Крст на Свети Петар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крст на Свети Петар

Крст на Свети Петар — превртен латински крст кој традиционално се користи како христијански симбол, но во последно време исто така се користи и како антихристијански симбол.

Христијанска традиција[уреди | уреди извор]

Потеклото на симболот доаѓа од католичката традиција според која Свети Петар бил распнат на крст со главата надолу[1], како што напишал Ориген во Александрија. Традицијатата за првпат се појавила во „Мачеништвото на Петар“, фрагментиран текст кој бил напишан најдоцна до 200 година. Апокрифот кажува дека Свети Петар бил распнат на крст поставен наопаку, бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел Исус Христос. Според друга легенда, Свети Петар пробал да побегне од Рим, а по патот го сретнал самиот Исус Христос, на кој го прашал: „Каде ќе одиш, Господару?“, а на тоа Исус му одговорил: „Одам во Рим за повторно да ме распнат“. На тоа самиот Петар се предомислил и веднаш се вратил во Рим прифакајќи да стане маченик.

Антихристијанска традиција[уреди | уреди извор]

Превртениот крст станал популарен и во антирелигиозни групи, појавувајќи се во неколку филмови. Освен тоа овој крст бил прифатен како симбол и на дел од панкерските, рокерските и металските музички групи како и во сатанските секти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Our Christian Symbols by Friedrich Rest (ISBN 0-8298-0099-9), p. 29

Надворешни врски[уреди | уреди извор]