Том Соер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Томас "Том" Соер е лик во новелата Авантурите на Том Соер од Марк Твен (1876 година). Тој се појавува во уште три новели на Твен: Авантурите на Хаклбери Фин (1884 година), Том Соер во странство (1894 година) и Том Соер, детектив (1896 година).

Соер, исто така, се појавува и во уште најмалку три недовршени дела на Твен, Хак и Том меѓу индијанците, Училиште Хил и Конспирацијата на Том Соер. Иако сите три недовршени дела се објавени по неговата смрт, само Конспирацијата на Том Соер има целосна содржина, бидејќи Твен ги оставил другите две дела, завршувајќи само неколку поглавја.

Името на измислениот лик можеби е земено од вистинскиот Том Соер, со кого Твен се запознал во Сан Франциско, Калифорнија, додека бил вработен како репортер. Самиот лик е спој од три момчиња што Твен ги познавал додека растел.

Името Соер е изведено од реката Мисисипи, од поим на пилот за "дрво кое се наоѓа во коритото на реката, со гранки кои го дофаќаат копното и се движат горе-долу со струјата". Твен, во еден период, бил пилот на река и многу авантури на неговиот лик, Том Соер, се поврзани со реката Мисисипи и делумно произлегуваат од ова искуство.

Опис на ликот[уреди | уреди извор]

Том Соер е 14 или 15 години, како што може да се заклучи од навестувањата во делата на Твен. Роден е во град на реката Мисисипи, каде што тој и Хак растат. Намерата е Том да го претставува слободниот и прекрасен свет на момчешките години во предвоениот период. Типично за момчињата од тој период, тој сака да оди бос поголем дел од времето.Меѓу најдобрите пријатели му се Џо Харпер и Хаклбери Фин. Во Авантурите на Том Соер, очигледен е љубовниот занес на Том за неговата соученичка Ребека "Беки" Тачер. Живее заедно со неговиот полубрат Сид, неговата братучетка Мери и неговата сурова тетка Поли во (измислениот) град Петерсбург, Мисури. Дополнително, има уште една тетка, Сели Фелпс, кој живее значително подолу по текот на Мисисипи, во градот Пиксвил. Том е син на починатата сестра на Поли.

Во Авантурите на Хаклбери Фин, Том е спореден лик и е претставен како подлога за Хак, особено во подоцнежните поглавја, откако Хак сам оди на плантажата Фелпс. Незрелоста, фантазијата и опсесијата на Том со приказни, го става планот на Хак за спасување на побегнатиот роб Џим во голема опасност- и на крај го прави потполно непотребен, бидејќи знае дека сопственикот на Џим е починат, а пред смртта го ослободил. Низ новелата, централна тема е интелектуалниот и емотивниот развој на Хак и преку повторно претставување на лик од почетокот (Том), Твен може да го нагласи овој развој во карактерот на Хак.

Појавување во дела од други[уреди | уреди извор]

Во 1946 година, во филмот Прекрасен живот од Френк Капра, во улогата Џејмс Стујарт, ангел-чувар на главниот лик (Џорџ Бејли), Клеренс Одбоди (насликан од Хенри Травис е снабден со копија од Том Соер од неговите рајски претпоставени. Тој подоцна му ја дава оваа книга на Џорџ со кратка, но значајна порака во внатрешноста на страната, пред да заврши филмот:„ Драги Џорџ, запамти дека никој не е неуспешен, се додека има пријатели. Благодарам за крилјата, со љубов Клеренс.“

Во 1968/1969 година се појави во серија која е полу цртан/ полу акција Новите авантури на Хаклбери Фин со Том Соер, Беки Тачер и Хаклбери фин прогонувани од Инјун Џо.

Бендот Раш (Rush) изведува песна насловена „Том Соер“.

Српскиот музичар Џорџе Балашевич отпеа песна со наслов „Zasve je kriv Toma Sojer“ (превод „За се е виновен Том Соер“), во неговиот албум ''Паб'' од 1982 година. Песната раскажува приказна за три момчиња кои бегаат од дома, под влијание на Авантурите на Том Соер.

Во краткиот клип дом за измислените пријатели на Фостер, Блоо бил казнет и требало да го среди ѓубрето. Помогнат од Мак, тој ги измамил другите замислени пријатели за тие да ја завршат работата, мислејќи дека тоа е забавно. Но, пред тој да се извлече, и самиот беше измамен.

Филмот Лигата на извонреден џентлмен, Шејн Вест со насликал Том Соер како возрасен човек. Тој сега е„специјален агент Том Соер“, работејќи како агент во тајната служба на САД. Алан Кватермаин, во филмот, го зема под свое крило. Соер чувствува привлечност кон вампирскиот член на тимот Мина Харкер, која се појавува да возврати во подоцнежните сцени.

Во прилично чудни родители, епизода „Времетраење“. Тими сака Том да излезе од книгата и да му напише есеј за неговите авантури. Наместо тоа, Том го измамува Космо да го продаде своето стапче за часовите по уметност и привилегијата за варосување на стражарската ограда. Кога тој дознава за тоа. Тими му се заканува дека ќе го врати назад во книгата. Том не сака да се „врати назад во Мисури“ и затоа почнува да прави обрач меѓу други книги и ја менува нивната содржина, се со цел да се држи подалеку од Тими.

Во Симсонови, во епизодата „неверојатните измислици на Симсонови“, последната измислица раскажана од скитникот е пародија на Авантурите на Том Соер, во која улогата на Том Соер е заменета од Барт Симсон, а улогата на Хаклбери Фин од Нелсон.

Во филмот Лесна А (Easy A) Олив ( играна од Ема Стоун) спомнува дека повеќето книги кои се читаат во средните училишта имаат некоја директна значајност за работите што се случуваат во училиштата, но дека Авантурите на Том Соер е значаен исклучок, напоменувајќи дека книгата е за младо момче кое побегнува со постар црнец. Подоцна во филмот, Брендон (Ден Бирд), кој всушност е хомосексуалец, побегнива заедно со својот постар црн партнер. По слушање на веста Олив извикува „Мое извинување до Марк Твен“.

Том Соер е претставен во волшебниците од местото Ваверли, каде Макс се претставува како Том Соер за да ја импресионира својата нова девојка. Епизода: Новата девојка на Макс.