Зигфрид Едстрем
Јоханес Зигфрид Едстрем (шведски: Johannes Sigfrid Edström; 21 ноември 1870 - 18 март 1964) — шведски индустријалец и спортски раководител.
Едстрем е роден во селото Морланда, на островот Оруст, Бохуслен. Студирал на технолошкиот факултет Шалмерс во Гетеборг, а подоцна и во Швајцарија и САД. Како млад, тој бил одличен спринтер на 100m којшто патеката ја истршувал за помалку од 11s. Од 1903 до 1933 година, Едстрем бил директор на електротехничкото претпријатие АСЕА, а од 1934 до 1939 година претседател на одбодор.
Бил меѓу организаторите на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, а бил избран и а прв претседател на Меѓународната атлетска федерација, веднаш по нејзиното основање, а на таа функција останал до 1946 година.
Едстрем станал член на Меѓународниот олимписки комитет во 1920 година, а во 1931 година станал негов потпретседател. Кого претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Анри де Баје-Латур умрел во 1942 година, за негов наследник бил назначен Едстрем, но официјално тоа се случило веднаш по завршувањето на Втората светска војна. За време на своето претседателство, имал голема заслуга за развојот на олимпискиот дух во светот. На таа функција останал до 1952 година кога се пензионирал, а за негов наследник бил избран Ејвори Брендиџ.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Претседатели на МОК |
Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-) |
|