Петар Стеванов Тофовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Проф. д-р Петар Стеванов Тофовиќ (Тетово, 3 февруари 1920 - Скопје, 21 јули 1990) бил македонски неврохирург и поранешен редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Го основал Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Македонија (1959)[1]. Негова сопруга била една од најголемите оперски певици во Македонија, Ана Липша-Тофовиќ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тофовиќ бил роден во Тетово на 3 февруари 1920 година. Се занимавал со невротраума и ја создал неврохируршката школа. Бил директор на Неврохируршката клиника од 1959 до 1984 година. Бил член на Европската асоцијација за неврохирургија. Бил и поранешен претседател на Македонското лекарско друштво[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Објавил над 80 научно-стручни трудови и две книги од областа на неврохирургијата.

  • Вовед во современа неврохирургија, Скопје, 1984;
  • Современа неврохирургија, Скопје, 1988.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2. 
  2. „Поранешни претседатели на МЛД“ (македонски). конс. 2009-10-27.