Робер II Побожниот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Робер II Побожниот
Крал на Франките
Робер II Побожниот
На престол30 декември 987 - 24 октомври 996;
24 октомври 996 - 20 јули 1031
Крунисување30 декември 987
ПретходникИго Капет
НаследникАнри I
Почивалиште
ДецаИго Магнус, кралот син
Анри I
Адела, грофица од Фландрија
Робер I, впјвода од Бургундија
ДинастијаКапети
ТаткоИго Капет
МајкаАделаида Аквитанска

Робер II Побожниот (27 март 972 во Орлеан - 20 јули 1031 во Мелен) — крал на Франција од Капетинската династија и син на Иго Капет.

Во 987, Иго Капет ги убедил благородниците неговиот син Робер да стане совладетел, со што се потврдило преземањето на власта на династијата Капети. Кога Робер станал крал, тој веднаш го крунисал својот син Иго Магну за негов наследник. Сепак поради раната смрт на Иго Магнус, Робер II го наследил неговиот втор син Анри.

Тој бил Католик и голем верник, па го добил прекарот „побожен“. Неговата религиозност не ја дозволувало ереста, па Кривоверците ги казнувал со жестоки казни. Папата Грегориј V не му допуштал да се ожени со припадничка од неговата поблиска фамилија, па поради непочитувањето на ова, Робер бил екскомунициран. Имал големи афинитети кон музиката, па бил композитор, пејач, а и поет.

Не го наследил целото кралство, па кога некој феудален имот ќе останел без својот сопственик, тој се обидувал да го присвои имотот, па поради тоа често влегувал во конфликти. Во 1003, извршил инвазија на Бургундија, која завршила без успех, па морал да чека до 1016 за од страна на црквата да биде прогласен за војвода на Бургундија.

Како и владеењето на енговиот татко, така и владеењето на Робер II се одликувало со несигурност и долготрајни немири. Тој имал многу пријатели, но и непријатели, но особено го загрижувало тоа што негови најголеми непријатели биле неговите синови. Иго Магнус, кој бил поставен за негов наследник умрел во конфликт со својот татко. И Робер II умрел во конфликт со останатите два сина на 20 јули 1031. На престолот го наследил неговиот втор син Анри.

Потомците на Робер, продолжиле да владејат не само со Франција, туку и со Англија, бидејќи неговата внука, Матилда Фландријска била мажена за англискиот крал Вилијам I Освојувачот.

Претходник
Иго Капет
Крал на Франција
996-1031
Наследник
Анри I