Психоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Психоза
На делото на Ван Гог, Ѕвездена ноќ, од 1889, се прикажани промени на светлината и боите како што може да се појават при психози.[1]
СпецијалностПсихијатрија, Клиничка психологија Уреди на Википодатоците

Психозите се група на болести што се одликуваат со „загуба на контакт со реалноста“, неможност да се разграничи помеѓу она што е реално и нереално, имагинарно или она што реално не постои. Психозата не се осознава, за разлика од неврозите, при коишто човекот е речиси секогаш свесен за болеста.

Голем број на психички состојби и растројства можат да предизвикаат психотични епизоди, како што се: шизофренија, биполарно растројство, анксиозност, тешка депресија, недостаток на спиење и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kelly, Evelyn B. (2001). Coping with schizophrenia (1. изд.). New York: Rosen Pub. стр. 25. ISBN 9780823928538.
  2. „Schizophrenia, schizotypal and delusional disorders (F20-F29)“. ICD-10 Version:2010. World Health Organization.