Ентони Квин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Квин околу 1955 година

Антонио Родолфо Оаксака Квин (21 април 1915 - 3 јуни 2001[1]), попознат како Ентони Квин — мексикански-американски глумец, сликар и писател. Тој глумел во многу критички признати и комерцијално успешни филмови, меѓу кои и Ла Страда, Пиштолите на Навароне, Оружјето за Сан Себастијан, Лоренс од Арабија, Чевлите на рибарот, Пораката, Лавот од пустината, Последниот акционен херој и Прошетка во облаците.

Освоил оскар за најдобар глумец двапати двапати[2]: за Вива Сапата! во 1952 година и Страста за живот во 1956 година. Првата сопруга на Квин била посвоена ќерка на Сесил Б. Демил, глумицата Кетрин Демил, тие се венчале во 1937 година. Двојката имала пет деца: Кристофер (1939-1941), Кристина (1 декември 1941), Каталина (21 ноември 1942), Данкан (4 август 1945) и Валентина (родена декември 26, 1952[3]). Нивното прво дете, Кристофер, на возраст од две години се удавило во езеро. Во 1965 година, Квин и Демил се разведиле поради неговата врска со италијанскиот костимограф Јоланда Адолори со која се оженил во 1966 година. Тие имале три деца: Франческо Куин (22 март 1963 - 5 август 2011), Дани (роден на 16 април 1964) и Лоренцо Куин (роден на 7 мај 1966)[2].

Во 1970-те, за време на неговиот брак со Адолори, Квин имал и две деца со продуцент во Лос Анџелес Фридел Данбар: Шон Куин (роден на 7 февруари 1973), агент за недвижнини во Њу Џерси, и Александар Ентони Куин (роден декември 30, 1976).

Во 1990-те Квин имал две деца со неговата секретарка, Кетрин Бенвин ќерката Антонија Патриција Роуз Квин (родена на 23 јули 1993 година) и синот Рајан Николас Квин (роден на 5 јули 1996 година)[4][5]. Неговиот брак со Адолори конечно завршил со развод во август 1997 година. Потоа се оженил со Бенвин во декември 1997 година. Куин и Бенвин останале во брак сè до својата смрт, во јуни 2001 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Baugh, Scott L. (2012). Latino American Cinema: An Encyclopedia of Movies, Stars, Concepts, and Trends. Santa Barbara, Calif: Greenwood. стр. 221. ISBN 978-0-313-38036-5.
  2. 2,0 2,1 Bergan, Ronald (June 5, 2001). „Obituary: Anthony Quinn“. The Guardian (англиски). London. ISSN 0261-3077. Посетено на June 18, 2020.
  3. "Chronology of Anthony Quinn and Related World Events" Архивирано 28 мај 2008 г.. AnthonyQuinn.com; accessed March 30, 2015.
  4. Profile of Anthony Quinn Архивирано 3 април 2008 г.., TedStrong.com; accessed March 30, 2015.
  5. McFarland, Jodi (May 6, 2008). „Mid-Michigan Hispanic Business Association hosts art reception honoring the late Anthony Quinn“. The Saginaw News. Посетено на August 7, 2011.