Хуан Карлос I

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хуан Карлос I од Шпанија
Крал на Шпанија
[[File:Juan Carlos da Espanha.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 22 ноември 1975 – до денес
Крунисување 27 ноември 1975
Претходник Алфонсо XIII од Шпанија
Наследник Фелипе, принц на Астурија
Придружник на Софија
Деца Инфанта Елена од Шпанија
Инфанта Кристина од Шпанија
Фелипе, принц на Астурија
Татко Инфант Хуан, гроф на Барселона
Мајка Принцеза Марија Мерседес Бурбонска
Верска определба Римокатоличка

Хуан Карлос I e крал на Шпанија од 1975 година. Тој е роден во прогонство, а престолот го наследил од дедо си Алфонсо XIII од Шпанија. Татко му, дон Карлос се откажал од тронот во негова корист.

Хуан Карлос е роден во Рим, Италија на 5 јануари 1938 година, во време кога неговото семејство било прогонето од Франциско Франко. Во 1948 година генералот Франко го повикал Дон Хуан да го премести Хуан Карос во Шпанија и да го “воспита“ како иден крал на Шпанија. Истата година тој за прв пат стапнал на шпанска територија. Шпанија била објавена за кралство, а Хуан Карлос за престолонаследник. Пред смртта на Франко, голем дел од населението Карлос не го гледаат како иден лидер на државата. Франкистите го нарекувале “принцот идиот“ и се колнеле дека нема да дозволат тој да се качи на тронот.

Како и да е, Хуан Карлос на 22 ноември 1975 година станал крал на Шпанија. Според новиот устав од 1978 година, кралот на Шпанија добил многу поголеми должности односно власт за разлика од другите монархии во Европа. Тој станал главен командант на вооружените сили и има големо влијание во политичкиот живот на Шпанија. По објавувањето му за крал, тој обеќал дека Шпанија ќе ја изгради под демократски услови и како таков ќе биде крал на сите нации во Шпанија.

Се оженил за Софија Грчка. Веднаш по стапувањето во брак, шпанците ја посретнале новата кралица со натписи од типот таа да се врати во својата матична земја. Новата кралица за мал период го научила шпанскиот јазик, и родила три деца, инфантите Елена и Кристина и принцот Фењлипе. Многу бргу се утврдува како интелигентна жена со голема мудрост.