Прејди на содржината

Дургут Едиповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дургут Едиповски (Кратово, 17 октомври 1937 - Скопје, 21 април 1991) ― македонски висок функционер и општественик[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Едиповски е роден во Кратово на 17 октомври 1937 година. Станал член на СКМ во 1959 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1961 и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на град Скопје од 1961 до 1965 година. Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар на секретаријатот за индустрија и рударство при Стопанската комора на Македонија, член на Економскиот совет на Собранието на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и републички секретар за општостопански работи и пазар во два мандата од 28 април 1976 до 24 април 1986 година. Исто така, бил пратеник во Веќето на народите на Собранието на СФРЈ, делегат и потпретседател на Собранието на СРМ од 1986 до 1991 година и претседател на Управниот одбор на Републичкиот фонд за кредитирање на побрзиот развиток на недоволно развиените краишта. Бил и министер за трговија. Починал на 21 април 1991 година во Скопје[2].

  1. Македонски влади, 60 години, Скопје, 2005, 65 и 68
  2. Погребан Дургут Едиповски. Вчера во Скопје. Комеморативна седница во Собранието на СРМ, „Нова Македонија“, XLVII, 15893, Скопје, 23. IV 1991, 3