Хуан Антонио Самаранч

Од Википедија — слободната енциклопедија
1998

Хуан Антонио Самаранч (роден на 17 јули 1920 во Барселона - 21 април 2010 во Барселона) бил шпански каталонски официјален спортски работник. Во периодот од 1980 до 2001 година бил претседател на Меѓународниот олимписки комитет, а од 2001 до смртта негов почесен претседател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Самаранч е роден во богато семејство, а студирал трговија. Тој бил шеф на многу спортски делегации на Шпанија, а во 1967 година бил назначен за генерален секретар за спорт од страна на Франциско Франко. Тој исто така станал и претседател на Шпанскиот олимписки комитет и член на Меѓународниот олимписки комитет. Самаранч имал многу значајна улога во последните години од режимот на Франко, а бил потпретѕседател на МОК од 1974 до 1978 и амбасадор на Шпанија во СССР и Монголија од 1977 до 1980 година. Во 1991 година, тој од шпанскиот крал Хуан Карлос I ја добил титулата „Маркес“.

Хуан Антонио Самаранч починал на 21 април 2010 година во Барселона поради срцеви проблеми, само неколку дена откако бил хоспитализирнан.[1]

Претседател на МОК[уреди | уреди извор]

Хуан Антонио Самаранч станал претседател на Меѓународниот олимписки комитет за време на одржувањето на Летните олимписки игри - 1980 во Москва.

Достигнувањата како претседател на МОК[уреди | уреди извор]

За време на своето претседателство со МОК, Хуан Антонио Самаранч успеал да направи многу работи за афирмацијата и за проширувањето на олимпизмот во светот. Тој исто така обезбедил и напредок во договорите за телевизиските права и спонзорствата на Олимписките игри. На Летните олимписки игри - 1984 во Лос Анџелес и покрај бојкотот на земјите од источниот блок, бројот на земји-учеснички бил поголем којшто продолжил да се зголемува со секои наредни Олимписки игри.

Една од најголемите заслуги од времето на претседателството на Самаранч била подобрувањето на финансиската состојба на комитетот кој бил во финансиска криза во 70-тите години. Тој обезбедил ексклузивни телевизиски права и договори со многу спонзори, а земјите зачленети во МОК ги поделил во одредени зони од коишто секоја година Меѓународниот олимписки комитет добивал соодветни средства.

Смената на Самаранч со Жак Рог[уреди | уреди извор]

На таа функција останал до 2001 година кога на негово место застанал Жак Рог, а тој бил избран за почесен претседател.

Наводи[уреди | уреди извор]


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-)