Прејди на содржината

Територија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во меѓународната политика, a територија (од лат. territorium = простор, подрачје[1]) e несуверена географска област што е под власт на друга управа (влада) и/или нема право на самоуправа како редовните административни единици.

Видови на административни и/или политички територии:

На пример, Американска Самоа, Гуам и Порторико се територии под управа на САД со различен степен на автономија. Similarly, with regard to the покраините и териториите на Канада, главната разлика помеѓу покраините и териториите се состои во тоа што федералната влада има понепосредна контрола врз териториите, додека покраините имаат свои влади ополномоштени според уставот. Истата разлика може да се забележи и кај државите и териториите на Австралија. Поранешната британска крунска колонија Хонгконг која подоцна станала зависна британска територија (денешен израз: „прекуморска територија“) поради Законот за британската националност од 1981 г. се нарекувала „територија“ сè до нејзиното преземање од страна на Кина, т.е. со престанок на британскиот суверенитет во Хонгконг.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „територија“. Лексикон на македонскиот јазик. Он.нет. 2011. Архивирано од изворникот на 2013-12-17. Посетено на 25 август 2011.