Вија Корнелија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вија Корнелија ― староримски пат кој наводно се протегал исток-запад по северниот ѕид на Нероновиот циркус каде што сега е покриено со јужниот ѕид на базиликата Свети Петар. Местоположбата е тесно поврзана со патиштата Вија Аурелија и Вија Триумфалис.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Постои одредено верување меѓу археолозите дека Вија Корнелија не постоела и дека името е осакатување на името Вија Аурелија. Оваа претпоставка произлегува од фактот дека Вија Корнелија се споменува само во маршутите и сведоците од седмиот и осмиот век; зашто во тие векови населението на Рим се намалило од приближно милион и пол на шеесет илјади, луѓето биле осиромашени и сите не можеле добро да зборуваат латински. Овие граѓани исто така не би имале поим за топографијата на императорскиот период. Спротивно на овие веројатно неосновани наведувања, добро потврдени документи од четвртиот век наведуваат дека Свети Петар бил погребан покрај Вија Триумфалис.[2]

Ископувањето во 1924 година на местото на Писидска Антиохија открило впишан камен кој датирал од приближно 93 година од нашата ера, кој нуден силни докази дека Вија Корнелија постоела пред владеењето на Константин Велики. Натписот на каменот споменува командант на осмата Августинска легија под Веспазијан и Тит, кој бил надзорник на Вија Аурелија и Вија Корнелија.[3]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поранешниот општо прифатен план за топографија на Ватикан, сега се знае дека местоположбите на Вија Корнелија и циркусот Нерон на овој план се неточни.

Порано, било погрешно, но општо прифатено, дека јужните ѕидови на базиликата Свети Петар се потпираат на северните ѕидови на Нероновиот циркус, и дека улицата се протегала северно од циркусот под базиликата (види скица). Меѓутоа, ископувањата на базиликата и околината покажале дека тоа не е сосема точно. Ископувањето во 1936 година на Плоштадот „Свети Петар“ открило траги од пат кој можеби е поконстантински Вија Корнелија. На југозападниот агол на базиликата е пронајден фрагмент од предконстантински асфалтиран пат по истата траса.

Сега се верува дека Вија Корнелија доаѓала од исток и се протегала на запад, нежно издигнувајќи се во близина на сегашната најјужна фонтана на Плоштадот „Свети Петар“. Малку пред оваа точка Вија Аурелија се отцепила од неа и се упатила југозападно, додека Вија Корнелија продолжила кон запад јужно од фасадата на базиликата и на крајот продолжувала кон Каере.

Се верува дека Вија Триумфалис доаѓал од Нероновиот мост кон Плоштадот „Свети Петар“, а потоа скршнувал северозападно кон деловниот дел на Ватикан. Денешната Вија дела Кончилиацјоне го следи приближно истиот пат како и Вија Корнелија.[4] Во последниве години, властите на Ватикан повторно ги отвориле ископувањата на некрополата Вија Триумфалис, која првпат била делумно откриена во 1950-тите. Ископувањата откриле обемни римски гробишта.

Функција[уреди | уреди извор]

Можно е Вија Корнелија да била изградена од Калигула за да го подобри пристапот до императорските градини, Хорти Агрипина. Затоа, можеби ја створил северната граница на градините во времето на Нерон . Исто така, би го поврзал циркусот на Нерон со базиликата и со двоен ред мавзолеји.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. O'Callaghan, Roger T. "Recent Excavations under the Vatican Crypts." The Biblical Archaeologist, Vol. 12, No.1. (фев., 1949)
  2. L. E. Hudec "Recent Excavations under St. Peter's Basilica in Rome." Journal of Bible and Religion, Vol. 20, No. 1. (јан., 1952)
  3. Robinson, David M. "A New Latin Economic Edict from Pisidian Antioch" Transactions and Proceedings of the American Philological Association, Vol. 55. (1924)
  4. Townend, Gavind "Archaeological Notes: The Circus of Nero and the Vatican Excavations" American Journal of Archaeology, Vol. 62, No. 2. (апр., 1958)
  5. J. M. C. Toynbee "The Shrine of St. Peter and Its Setting" Journal of Roman Studies, Vol. 43. (1953)