Серотонин (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серотонин
АвторМишел Уелбек
Наслов на
оригиналот
Sérotonine
Земја Франција
Јазикфранцуски
ИздавачФламарион (Франција)
Издадена
4 јануари 2019
Медиумпечатено
Страници352
ISBN978-608-230-6285 [1] Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.

Серотонин (француски: Sérotonine) – роман од францускиот писател Мишел Уелбек издаден на француски јазик во јануари 2019 година.[2] На македонски јазик во издание на издавачката куќа Три е објавен на 1 март 2019 година[3]

Заплет[уреди | уреди извор]

Депресивен земјоделски инженер, Флоран-Клод Лабруст, живее во апартман во бруталистички париски блок, но оди во Нормандија да помогне во промоцијата на француското сирење.[4] Тој ја разбира судбината на локалните фармери, но е немоќен да им помогне да ти задржат нивните традиционални методи:[5][6]

Накратко, она што се случува со француското земјоделство е голем план за излишност, но план кој е таен и невидлив, каде луѓето исчезнуваат еден по еден на нивните земјишни парцели, без да бидат забележани.


Откако Лабруст раскинува со неговата девојка, млада Јапонка, ја напушта работата и бега во хотел. Доктор му препишува антидепресив, па оттука доаѓа и серотинин како наслов на романот. Иако ова го намалува либидото, Лабруст се враќа во Нормандија во потрага по поранешни љубовници. Таму тој исто така посетува еден стар средношколски пријател кој е разведен и аристократски земјопоседник со самоубиствени намери.

Во врвот на романот, фармерите со ловечки пушки го блокираат автопатот. Во судирот со полицијата загинуваат единаесетмина, вклучувајќи и еден од главните ликови.[5]

Тема[уреди | уреди извор]

Романот ги опишува француските фармери кои се борат да преживеат наспроти глобализацијата, агроиндустријата и политиката на Европската Унија. Предвидува многу работи од движењето на жолтите елеци кое започна со протести во Франција во 2018 година.[5] Напишан пред демонстрантите да почнат да ги блокираат патиштата во реалниот живот, Серотинин наскоро им се придружи на претходните романи на Уелбек, Платформа и Покорност кои критичарите ги нарекувале чудно пророчки.[7][8]

Како и во многу други дела на Уелбек, раскажувачот е отуѓен, средовечен маж со црна смисла за хумор.[5] Има вообичаени описи на секс без љубов, како и рана сцена на мастурбација, па дури и бестијалност.[6]

Изданија[уреди | уреди извор]

Првичното издание во Франција имало 320 000 примероци. Германското, италијанското и шпанското издание биле публикувани истиот месец. Книгата на македонски била издадена во март 2019 година. Англискиот превод треба да се појави во септември 2019 година.[5]

Прием[уреди | уреди извор]

Во Франција, Серотинин бил најпродавана книга во неделата кога била издадена.[9] Во првите три дена биле продадени 90 000 примероци.[10] И покрај тоа што Уелбек не дава интервјуа после пукањето во „Шарли Ебдо“ во 2015 година, изданието било сметано за национален настан, кое било во истиот месец кога тој го добил орденот Легија на честа.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Серотонин“. Книга. Три.
  2. „Catalogue: Sérotonine de Michel Houellebecq“. Flammarion. Groupe Flammarion.
  3. „Три“ го издаде најновиот роман на Мишел Уелбек - „Серотонин“ на семрежната страница на МКД
  4. Donadio, Rachel (13 January 2019). „A Novel Made for the "Yellow Vest" Moment“. The Atlantic.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Sexton, David (10 January 2019). „Book of the week: Sérotonine by Michel Houellebecq“. Evening Standard. ESI Media.
  6. 6,0 6,1 Zaretsky, Robert (5 January 2019). „Michel Houellebecq Hated Europe Before You Did“. Foreign Policy. The FP Group.
  7. 7,0 7,1 Chrisafis, Angelique (4 January 2019). 'Vanquished white male': Houellebecq's new novel predicts French discontent“. The Guardian. Guardian Media Group.
  8. Woods, Mike (2 January 2019). „France's Houellebecq foresees Yellow Vest unrest in new novel“. RFI English. France Médias Monde.
  9. Nawotka, Ed (18 January 2019). 'Becoming' Bewitched Europe in December“. Publishers Weekly. PWxyz LLC.
  10. Hussey, Andrew (16 January 2019). „How France's provocateur-in-chief became part of the establishment“. New Statesman. New Statesman Media.