Анвар ал Авлаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анвар ал Авлаки
أنور العولقي
Анвар ал Авлаки во 2008 година
Роден(а)Анвар Насер бин Абдула ал Авлаки
21 април 1971(1971-04-21)[1][2]
Ново Мексико, САД
Починал(а)септември 30, 2011(2011-09-30) (возр. 40)
Јемен[3]
Причина за смртубиен од американската AGM-114
ЖивеалиштеЈемен
НародностАрап
Државјанствоамериканско и јеменско
Алма матерУниверзитет Колорадо (B.S.)
Универзитет Сан Диего (M.A.)
Универзитет Џорџ Вашингтон (Ph.D., incomplete)
Занимањеимам
ОрганизацијаАл Каеда во Арапскиот свет
Познат(а) попретставник на Ал Каеда[4][5]
Влијанија одСаид Кутб
Висина1,85[6][7]
Тежина73[6]
ВераСуни ислам
Деца5[8]
РодителиНасер ал Авлаки (татко)

Анвар ал Авлаки (арапски: أنور العولقي‎, 21 април 1971 - 30 септември 2011) е поранешен американски[9] и јеменски имам.

Ал Авлаки бил американски државјанин, роден во Ново Мексико а израснат во Јемен. Како што било наведено од страна на еден агент на ФБИ, ал-Авлаки со измама добил грант за образование на Универзитетот Колорадо во раните 1990-ти, намерно ставајќи погрешно место на раѓање во прашалникот за добивање на грантот. Додека бил студент, ал-Авлаки се свртел кон радикалниот ислам и почнал да проповеда во џамиите во Сан Диего и во Форт Колинс во сојузната држава Колорадо. [10]

Имамот го привлекол вниманието на ФБИ во 1999 година. Истрагата се сомневала дека тој контактирал со некои агенти на Ал Каеда, кои одржувале сателитска врска со Осама бин Ладен. Поради недостигот од докази, случајот бил затворен. Според ФБИ, ал-Авлаки, исто така, ја посетувал џамијата во Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија, заедно со Наваф ал-Хазми и Калид ал-Мидхар, коишто на 11-ти септември 2001 го киднапирале авионот којшто потоа го урнаа врз зградата на Пентагон. Агентот на ФБИ е убеден дека ал-Авлаки однапред знаел за нападот.

Јеменските власти потврдиле дека ал-Авлаки имал средби со обвинетиот за обид за извршување терористички напад во авионот А-330 над аеродромот во Детроит на 25 декември 2009 година. Ал-Авлаки, исто така, контактирал и со мајорот Малик Хасан, лекар психијатар во американската армија, кој во 2009 година застрела 13 луѓе во воената база во Тексас.

Во средината на јануари 2011 година, јеменскиот суд во отсуство го осудил ал-Авлаки на казна затвор од десет години по обвинение за поттикнување на убиство на странски државјани и одржување врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Директорот на Националниот контраразузнавачки центар на САД, Мајкли Лејтер, го нарече ал-Алваки центар, најуспешните промотор на екстремистички ставови на интернет, притоа тврдејќи дека имамот може да претставува најголемата закана за американската национална безбедност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Federal Bureau of Investigation Washington Field Office (September 26, 2001). „Anwar Nasser Aulaqi“ (PDF). Fox News. Washington, DC. Посетено на 2011-10-01. Redacted documented obtained by INTELWIRE.
  2. Cardona, Felisa (December 3, 2009). „U.S. attorney defends dropping radical cleric's case in 2002“. The Denver Post. Посетено на December 7, 2009.
  3. Staff report (September 30, 2011). "Born in US, Al-Awlaki was his birth nation's sworn enemy." MSNBC
  4. Sullivan, Eileen; Lee, Matthew (July 16, 2010). „US-born radical cleric added to terror blacklist“. Fox News. Associated Press. Архивирано од изворникот на July 18, 2010. Посетено на July 17, 2010.
  5. Death of Anwar Al Awlaki Doesn't Solve Yemen's Problems – US News and World Report. Usnews.com. Посетено на 2011-10-01.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име inf.
  7. Orr, Bob (December 30, 2009). „Al-Awlaki May Be Al Qaeda Recruiter“. CBS News. Архивирано од изворникот на 17 January 2010. Посетено на December 31, 2009.
  8. Ahmed al-Haj and Donna Abu-Nasr (2009-11-10). „U.S. imam wanted in Yemen over Al-Qaida suspicions“. StarTribune.com. Associated Press. Посетено на 2011-09-30. Недостасува |author1= (help)
  9. Fox News staff (April 21, 2010). „Congressman Wants Radical Cleric's Citizenship Revoked“. Fox News. Архивирано од изворникот на April 26, 2010. Посетено на May 12, 2010.
  10. http://kajgana.com/ubien-eden-od-vodachite-na-al-kaeda