Чудотворка (филм од 1931)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Чудотворка“ (англиски: The Miracle Woman) — американски филм од 1931 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Барбара Стенвик, Дејвид Менерс, Сем Харди и Берил Мерсер.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Флоренс Фалон (ја игра Стенвик) е бесна откако црковните старешини во едно мало место го отпуштаат нејзиниот татко кој совесно си ја вршел должноста на проповедник во црквата, а сето тоа за да му обезбедат служба на новиот млад свештеник. Набргу по отказот, нејзиниот татко умира, а таа одржува гневен говор пред црковните старешини, нарекувајќи ги лицемери. Нејзиниот говор го импресионира менаџерот Боб Хорнсби, кој ја убедува да стане лажна проповедничка и на тој начин ќе заработат многу пари, искористувајќи ги наивните верници. Така, Боб ја промовира како сестра Фалон и заедно патуваат низ САД, а тој раководи со нејзината кариера и со т.н. „Храм на среќата“ — зграда во која Фалон ги одржува проповедите. Флоренс наскоро добива бројни следбеници низ целата земја, но почнува да ја гризе совеста кога ќе го запознае слепиот воен ветеран Џон Карсон во кого набргу се вљубува. Меѓутоа, нејзниот љубоморен менаџер почнува да ја уценува и нејзината кариера е уништена, а „Храмот на среќата“ е уништен во пожар. На крајот од филмот, Фалон работи како вистинска мисионерка, која собира доброволни прилози.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]