Алфонсо XIII (Шпанија)
Алфонсо XIII бил крал на Шпанија од денот на неговото раѓање, на 17 мај 1886 година до 14 април 1931 година, но титулата ја носел до 15 јануари 1941 година. Роден е во Мадрид како Алфонсо Леон Фернандо Марија Хаиме Исидро Паскуал Антонио де Бурбонски и е син на Алфонсо XII од Шпанија и Марија Кристина Австриска. Татко му починал на 25 ноември 1885 година, и според законите Марија Мерседес требало да биде објавена за кралица на Шпанија. По четири месеци од смртта на Алфонсо XII, неговата сопруга родила син и во денот на неговото раѓање тој бил објавен за крал. Како регент на малолетниот Алфонсо била објавена неговата мајка. Во 1902 година, кога Алфонсо наполнил 16 години ја зел официјално власта. Во негово време, Шпанија ги загубила последните колонии во Америка, Филипини, Куба и Порторико. Алфонсо успеал да издвојува победа во војната со Мароко и воведува реформи за да постигне поголем економски раст. За време на Првата светска војна, Шпанија била неутрална држава. Тој бил еден од најпознатите покровители на туризмот, културата и спортот во Шпанија. Во 1923 година ја поддржал диктатурата на генералот Мигел Примо де Ривера која продолжила до 1930 година. Под негов притисок, кралот издал декрети кои не биле во корист на работниците, ја вовел смртната казна. Поради големиот притисок на Ривера, тој на 14 април 1931 година абдицирал неофицијално во Франција, а по некое време се преселил во Рим, Италија. По започнувањето на граѓанската војна, Алфонсо поддршка дал на генералот Франсиско Франко во борбата против републиканците. Но, по победата на Франко, Алфонсо сепак не се вратил на престолот. На 15 јануари Алфонсо офоцојално се откажал од престолот. Починал на 28 февруари 1941 година во Рим.
|
- Родени во 1886 година
- Починати во 1941 година
- Луѓе од Мадрид
- Шпански монарси
- Римокатолички монарси
- Бурбонска династија во Шпанија
- Претенденти за францускиот престол
- Витези на Подвеската
- Витези на Сантјаго
- Витези на Алкантара
- Шпански инфанти
- Витези на Златното Руно
- Европски монарси од 19 век
- Европски монарси од 20 век
- Членови на Академијата на убавите уметности