter |site= ignored (помош); .
  8. 8,0 8,1 Florence Noiville (30 avril 2008). "Houellebecq et le retour de la mère indigne".  Unknown parameter |site= ignored (помош); .
  9. , Éditions L'Harmattan, 2011 Шаблон:Lire en ligne, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article80 .
  10. , Rodopi, 2007 Шаблон:Lire en ligne, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article154 .
  11. « Ce sont eux les premiers qui ont cru en Houellebecq » sur le site de La Montagne, 9 novembre 2010.
  12. Murielle Lucie Clément, op. cité, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  13. 13,0 13,1 Libération, 2 avril 2013.
  14. Houellebecq racontera les coulisses de cet acte de reconnaissance publique, en particulier le soutien qu’il semble avoir reçu de Frédéric Beigbeder, dans une nouvelle écrite en 2001, intitulée Je suis un écrivain normal.
  15. Houellebeq et l'ère du flou.
  16. Celui-ci viendra témoigner en faveur de Houellebecq dans le procès qui lui sera intenté à l’occasion de ses déclarations sur l'islam.
  17. Le roi Houellebecq sacré enfin par le Goncourt, France Soir, 8 novembre 2010.
  18. 18,0 18,1 Покорување на семрежното место на Три
  19. "Houellebecq : visionnaire ou pervers ?" (French).  Unknown parameter |site= ignored (помош).
  20. Bruno Viard.
  21. Sandrine Rabosseau, Houellebecq et le renouveau du roman expérimental.
  22. Frédéric Sayer.
  23. Entretien avec Joseph Vebret, BiblioObs, 06/09/2010, Voir la video.
  24. Julia Pröll, La poésie urbaine de Michel Houellebecq : sur les pas de Charles Baudelaire ?.
  25. 25,0 25,1 Simon St-Onge, De l'esthétique houellebecquienne.
  26. Walter Wagner, Le bonheur du néant : une lecture schopenhauerienne de Houellebecq, Floriane Place-Verghnes, Houellebecq / Schopenhauer : souffrance et désir gigognes.
  27. Michel Houellebecq, Plateforme (2001), éd. J'ai lu, 2007 , Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  28. H.P Lovecraft, Contre le Monde, contre la vie, J'ai Lu, 1999.
  29. Michel Houellebecq, Extension du domaine de la lutte (1994), éd. J'ai lu, coll. Nouvelle génération, 2005 , {стр.|100}}.
  30. , Paris, Flammarion, 2014, 155Шаблон:Nb p. 
  31. Les Particules Élémentaires, J'ai Lu, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  32. Елементарни честички, J'ai Lu, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  33. Ширење во полето на борба, J'ai Lu, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  34. ""Il ne faut pas lire Houellebecq au premier degré", dit un spécialiste de son oeuvre".  Unknown parameter |jour= ignored (помош); Unknown parameter |consulté le= ignored (помош); Unknown parameter |mois= ignored (помош); Unknown parameter |année= ignored (помош)
  35. Види подолу, Ерик Ноло, Помош, Уелбек се враќа !, Ноло и Жан-Филип Домек, Состојба на душите.
  36. Entretien avec F. Martel, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article — cité par Noguez, 2003 Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  37. Houellebecq, Entretien dans Nouvelle Revue Française (?).
  38. 38,0 38,1 (Noguez 2003, стр. 97-108).
  39. Noguez.
  40. Michel Houellebecq, Plateforme (2001), éd. J'ai lu, 2007 , Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  41. Roger Célestin, Du style, du plat, de Proust et de Houellebecq.
  42. Ланзароте на семрежното место на Три
  43. Карта и територија на семрежното место на Три
  44. Серотонин на семрежното место на Три

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: