Иго Капе

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Иго Капет)
Прејди на: содржини, барај
Иго Капе
Крал на Франките
Замислена слика на Иго Капе. Не постојат слики на кои е насликан.
Владеење 3 јули 98724 октомври 996
Крунисување 3 јули 987, Нуајон, Франција
Почивалиште Во базиликата Сен-Дени, Франција
Претходник Луј V
Наследник Робер II
Придружник Аделаида Аквитанска
Деца Хедвиг, грофица од Монс
Жизел, грофица од Понтиу
Робер II
Династија Капети
Татко Иго Велики
Мајка Хедвиг од Саксонија

Иго Капе (француски:Hugues Capet) [1], познат и како Хуго Капе или (роден околу 939 - починал на 24 октомври 996 во Париз) бил првиот крал на Франција од истоимената Капетинска династија, наследувајќи го на престолот кралот Луј V, кој бил од династијата Каролинзи.

Биографија[уреди | уреди извор]

Потекло, рани години и освојување на власта[уреди | уреди извор]

Годината на раѓање на Иго Капе е непозната, но се претпоставува дека тоа е 938 или нешто подоцна (околу 940). Тој бил внук на францускиот крал Робер I и син на францускиот благородник Иго Велики, кој бил старател на кралот Лотар II. По смртта на Иго Велики, Иго Капе кој бил негов најстар син, го наследил неговиот имот, со што станал најголем благородник во Франција.

Кога кралот Лотар II се обидел да завладее повторно со Лорен, германскиот крал Отон II, стигнал до Париз. Но, Иго и останатите француски благородници го поддржале кралот, па Отон морал да се повлече.

Во периодот од 978 до 986 година, Иго Капе склучил сојузништво со Отон II, а по неговата смрт и со неговиот наследник Отон III. Отон II бил цар и на Светото римско царство и имал контрола над папата, а со тоа и во поставувањето на бискупи и надбискупи во Франција.

Со помош на бискупот на Ремс Адалберон, Иго започнал да доминира во Франција, на што не можел да се спротивстави ниту кралот Лотар II. По смртта на Лотар (986), крал на Франција станал неговиот син Луј V, кој починал само една година по неговиот татко (987), без да остави машки наследник.

Крунисувањето и владеењето[уреди | уреди извор]

Нов крал требало да стане Карло, кој бил брат на кралот Лотар II, но тоа не го дозволил Иго, и со помош од ремскиот надбискуп се крунисал за крал на Франција, со што за вршило владеењето на Каролиншката династија во земјата. Крунисувањето на Иго Капе било на 3 јули 987, со што власта ја презела династијата Капе.

Владеењето на Иго Капе се одликувало со голема несигурност и промени. Тој можел слободно да се движи само по својот имот, но не и во цела Франција. Неколку пати бил заробуван и откупуван по многу висока цена.

Неговите закони важеле само на неговиот имот, бидејќи на останатата територија на франција важеле сосема други закони, при што не можел да влијае на нивна промена. Во тоа време, во Франција имало 150 различни парични единици, а се зборувало на повеќе јазици. Како основна задача на францускиот крал во тоа време се наметнало обединувањето на Франција. Борбата на кралот со благородниците, кои поседувале големи имоти била постојана. Иго капет водел големи борби со вазалите, кои владееле на територијата меѓу реките Сена и Лоара.

Иго се чувствувал несигурен на престолот и стравувал од можна превласт сè додека не го ликвидирал Карло (братот на Лотар). Поради можна опасност биле прогонувани и наследниците на Карло.

Иго Капе починал на 24 октомври 996 и бил погребан во базиликата Сен-Дени. На престолот го наследил неговиот син Робер II.

Брак и наследство[уреди | уреди извор]

Иго Капе се оженил со Аделаида Аквитанска, ќерка на Гијом III Аквитански. Нивните деца биле:

  • Робер II, кој станал крал по смртта на неговиот татко;
  • Хедвиг или Хартуи, која се омажила со Режинар IV;
  • Жизела или Жизел.

Бројот на останатите ќерки не е потврден.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Капе е епитет со неразјаснето значење, кој го одвојува него од неговиот татко, Иго Велики. Народната етимологија го поврзува значењето на зборот со наметка, а други извори па посочуваат на шеф, шегобиец и голема глава. Епитет на неговиот татко се смета дека бил латински: Hugo Magnus, со значење Иго постариот, па поимот „Капе“ според извори од 12. век бил „помладиот“. James, стр. 183.
  2. Thus Gauvard, стр. 531

Корисна литература[уреди | уреди извор]

Претходник
Луј V
Крал на Франција
987-996
Наследник
Робер II
|}