Бранислав Саркањац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранислав Саркањац (р. Скопје, 14 април 1958) — македонски филозоф, професор, социополитички аналитичар и колумнист од конзервативно убедување.

Биографија[уреди | уреди извор]

Саркањац е роден во Скопје во 1958 година каде што ги завршил сите степени на своето образование. По татко има српско и шокачко потекло од Барања, Хрватска, додека по мајка води потекло од Миравци, Гевгелиско и од Кукуш. Во 1987 година истражува во Лондон, во Британската библиотека. Во 1989 година е во Лајпциг каде што најмногу работи во Германската национална библиотека. Интересно е неговото сведоштво од Источна Германија во таа историска година. Како што вели самиот: „Целата 1989 година, во Лајпциг, Берлин и Дрезден го гледав подготвувањето на рушењето на Берлинскиот ѕид“,[1] Ги издвојува Серен Кјеркегор и Лудвиг Витгенштајн како мислители кои најмногу го одредиле неговиот начин на аргументација. Самиот укажува дека студијата на Даниел Канеман и Амос Тверски, од 1974 година, за тоа како луѓето донесуваат судови во услови на неодреденост, ја нашол најголемата поддршка во истражувањето на односот на поединецот спрема идеологијата. Бранислав Саркањац, заедно со Небојша Вилиќ и Бојан Иванов, се јавува како еден од иницијаторите и оснивачите на интелектуалната групација 359 степени – Мрежа за локални и субалтерни херменевтики чија основна цел е „пренасочување на императивните дискурси на Исток-Запад кон локалната сцена и нејзината локална прагматика“, како и „промоција на локалните и сопствените ресурси и нивно поставување“,кои не се во функција на западните интерпретативни методологии“ [2]. Денес Саркањац е редовен професор на Филозофскиот факултет[3] во Скопје каде ги предава предметите „Филозофија на политиката“, „Социологија на медицина“, „Социологија на здравјето и болеста“ и „Современи теории на управување“. Работел и како советник во македонската влада[4]. Активен е во локалната власт како советник и претседател на комисијата за образование во Општина Центар[5]. Неделниот весник Глобус го вбројува меѓу стоте највлијателни луѓе во Македонија [6].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Преводи[уреди | уреди извор]

  • Лудвиг Витгенштајн, „Јазикот и јазичните игри“ во: Иван Џепароски (приредил), Естетика на играта, Култура, Скопје, 2003.
  • Лудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Магор, Скопје, 2002 („Подарокот на Витгенштајн“ – предговор кон преводот).
  • Валтер Бенјамин, Задачата на преведувачот, објавен во LETTRE INTERNATIONALE 8, 1997, Скопје., стр.39-46. (превод од германски).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Идеологијата и поединецот“. Макавеј, Скопје, 2009.  Text "http://www.rastko.rs/cms/files/books/4c292ac54d2ba" ignored (помош); Text "(Предговор кон второто издание, стр. 12)" ignored (помош);
  2. „Sarajevske sveske NO 1. 2003“ (PDF). 
  3. „Институт за Филозофија - Наставен Кадар“. Институт за Филозофија - Филoзофски факултет. конс. 2009-11-20. 
  4. „Панде Лазаревски, Бранислав Саркањац и Жан Митрев, советници на Груевски“. Дневник. конс. 2009-11-20. 
  5. „С П И С О К НА КОМИСИИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“. Општина Центар. конс. 2009-11-20. 
  6. „СТОТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА“. Глобус. конс. 2008-09-23. 

Интервјуа со Саркањац[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]