Прејди на содржината

Северина Вучковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северина Вучковиќ
Severina Vučković
Родено имеСеверина Вучковиќ
Познат(а) и какоСеверина
Роден(а)21 април 1972
Сплит, СР Хрватска, Југославија
ПотеклоСплит, Хрватска
Жанр(ови)поп, фолк, кабаре
Занимање/њапејачка, глумица
Години на активност1989 - сегашност
Мрежно местоwww.severina.com
Северина Вучковиќ

Северина Вучковиќ (на хрватски: Severina Vučković; родена на 21 април 1972 год. во Сплит, СР Хрватска, Југославија) e хрватска пејачка и глумица. На музичката сцена е попозната како Северина.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ (Igor Kojić), син на пејачот Драган Коиќ - Кеба. Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.[1]

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на 1980-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во Загреб во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име Северина. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и (2012) ,,italijana"

Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како Поглед испод обрве, а по него следеше турнејата Вијурен у те. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот Севергрин (2004). Во 2006 година победи на хрватскиот избор за песна за Евровизија Дора и ја претставуваше Хрватска во Атина, Грција на 20 мај 2006 со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 бода. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските обожаватели, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална српска ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од Загора.

Дологоочекуваниот 10-ти албум на Северина насловен како Здраво Маријо, во кој поголем дел од песните се дело на Горан Бреговиќ, беше издаден во мај 2008. Првиот сингл од албумот е „Гас, гас“ кој стекна голема популарност, не само во Хрватска, туку низ целиот балкан. Музиката на оваа песна потсетува на српски турбофолк. Албумот доби негативни критики бидејќи Северина со имиџот кој го создаде за албумот имаше цел да го исмејува христијанството. Сепак албумот достигна голема популарност и Северина сними музички видеа за повеќе песни како „Тридесете“, „Гаде“, „Хаљиница боје лила“ и „Здраво Маријо“. На 15 декември 2009 Северина реализираше нов сингл - „Лола“ кој е дел од Милиграм компилацијата.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Северина – 1989
  • Далматинка – 1993
  • Трава зелена – 1995
  • Моја ствар – 1996
  • Дјевојка са села – 1998
  • Палома нера - Live album – 1999
  • Ја само пјевам – 1999
  • Поглед испод обрва – 2001
  • 18 великих хитова – 2002
  • Вирујен у те - живо – 2002
  • Вирујен у те - DVD – 2003
  • Севергрин – 2004
  • Моја Штикла – 2006
  • Здраво Маријо – 2008
  • Добродошао у клуб (2012)
  • Хало (2019)
  • TBA (2023)
СпотГодинаРежисер
Води ме на плес1990
Кад си сам1992
Закуни се љубави1992
Далматинка1993
Paloma Nera1993
Моја ствар1996
Од роћендана до роћендана1996
Дјевојка са села1998
Пријатељице1998
Растајем се од живота1998
Анте1999
Ја само пјевам1999
Додирни ми кољена1999
Крени1999
Да си мој1999
Мала је дала2001
Поглед испод обрва2001Предраг Личина
Криви спој2001
Вирујен у те2001
Адам и Сева2004
Хрватица2004Предраг Личина
Моја штикла2006Радислав Јованов Гонзо
Гас, гас2008Радислав Јованов Гонзо
Мушкарци само треба курва2008Дарко Дриновац
Гаде2008Дарко Дриновац
Хаљиница боја лиле2008Дарко Дриновац
Тридесете2008Виктор Драго
Лола2010Вижуал инфинити
-{Brad Pitt}-2011Дарко Дриновац
Град без људи2011Дарко Дриновац
Italiana2012Дарко Дриновац
Узбуна2012Дафне Јемершиќ / Предраг Личина
Hurem2013Доријан Колунџија / Галерија12
Добродошао у клуб2013Марко Грубишиќ
Алкатраз2014Дино Сенчар
Uno momento2014Андреј Илиќ
Море туге2014Милош Надаждин
Генерале2014Ведад Јашаревиќ
Calimero2015Дафне Јемершиќ
Шта је свит2015Дарко Дриновац
Секунде2016Петар Пашиќ
Силикони2016Петар Пашиќ
Као2017Дарко Дриновац
Отрове2017Петар Пашиќ
Мртав без мене2017Дарко Дриновац
Куда за викенд2017
Hazard2017Лазар Богдановиќ / Љуба
Унапријед готово2018Дарко Дриновац
Од лета до лета2018Toxic
Туторијал2018Петар Пашиќ
Магија2018Анже Шкрубе
Имаш право2018Дарко Дриновац
Хало2019Петар Пашиќ / Љуба
Кума2019Mihoci / Дарко Дриновац
Мирна2019Дафне Јемершиќ
Фатаморгана2019Љуба
Далеко ти кућа2019Љуба
Лоша2019Алексеј Фигуров
Рођено моје2019Nejc Levstik
Фалиш ми2022Немања Новаковиќ
Верујем у бога2022Дарко Дриновац
Метак2023Немања Новаковиќ,Андрија Гриќиќ
Sorry2023Немања Новаковиќ
Небо2023Немања Новаковиќ
Правда за љубав2023Немања Новаковиќ
Пумпај,Севе брате2025Фабрика Сараево

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Igor Karanov, „Godišnjica tajnog venčanja“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 12-15.