Прејди на содржината

Култура 365

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен - собата на А. ден Долард во рамките на КИЦ „Култура 365“

„Култура 365“ (лат. Cultura 365) е културен и информативен центар во Охрид, основан според идеите и со активното учество на охридскиот писател и фотограф Мишо Јузмески. За кратко време центарот станува културно култно место во кое навраќаат љубители на уметноста и културни дејци од целиот свет. Воден од начелото „култура за сите секој ден“, центарот работи секој ден и така тој е единствената културна институција во Охрид која е отворена секој ден.

Културно-информативниот центар „Култура 365“ со работа започнува на 19 јуни 2011 година, а првиот културен настан е отворањето на спомен - собата за холандскиот писател и новинар А. ден Долард. Во КИЦ „Култура 365“ се одржуваат разни културни настани преку кои се промовираат уметници и други дејци од областа на културата.[1]

КИЦ „Култура 365“ има две изложбени простории:

  • Спомен соба (постојана изложба) за А. ден Долард
  • Уметничка галерија за изложување на фотографии и други дела од разни автори

Основни дејности на КИЦ „Култура 365“ се:

  • промоција на уметнички дела (книги, фотографии, слики и сл.)
  • информации за туристите од областа на културното наследство и културните настани
  • предавања за културното наследство и други теми од областа на културата
  • 19 јуни 2011: Отворена е спомен - собата на холандскиот писател и новинар А. ден Долард. Изложени се книги, фотографии и други информации преку кои се претставуваат животот и делото на писателот[2].
  • 26 јуни 2011: Изложба на фотографии и книги од Мишо Јузмески.
  • 28 јуни 2011: Комеморативна вечер за фотографот Атанас Талевски, при што неговите пријатели и познаници зборуваат за животот и делото на уметникот, а претставени се и негови фотографии[3].
  • 12 јули 2011: Претставување на книгата „Рани спомени“ од новинарот Веле Митаноски[4].
  • 7 ноември 2011: Изложба на карикатури на тема „Соочување со климата“ на автори од Шведска и балканските земји [5][6].
  • 10 ноември 2012: Изложба на фотографии од Атанас Талевски [7]
  • 19 декември 2012: Изложба на Никола Павлески [8]
  • 9 јануари 2013: Средба со творештвото на Иван Точко Средба со Иван Точко[мртва врска]
  • 26 јануари 2013: Изложба на Славица Панова [9]
  • 7 февруари: Одбележување на роденденот на А. ден Долард[10]
  • 15 февруари 2013 Изложба на Јасна Христовска[11]
  • 23 февруари 2013: Средба со творештвото на Борис Бојаџиски[12]
  • 9 март 2013: Средба со творештвото на Радослав Петковски[13]
  • 16 март 2013: Изложба на Катерина Мавровска[14]
  1. „Културните настани во Охрид ќе се негуваат преку целата година преку „Култура 365". Архивирано од изворникот на 2011-09-14. Посетено на 2011-09-19.
  2. Изложба за А. ден Долард во Охрид
  3. Комеморативна вечер во спомен на охридскиот фотограф Атанас Талески
  4. Промовирана книгата “Рани спомени” од новинарот Веле Митаноски[мртва врска]
  5. „„Соочување со климата" (изложба на карикатури)“. Архивирано од изворникот на 2011-11-08. Посетено на 2011-11-08.
  6. Изложба на карикатури - реален приказ на модерното време
  7. Фотографиите на Атанас Талевски изложени во КИЦ „Култура 365“
  8. Изложба на Никола Павлески во „Култура 365“
  9. Голем интерес на стружани и охриѓани за фотографиите на Панова
  10. „Во Охрид одбележан роденденот на А. Ден Долард“. Архивирано од изворникот на 2013-02-08. Посетено на 2013-03-14.
  11. Изложба на фотографии од охриѓанката Јасна Христовска[мртва врска]
  12. „Средба со творештвото на Борис Бојаџиски“. Архивирано од изворникот на 2013-02-23. Посетено на 2013-03-14.
  13. Охриѓани се запознаа со творештвото на Радослав Петковски[мртва врска]
  14. Изложба на Катерина Мавровска[мртва врска]