Френк Капра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Френк Расел Капра (англиски: Frank Russell Capra, италијански: Francesco Rosario Capra; Бизаквино, Сицилија, 18 мај 1897Ла Кинта, 3 септември 1991 година) бил американски филмски режисер, сценарист и продуцент од италијанско потекло.


Биографија[уреди | уреди извор]

Основни податоци[уреди | уреди извор]

Френк Расел Капра бил роден на 18 мај  1897 година, во местото Бизаквино во Сицилија (Италија) како Франческо Розарио Капра. Неговото семејство емигрирало во 1903 година во Америка. Живеел во Лос Анџелес, Калифорнија , каде што дипломирал и станал инженер на хемијата.[1] Учествувал во Првата светска војна, во 1920-тите години. Станал американски граѓанин и зел име, Френк Расел Капра. Два пати бил во брак. Неговата прва сопруга била Хелен Хауел, од која зе развел во 1927 година.  Втора негова сопруга била Лу Капра, со која тој имал четири деца. Умрел на 3 септември 1991 година, на 95 години.

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Тој не можел да најде работа во својата специјалност и почнал да пишува сценарија. Голем успех постигнал со филмот Трамп, Трамп, Трамп од 1926 година. До 1929 режирал само неми филмови. Првиот звучен филм, кој тој го режисирал е „Аферата на Донован“ (1929) за студиото Колумбија. Последниот филм кој тој го режисирал еШешир полн со чуда (1961). Покрај режиите пишувал и скрипти и работел со продукција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Distinguished Alumni Award: 1966 Recipients". Caltech Alumni Association. 18. 12. 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(англиски)