Жандармерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француски жандарми на улицата Верне, во близина на Шанз-Елизе во Париз.
Припадници на италијанската жандармерија за време на извршување на јавни должности во Фиренца.
Службеници во полската Војна Жандармерија (Żandarmeria Wojskowa).
Поморскиот извиднички авион CASA CN235-300 Persuader на шпанската Цивилна Гарда.
Инструктор од романската жандармерија (десно) во тренинг мисија со припадник на Авганистанската Национална Полиција.

Жандармеријавоена компонента во јурисдикција на цивилните закони. Овој поим произлегува од средновековниот француски израз gens d'armes кој во превод значи „вооружен човек“. Во Франција и повеќето франкофонски нации, жандармеријата е гранка на вооружените сили надлежни за внатрешна безбедност во време на војна. Овој концепт беше воведен во неколку други земји во Западна Европа за време на Наполеоновите војни. Во средината на дваесеттиот век, бројни поранешни француски мандати или колонии како Сирија и Република Конго воведоа жандармерии по својата независност.

Растот и проширувањето на жандермериските единици се поврзани со сè помалата желба од страна на некои влади да ги користат воените единици, обично надлежни за надворешна одбрана во борба против внатрешните закани. Феномен поврзан со оваа е формирањето на паравоени единици кои се ставаат под надлежност на цивилните полициски агенции. Бидејќи тие не се строго воени единици, не се сметаат како жандармерија.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот gendarme произлегува од старофранцускиот збор gens d'armes кој има значење за вооружен човек. За време на доцниот среден век и раниот нов век овој поим се користел за да се опише силно оклопна кавалерија од благородничко потекло која во главно и служела на француската армија. Изразот добил полициски конотации по Француската револуција кога локалните сили за заштита познати како maréchaussée биле преименувани во жандармерија.

Називи и состојба[уреди | уреди извор]

Овие служби, покрај своето првично име "жандармерија" може да се сретнат и со други називи, како на пример Карабиниери (Carabinieri) во Италија, Национална Републиканска Гарда (Guarda Nacional Republicana) во Португалија, Цивилна Гарда (Guardia Civil) во Шпанија, Кралска Воена Полиција (Koninklijke Marechaussee) во Холандија или Внатрешна Војска/Национална Гарда (Внутрішні Війська/Національна Гвардія) во Украина.

Како резултат на своите должности во цивилното население, жандармеријата понекогаш се опишува како "паравоена" отколку "воена" сила (посебно во земјите каде што се зборува англискиот јазик поради премалата асоцијација на полицијата со воените сили) иако таквиот опис ретко кореспондира со нејзината состојба и способности. Жандармериите често учествуваат во воени операции, понекогаш во своите земји, а исто така и во хуманитарни ангажмани во странство.

Жандармеријата може да е под надлежност на министерство за одбрана (пр. Италија), министерство за внатрешни работи (пр. Романија, Украина) па дури и под двете (пр. Чиле, франција, Шпанија и Португалија). Генерално има координација помеѓу министерствата за одбрана и внатрешни работи околу учеството на жандармеријата.

Некои служби кои повеќе не се сметаат за воени го задржуваат називот "жандармерија" поради своите традиции. На пример, називот на Кралската канадска коњаничка полиција (англиски: Royal Canadian Mounted Police) во францускиот јазик може да се сретне како Кралска жандармерија на Канада (француски: Gendarmerie royale du Canada) бидејќи оваа служба претходно имала функции во воен стил иако била одвоена од Канадската Армија), и ја задржала состојбата како полк од коњаници. Ангертинската Жандармерија е воена сила во случај на тренинг, идентитет и јавна перцепција, и била инволвирана во битка во Фолкландската војна, сепак се категоризира како "безбедносна сила" а не "вооружена сила", за да ги извршува своите должности над цивилното население во аргентинскиот закон.

Поради тоа што различни земји, различно ја користат институционалната смисла на жандармеријата, постојат случаи во кои терминот може да биде збунувачки. На пример, во франкофонските Кантони во Швајцарија жандармеријата е униформираната цивилна полиција. Во Чиле зборот "жандармерија" поради историски причини се однесува на затворската служба, додека пак вистинската жандармерија се нарекува "Карабинера" (шпански: Carabineros).

Во одредени случаи, војни полициски служби се двосмислени и е тешко да се одлучи дали тие се жандармерија или не (пр. Мексиканската федерална полиција, Бразилската воена полиција или пак поранешната Британска јужноафриканска полиција). Некои историски воени единици, како Југозападната Африканска "Кувут", била дефинирана како полиција само поради политички причини. Служби како италијанската Финансиска Гарда (италијански: Guardia di Finanza) ретко би се дефинирале како жандармерија поради тоа што службата се наоѓа во двосмислена воена ситуација и нема полициски должности помеѓу цивилното население. Во Русија, модерната Внатрешна Војска е составена од воени единици со квазиполициски должности но историски, различни тела во царскиот специјален корпус на жандарми вршела функции како вооружена рурална полиција, единици за контрола на урбани протести, гранични чувари, интелегентни агенти и политичка полиција. Со формирањето на Ирската Слободна Држава во 1922 г. британската управа се засновала на Кралската Ирска Полиција — обучена и вооружена сила сместена во рурални касарни која била жандармерија по сè освен по името.

Во 2014 година, мексиканската федерална полиција, вооружена сила која има атрибути на жандармерија, основала нова седма филијала на служба наречена "Национална Жандармериска Дивизија". Новата служба брои околу 5,000 персонал и е основан со помош на француската жандармерија.