Рене Декарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Декарт)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Портрет на Рене Декарт од Франс Халс

Рене Декарт (фр. René Descartes, Хаг, 31 март 1596Стокхолм, 11 февруари 1650), истотака познат и како Картезиус, работел како филозоф, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.

Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.

Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната филозофија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на филозофи.

Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи „Мислам, значи сум“.