Орион (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орион)

За други значења на поимот, видете Орион (појаснување)

Орион
лат. Orion
КратенкаOri
ГенитивноOrionis
Ректасцензија5 ч.
Деклинација+5°
Површина594 (°)² (26то)
Главни ѕвезди7
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
81
Ѕвезди со планети2
Ѕвезди посјајни од 3,00m8
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)2
Најсјајна ѕвездаРигел (β Orionis) (0,12m)
Најблиска ѕвездаπ3 Ori
сг,  пс)
Месјеови објекти3
Метеорски дождовиориониди
хи-ориониди
Соседни
соѕвездија
Близнаци
Бик
Еридан
Зајак
Еднорог
Видливо на ширина од +85° до −75°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.

Орион (хебрејски כְּסִיל), често се преведува како „Ловецот“ е истакнато соѕвездие – едно од најголемите, највпечатливите и највидливите на ноќното небо.[1] Ова соѕвездие е наречено според митолошкиот ловец Орион.

Сјајните ѕвезди на Орион се наоѓаат на небесниот екватор и се видливи за целиот свет. Од северните ширини Орион е видлив навечер од октомври до почетокот на јануари, а наутро од крајот на јули до ноември.[2][3]

Приказната за Орион и Артемида[уреди | уреди извор]

Орион бил ловец вљубен во Артемида, божицата на ловот и дивечот. Аполон, братот на Артемида, не сакал таа да биде во љубовна врска со смртник како Орион. Еден ден, Аполон ја предизвикал Артемида да погоди со својата стрела во центарот кој се наоѓал во морето, но таа цел била Орион кој во тоа време пловел со бродот и така, Артемида го погодила својот сакан во срцето. Кога Артемида сфатила дека убиениот е нејзиниот скана, таа го замолила својот татко Зевс да го стави Орион на небото така настанало созвездието.

Орион како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dolan, Chris. „Orion“. Архивирано од изворникот на 2011-12-07. Посетено на 5 октомври 2007.
  2. „Introduction to the Constellations“. Посетено на 10 октомври 2007.
  3. „Look for Orion the Hunter, and Sirius the Dog Star >> skywatching“. Посетено на 10 октомври 2007.
  4. Discogs, Metallica ‎– Master Of Puppets (пристапено на 17.1.2021)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]