Шефшет Адеми

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шефшет Адеми (албански: Shefshet Ademi; Долно Јаболчиште, велешко, 21 април 1963) — македонски судија, правник и Претседател на Основен суд Велес.

Животопис[уреди | уреди извор]

Адеми е роден на 21 април 1963 година во с. Долно Јаболчиште, велешко. Основно и средно образование завршил во Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 29 септември 1986 год. со просечен успех 8,85. Во 1987 година се вработил како приправник, а потоа и стручен соработник во Основен суд на Здружен труд Скопје - одделение Велес, а од 1 јануари 1992 година како Стручен соработник во Основен суд Велес. На 27 јуни 1996 година бил избран за судија во Основен суд Велес и распореден да постапува по кривични предмети спрема полнолетни и малолетни лица. На 22 февруари 2006 година е избран за Претседател на Основен суд Велес, а истовремено и постапува по кривични предмети спрема полнолетни и малолетни лица[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДОСИЕ: МАЛОЛЕТНИЧКИ КРИМИНАЛ ВО МАКЕДОНИЈА“. Вест. 1/19/2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-11-16. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)