Луј Арагон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луј Арагон
Portrait Aragon.jpg
Роден Луј Андрије
10 март 1897(1897-03-10)
Париз
Починал 24 декември 1982(1982-12-24) (воз. 85 г.)
Париз
Националност Французин
Значајни дела Les Lettres françaises, Pour un réalisme socialiste

Луј Арагон (француски: Louis Aragon, роден на 3 октомври 1897 во Париз - починал на 24 декември 1982 во Париз) — француски поет и романописец, претставник на дадаизмот и надреализмот и член на академијата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Луј Арагон бил роден на 3 октомври 1897 година во Париз, како Луј Андрије. Пораснал со својата мајка и баба, верувајќи дека тие му се сестра и мајка. Татко му на Луј бил женет и 30 години бил постар од мајка му, па така Луј пораснал со убедување дека тој човек му е кум, а не татко. Дури на деветнаесет годишна возраст ја дознал вистината, пред да тргне како војник да се бори во Првата светска војна. Ниту мајка му ниту татко му не верувале дека синот ќе се врати од војната жив. Тоа што татко му никогаш не го признал оставило длабока трага на поезијата на Арагон во годините што следувале.

Од 1919 до 1924 година, Арагон се приклучил на движењето дадаизам, активно дружејќи се со париските дадаисти. Со Андре Бретон во 1924 година станал еден од основачите на надреалистичкото движење.[1], и оттогаш го употребувал своето литературно име Арагон. Ги објавил првите песни и романот „Селанец од Париз“. Во текот на 20-те години заедно со цела група надреалисти се приклучил на Комунистичката партија на Франција. Од 1933 година започнал да пишува и за партискиот весник. Во текот на 1930 година го посетил Советскиот Сојуз и од 1933 година неговата посветеност на партијата го води до раскинување со надреалистите, кое кулминирало со Светскиот конгрес на писатели за одбрана на културата (1935 година), каде што жестоко му се спротивставил на неговиот пријател Андре Бретон. И покрај таквиот настап, Арагон и самиот често го критикувал Советскиот Сојуз. Од 1933 до 1944 Арагон го напишал романот „Реален свет“ во четири тома, каде ја опишал историската перспектива на класната борба. Со соцреализам продолжил да се занимава и во следните дела, а потоа создал три романи што се своевидна биографија поврзана со комунистичкото движење. Покрај тоа пишувал и патриотски песни, кои ги објавувал во текот на Втората светска војна, но и љубовна поезија посветена на својата жена Елза, сестра на Љиља Брик (љубовницата на Мајаковски), со која се оженил во 1939 година. Пред и во текот на Втората светска војна Елза соработувала со него во весниците на левицата, а во текот на окупацијата била во илегала.

За време на војната, Арагон станал член и на Движењето на отпорот, а пишувал и за еден илегален весник. Во последните поеми често се навраќал на сеќавањето од тоа движење. Станал еден од најважните комунистички интелектуалци, а од 1950 година станал и член на централниот комитет на партијата. Покрај новинарските активности, поврзани главно за неговото политичко дејствување, Арагон во текот на 50-те години станал водач на Обединетите француски издавачи, кои објавувале француски и советски автори. Во почетокот на 60-те започнал да објавува и други писатели, Мајаковски, Јевтушенко и Криста Волф.

По смртта на сопругата Елза во 1970, Луј Арагон ја напуштил и издавачката куќа и се вратил кон надреализмот. Во последната деценија од животот објавил уште два романи. Починал на 24 декември 1982 година, а погребен е покрај својата сопруга во паркот на својот имот.

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

  • Le Musée Grévin
  • La Rose et le réséda
  • Feu de joie, 1919
  • Le Mouvement perpétuel, 1926
  • La Grande Gaîté, 1929
  • Persécuté persécuteur, 1930–1931
  • Hourra l'Oural, 1934
  • Le Crève-Cœur, 1941
  • Cantique à Elsa, 1942
  • Les Yeux d'Elsa, 1942
  • Brocéliande, 1942
  • Le Musée Grevin, 1943
  • Complainte de Robert le Diable, 1945
  • La Diane française, 1945
  • En étrange pays dans mon pays lui-même, 1945
  • Le Nouveau Crève-Cœur, 1948
  • Le Roman inachevé, 1956
  • Elsa, 1959
  • Les Poètes, 1960
  • Le Fou d'Elsa, 1963
  • Il ne m'est Paris que d'Elsa, 1964
  • Les Chambres, poème du temps qui ne passe pas, 1969
  • Demeure de Malkine, 1970

Есеи[уреди | уреди извор]

  • Une vague de rêves, 1924
  • Traité du style, 1928
  • Pour un réalisme socialiste, 1935

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]