Кофи Анан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кофи Анан
Роден 8 април 1938(1938-04-08)
Кумаси, Гана
Починал 18 август 2018(2018-08-18) (возр. 80)
Берн, Швајцарија
Познат 7. Генерален секретар на ОН
Деца 3

Кофи Атта Анан (8 април 1938 - 18 август 2018) — гански дипломат што беше седми Генерален секретар на Обединетите Нации. Тој е и првиот Генерален секретар кој е избран од редот на вработените во Обединетите Нации. Во 2001 година Анан беше еден од добитниците на Нобеловата награда за мир.

Кофи Анан е роден во Кумаси, Гана. Завршил на Универзитетот за Наука и Технологија во Кумаси и има дипломирано економија на универзитетот Macalester во Св. Павле во Минесота - САД. Докторските студии ги завршил на Институтот за Технологија во Масачусетс - САД.

Кофи Анан работи во Обединетите Нации од 1962 како административен службеник за буџет на Светската Здравствена Организација во Женева. Од тогаш работи во неколку тела на Обединетите Нации како на пример: УНХЦР, Економската Комисија за Африка итн.

Неговиот прв мандат како Генерален секретар на ООН започнал на 1 јануари 1997. На 29 јуни 2001, по препорака на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, со акламација му е доделен и втор мандат кој заврши на 31 декември 2006.

Кофи Анан течно говори Англиски и Француски јазик, а оженет е со Швеѓанката Нане Анан - адвокатка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]