Бурбонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бурбонска династија)
Бурбони
Претходна династијаКапетинска Династија
ЗемјаФранција, Навара, Шпанија, Луксембург
ПрпадностФранцуска, Шпанска
Основана1272
ОсновачРобер, Гроф од Клермон
Тековен владетел
Франција и Навара:
Принц Луј XX (1989-)
Шпанија:
Хуан Карлос I од Шпанија (1975-)
Парма:
Војводата Карлос Хуго (1977-)
Двете Сицилии: Спорно
Војводата Карлос од Калабрија (1964-) или
Војводата Карло од Кастро (2008-)
Луксембург:
Големиот војвода Анри I (2000-)
Последен владетел
Франција и Навара:
Анри V (1830)
Парма:
Роберто I (1854-1859)
Двете Сицилии:
Франческо II (1859-1861)
Титули
  • Крал на Франција
  • Крал на Навара
  • Крал на Шпанија
  • Војвода од Орлеан
  • Војвода од Вандом
  • Војвода од Бурбон
  • Војвода од Парма
  • Крал на Двете Сицилии
  • Голем војвода од Луксембург
  • Војвода од Севиља
ИмотФранција, Навара, Шпанија, Луксембург
Крај на владеењето
Франција и Навара:
1830: Јулска револуција
Парма:
1859: Приклучување кон Кралството Сардинија
Двете Сицилии:
1861: Обединување на Италија
Следни гранки
  • Династија Орлеан
    • Бразилското царско семејство
  • Кралството на Двете Сицилии
  • Династија Бурбон-Парма

Бурбонската династија (француски: Bourbon, шпански: Borbón) е важна европска династија, гранка од Капетинската династија. Бурбонските кралеви владееле со кралствата Навара и Франција уште од 16 век. До 18 век, членови на Бурбонската династија биле монарси и на Шпанија, Неапол, Сицилија и Парма. Шпанија и Луксембург и денес имаат Бурбонски монарси.

Бурбонските монарси владееле со Навара од 1555 и со Франција од 1589, сè до 1792 кога монархијата била отфрлена за време на Француската револуција. Потоа, повторно монархијата била обновена во 1815, и дефинитивно заменета во 1830 од Орлеанската династија.

Филип V од Шпанија бил првиот Бурбонски владетел на Шпанија од 1700 година. Оваа гранка од Бурбонската династија владее со Шпанија до денес. Нејзин претставник е Н.В. кралот Хуан Карлос I.

Историја[уреди | уреди извор]

Бурбоните првобитно биле аристократско семејство чие стебло може да се следи до почетокот на 13 век, кога со имотот Бурбон владеел лорд кој бил вазал на францускиот крал. Во 1268 година Робер, Гроф од Клермон, шестиот син на кралот Луј IX се оженил со Беатрикс од Бургундија, Дама на Бурбон. Бидејќи таа била единствена наследничка на имотот Бурбон, нивниот син ја добил титулата Војвода од Бурбон во 1327. Бурбонската линија најпрво станале кралеви на Навара во 1555, а потоа и на Франција, кога Анри III од Навара станал Анри IV од Франција во 1589.

Список на Бурбонски монарси[уреди | уреди извор]

Франција[уреди | уреди извор]

Годините се однесуваат на владеењето.

Шпанија[уреди | уреди извор]

Годините се однесуваат на владеењето.

Луксембург[уреди | уреди извор]

Годините се однесуваат на владеењето.